Не нагаѓав, само заокружив на цели вредности. Ако сакаш ќе направам пресметка и до трета децимала, ама нема да влијае на крајниот резултат и заклучок. И не се секирај, нема да се качува температурата со бесконечност
И повторно се фаќаш за ситници, а ја испушташ суштината.
А постовите внимателно ги читам, особено твоите, затоа што се полни со контрадикторности, затоа и реагирам. Забележав и дека вратата често ја отвораш, но истото се случувало и на почетокот на греењето кога климата работејќи со максимална јачина успева без проблем да достигне 24 степен и тоа за три часа.
Така да наместо да се потсмеваш со сите што добронамерно ти укажуваат дека „нешто не штима“, измери уште еднаш. Ете сега празници се нема мајстори, надворешната температура е блиску до идеалната за работа на климите, повтори го мерењето, затоа што
Според ова што го напиша, во најладниот месец просечната потрошувачката на греење ти била околу 3,3kW/h. Ако земеме дека било греено подеднакво во дневната и спалната, на дневната отпаѓаат околу 2,5 киловати. Дали само еден панел од 3 киловати успева да ја згрее дневната кога е најладно?
Ако не успева, нема ни тошибата да успее (RAS-22N3AV2-E/RAS-B22N3KV2-E1 ако е оваа таа) затоа што на ниски температури Ph е само 2,8, додека кај мицубишито од дилемата е 5,4, речиси дупло. Не знам кои им се цените, но јас дефинитивно би го одбрал Mitsubishi MSZ HJ71VA.