Читав денес за проблемов што го имам, можните причини и солуции, секако Морам да го однесам кај некој што повеќе се разбира во ова, само чисто ме интересираше колку финансиски ке ме операт, како и да е утре ке се јавам кај Драган па ке видам на што сум.
Обично од оуверхитинг доаѓа до ова, али работата е што сониво не беше упалено денес ни 5 мин и се сјеба одма, па ете дознав дека доста на нетов го имале истиов проблем, ваљда нема да го кантосам иако све си има свој рок на траење.
Очигледно не се занимаваш со електроника, бидејќи во спротивно би знаел дека дури и да и` нема спас на конзолата, сепак можеш да ја продадеш на делови, бидејќи сеуште има доста исправни делови кои можат да се користат како резервни делови.
Инаку, прегревањето не е секогаш фактор за некаков дефект, има уреди кои работат без никакви проблеми со години, па да не бидат користени подолг временски период и после првото вклучување после истиот тој подолг временски период, да се расипат после првите неколку минути или часови користење - бидејќи толку им бил пишан рокот на траење на некои од деловите.
Инаку, за риболинг вообичаено наплаќаат 1000 до 1500 денари, или максимум 2000 денари - што е тотално надвор од здравиот ум и разум, но со нашинциве се и сешто е можно.
Јас имам 19 инчен LCD монитор од LG стар повеќе од 7 години, кој доаѓа со сопствени звучници и вградена телевизиска картичка за да може освен за употреба со компјутер, да се гледа и телевизија на него, па дури и да се поврзе со видео рекордер, DVD плеер, BluRay плеер или било кој друг уред преку SCART кабел.
Откако се расипа мониторот во декември 2015, го однесов во Видео Дата за да го проверат и после 5 или 6 дена чекање им платив 300 денари за дијагноза за да ми кажат дека му нема спас. Но бидејќи се навикнав на мониторот низ годините, го однесов кај друг сервисер кој поправа исклучиво телевизори и монитори - можеби поправа и нешто друго од црна и бела техника, но домот му е полн исклучиво со телевизори и монитори - а истиот тој сервисер после помалку од 24 часа ми се јави за да ме информира дека успешно го поправил мониторот и дека можам да дојдам кај него за да го земам, и да му платам 1300 денари меѓу другото. И еве, мониторот одлично ме служи речиси месец дена откако тој сервисерот го поправи.