Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Па и не можам баш да се согласам. Јас напротив мислам дека најслаба карика во селекцијата веќе подолго време е голманот (одбраната и нападот јас би ги ставил на повисоко ниво). Ретко нашите голмани ги надигруваат противничките. Не дека не се случува некогаш, и Борко имал некои добри партии, но генерално многу почесто го губи голманскиот дуел отколку што го добива. Ако се исклучи лев бек кој реално моментално ни е најслаба позиција, голман дефинитивно е следниот најголем проблем. Особено ако се земе слабата минутажа на Борко сезонава, голманската позиција и тоа како ме плаши.

Одбраната еден период беше одлична, па потоа постепено почна да попушта за моментално да функционира на принципот топло-ладно. Одбраната на транзиција мислам дека во принцип постојано ја подобруваме. Пред 5-6 години не убиваа со контри некои екипи затоа што хаос беше враќањето назад - по 3 замени минимум напад -> одбрана се правеа и тие хаотично, некои не се ни враќаа назад - катастрофа. Сега е доста подобар тој аспект, иако е далеку од оптимален. Од друга страна позиционата одбрана има пад и има доста натпревари последно време кога ни создава многу проблеми. Особено големата неуиграност на релација голман - одбрана.

Во нападот е слична ситуацијта. Колку што е подобрена играта во транзиција, толку е влошена позиционата. Порано освен чиста контра во стил од 70тите не ни имавме игра во транзиција, сега е далеку подобро, ама од друга страна, со големиот пад на формата на Мојсовски се загуби убоитост во позициониот бавен напад, во ситуација кога на лев бек имаме шутери (Ф.Лазаров, а како што ми изгледа во Полска и Талески) кои немаат никаква контакт игра, а и реално ја немаат таа пробивност, ракометна интелигенција, шут под фаул во пад кои ги имаше Наумче во позиционата игра.
Ne znam kolku si vo pravo za ulogata na golmanite.
Barem vo onie pobedi sto gi imavme poslednite nekolku godini na golemite natprevaruvanja.
Ne pamtam koga sme tepale a golmanite da nemale zabelizitelna uloga.
So Avstrija na dva pati i na EP vo Danska i lani vo Katar tokmu golmanite bea odlucuvacki faktor,posebno na EP vo Danska.
So Tunis odlicno odbrani Borko.
Isto i so Ceska da ne zaboravam na EP vo Danska.
Bas od golmanite zavisime,ne tolku od odbranata,koja realno ne e takov tip na odbrana koja bi gi prinudila protivnicite na mnogu tehnicki greski bez da se ceka golmanot da intervenira.
Recisi sekogas potfrlala,posebno protiv tie selekcii koi igraat pobrz rakomet of nas.
Primeri eden kup Germanija pred dve godini(koga ne bea losi golmanite)so Slovencite totalno potfrlija itn.
Osven na EP vo Srbija kade imavme seriozna odbrana i se vadevme na timskata igra vo odbrana sekogas sme se bazirale na formata na golmanite.
Ako ne bea tie vo ritam imavme golemi problemi.
Bez gustina vo zona,bez cesti prekrsoci i prekini na igra se cekase od golmanite da imaat po 20 i kusur odbrani.
Ne odi toa taka.
A nastrana od toa sto Borko e tip na golman koj brani na DOGOVOR so blokot(blokot brani edna-toj druga strana).
Pa ako odbranata ne izraboti za nego tesko odi.
A za poziciite i jas se slozuvam deka po lev bek najslabi sme na golman,no stojam na mislenjeto deka golmanite ne se tolku klucni za nas kolku napadot.
Recisi sekogas koga sme imale razigran napad(kontra i igra so piker)dobro sme vrvele.
Toa najmnogu me zagrizuva,a kolku tolku ako ima salam defanziva Borko vaka taka ke go ima toj voobicaen prosek od 8-10 odbrani.
A spored mene i protivnivite i nivnata igra odat kon ocekuvanjeto deka odbranata i pred se golmanite ke resavaat.
Posebno na mecevite so Polska so koja imame dobra istorija i pred se so Srbite.
Tuka golmanite ke bidat glaven faktor.
Ke vidime kako ke odat rabotite.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.324
Поени од реакции
5.297
Абе сигурно уште од порано имале некој нерачистени сметки Дупјачанец-Брестовац, сега дури не беше тука Обрван, овај глумеше овде главен и чекаше момент, некој кикс на Дупјачанец и да го казни, односно да го отстрани од тренинзите...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.360
Поени од реакции
6.837
kako so kazva obrvan deka bez rezervi ke odi so 16 igraci spored mene ovie ke patuvat
golmani - borko i nikola
levi krila - manaskov i ojlevski
bekoj levi- naumce i F.lazarov
sredni bekoj pribak i mirkulovksi
denis bekoj - lazarov i mitkov
desni krila- gjorgievski i kostevski
pikeri -N markovski i stojance
odbranbeni- V markovski i jonovski
Не сум баш сигурен. Некако ми изгледа како да имаат некој потаен план да ги земат Талески и Пешевски.[DOUBLEPOST=1451350387][/DOUBLEPOST]
Ne znam kolku si vo pravo za ulogata na golmanite.
Barem vo onie pobedi sto gi imavme poslednite nekolku godini na golemite natprevaruvanja.
Ne pamtam koga sme tepale a golmanite da nemale zabelizitelna uloga.
So Avstrija na dva pati i na EP vo Danska i lani vo Katar tokmu golmanite bea odlucuvacki faktor,posebno na EP vo Danska.
So Tunis odlicno odbrani Borko.
Isto i so Ceska da ne zaboravam na EP vo Danska.
Bas od golmanite zavisime,ne tolku od odbranata,koja realno ne e takov tip na odbrana koja bi gi prinudila protivnicite na mnogu tehnicki greski bez da se ceka golmanot da intervenira.
Recisi sekogas potfrlala,posebno protiv tie selekcii koi igraat pobrz rakomet of nas.
Primeri eden kup Germanija pred dve godini(koga ne bea losi golmanite)so Slovencite totalno potfrlija itn.
Osven na EP vo Srbija kade imavme seriozna odbrana i se vadevme na timskata igra vo odbrana sekogas sme se bazirale na formata na golmanite.
Ako ne bea tie vo ritam imavme golemi problemi.
Bez gustina vo zona,bez cesti prekrsoci i prekini na igra se cekase od golmanite da imaat po 20 i kusur odbrani.
Ne odi toa taka.
A nastrana od toa sto Borko e tip na golman koj brani na DOGOVOR so blokot(blokot brani edna-toj druga strana).
Pa ako odbranata ne izraboti za nego tesko odi.
A za poziciite i jas se slozuvam deka po lev bek najslabi sme na golman,no stojam na mislenjeto deka golmanite ne se tolku klucni za nas kolku napadot.
Recisi sekogas koga sme imale razigran napad(kontra i igra so piker)dobro sme vrvele.
Toa najmnogu me zagrizuva,a kolku tolku ako ima salam defanziva Borko vaka taka ke go ima toj voobicaen prosek od 8-10 odbrani.
A spored mene i protivnivite i nivnata igra odat kon ocekuvanjeto deka odbranata i pred se golmanite ke resavaat.
Posebno na mecevite so Polska so koja imame dobra istorija i pred se so Srbite.
Tuka golmanite ke bidat glaven faktor.
Ke vidime kako ke odat rabotite.
Мене ми се чини дека баш заради ова што го раскажуваш ја побиваш таа теза дека голманите не ваделе. Во принцип со поголемиот дел од ова јас се согласувам, ама според мене тоа е доказ за спротивното.

1. Ако гледаш обратно, скоро сите тие натпревари кои сме ги изгубиле, сме ги изгубиле заради тоа што голманите или ништо не фатиле или биле далеку послаби од противничките. А реално ретко кога сме победувале репрезентации подобро рангирани од нашата во овие 5-6 години на подобрена репрезентативна игра. Се само сме се ваделе на послабите. Во многу повеќе натпревари противничките голмани имале подобар учинок отолку нашите во однос на обратната ситуација. Тоа по некоја логика е потпросечен голмански учинок во однос на конкуренцијата (за на првенствата пред се зборувам).

2. 8-10 одбрани само по себе ништо не значи. Едно е голманот да фати 10 топки од 20 шута кон голот, друго е да фати 10 топки од 40 шута. Се зависи од темпото на натпреварот. Ако е брзо темпото со под 13-14 одбрани нема шанси да се победи освен ако противничкиот голман е катастрофа. Ако е многу бавно може. Но според она што е тренд во последно време, темпото скоро никогаш не е многу бавно. Дури ни нашите не го умртвуваат до толку како порано туку играат нешто побрзо.

3. И самиот тип на одбрани е многу различен. Едно е да одбраниш 5 зицери во тие да речеме 10 одбрани, друго е ако скоро сите одбрани ти се на изнудени удари од неизградени позиции на противникот. Тие топки во најголем дел не ни смеат да ги примаат голманите со оглед дека одбраната си ја завршила одлично работата. А и самиот знаеш какви голови прима Борко особено...

4. Штета е што ЕХФ, ИХФ, РФМ итн се очај со постоењето, чувањето и пристапот до статистички информации па премногу работа а можеби и невозможно е да се провери дали нашите голмани воопшто некогаш имале преку 20 одбрани на првенство. Во квалификации можеби се случило, ама на првенство не ми текнува. Евентуално таа против Австрија која ја цитираше (можно е Борко да имаше точно 20).

5. Обично за време на првенствата пробувам да ја пратам таа статистика, според процентот на одбранети удари нашите голмани никогаш не биле при врвот. Напротив обично се или на средина или нешто под просекот. Борко е редовно околу 15то место ми се чини (од околу 30тина голмани кои вообичаено добиваат солидна минутажа на првенствата). Епа со таков учинок да не се лажеме и Франција нема да освои титула. Без јак голмански пар нема пласман на првите 5-6 места на ниедно првенство. А кај нас редовно се барат виновници зошто не е направен таков исчекор. Епа тука лежи зајакот. Замени го Борко со Штербик и Македонија веднаш е можеби кандидат за медал. Ама со Борко ќе си бидеме 10-14 место на ЕП.

6. Точно е дека кога сме имале разигран напад, контра и игра со пикер сме победувале. Но тоа сме го имале најчесто против послабите екипи - послаби одбрани, како и кога одбраната и голманите си ја вршеле работата. Без добра одбрана и голман не може да има добра игра во транзиција.

Поентата ми е - без поголем учинок од голманите во просек (а не на секој трет четврт натпревар) едноставно Македонија не може да се надева на некој поголем успех па макар и фантастично ни одигра екипата во позиционен напад. А кај нас веќе секоја година се створа мислење дека мора да се оди на поголем успех.

П.С. Дај боже Борко да ме демантира и се разбрани на првенството но тешко веројатно...[DOUBLEPOST=1451350452][/DOUBLEPOST]
Абе сигурно уште од порано имале некој нерачистени сметки Дупјачанец-Брестовац, сега дури не беше тука Обрван, овај глумеше овде главен и чекаше момент, некој кикс на Дупјачанец и да го казни, односно да го отстрани од тренинзите...
Искрено и мене така ми мириса...
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
@Xsago
Во право си...
Токму таа неконстантност кај Борко е најголемиот проблем..
Еден меч го имаш,два меча спие па потоа пак се разбудува...
А за селекција со лимитиран потенцијал,особено на гол линија е недозволиво да немаш голман кој би те извадил од тешка ситуација..
И не е само бројот на одбраните клучен,туку процентот на успешни одбрани,џабе се и 20 одбрани да има,ако процентот му е под некое прифатливо ниво од 25%...
Истиот проблем е(или беше)со Диви,уште од времето во Пелистер..
Ако отвори добро е супер,ако не не го барај...
Врвен голман сме немале во репката уште од времето на Шандор Ходик,кој за жал се задржа само неколку години на репрезентативната сцена...
Голман кој знаеше да има преку 30 одбрани за нас...
На директен дуел со Португалија за пласман на ЕП во Италија 97,Ходик имаше точно 30 одбрани и не однесе за прв пат на еден голем собир...
Пред тоа во Кале го тепавме олимпискиот шампион Хрватска...
Да не должам,ни фали еден голман од калибарот на Ходик,Станиќ и слично,голман кој би ја извлекол селекцијата кога нападот е вон-форма...
Реално и Борко и Николче и Дупјачанец се просечни голмани(барем споредено со голманите од еден европски самит на најдобрите голмани)
И да не се повторувам пак,уште од СП во Хрватска кога започна подемот на нашите мака мачиме со таа НЕКОНСТАНТНОСТ..
Не само кај голманите,туку општо и во целата игра..
Посебно кај тие играчи кои треба да се back up за Кире,како Мојсо,кој имаше две лица,едно во Металург,сосема спротивно во црвено-жолтиот дрес,еден меч одличен 10 гола,3 меча не го барај...
Сме знаеле да чукниме 36 гола на една Русија,да ја тепаме Полска(twice)а да не можиме да го видиме голот со Германија,Норвешка,да примиме 30+ парчиња од Словенија итн...
Сите овие првенства редовен проблем ни е тој,таа форма која варира топло-ладно,и баш кога треба најмногу да покажиме се губиме..
Значи и малиот ростер на квалитетни играчи кои можат да ја направат таа разлика помеѓу пораз и победа...
Против Чешка,Австрија успевавме да се провнеме,ама секогаш кога ни се испречувале сериозни противници пред нас,пред се во нокаут фазата сме паѓале како скапани круши на предизвик....
Психолошката нестабилност,притисокот од јавноста,нереалните амбиции,преценување на сопствените капацитетите,потценување на противниците итн,ова се фактори кои не доведоа од состојба кога бевме 5ти во Европа,од кандидати за ОИ,до селекција која реално е во третиот ешалон на европски селекции..
Толку заради тие повремени блесоци и нереални амбиции се доведовме до ова дереџе....
Да не знаеме шо да очекуваме од селекцијата....
Кои се нашите вистински можности?
А уште од подготовките во УМАГ сериозно се наметнуваат проблемите околу тој ростер кој ќе оди на ЕП,,
И кои ќе бидат тие 16 "најподготвени?"како шо ги нарече Ивица...
Зарем еден Мојсо треба да е во таа клапа на подготвени?
Јас не би вметнал тука ниту Фичо Лазаров?Но кога немаме друг на лагер,јебига...
Исто и за браќата Маркоски,кои се ептен паднати во форма,и пред се на психофизички-план,не знам колку би ни бркале работа овие двајца..
Ама кога гледаш дека нема замена,односно има,ама таа се вика Милорад Кукоски и Жаре Пешевски јасно е колку е сатот...:popce:
Кукоски е солиден дефанзивец,ама не е на нивото на Велко,макар и ваков Велко,за Македонска лига е ОК,и за СЕХА,ама за ЕП тешко..
Нема тежина за халф,посебно не за борба со тие високи и снажни пикери на противниците,за 2и5ка би бркал работа,ама би отпаднал Митков во тој случај,а 3 дефанзивци во ростер од 16 играчи е премногу...
Жаре е ист тип на играч како Столе,а ако се оди само со два пикери нема шанси Никола Маркоски да отпадни од список,посебно не зошто е играч во двата правци...
Ама со оглед колку сме отепани на бек,и неаме шо да понудиме,подобро на местото на Мојсо нека оди Жаре,барем ако го немаме вистинскиот Столе да имаме каква таква замена за напад....
Против Франција не се надевам на апсолутно ништо,против Полска единствено позитивно е шо имаме 2/2 против нив на големите натпреварувања,па се бива со нив..
Со Србија,се е кажано..
Ќе видиме,нека се исфилтрира ростерот,нека ги изиграат тие пријателски па да видиме до кај сме...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.360
Поени од реакции
6.837
Генерално и јас ги имам повеќе или помалку истите стравови.

Особено ме плаши формата на Борко, Филипче и Столе. 100 минути цела сезона дали имаат изиграно а треба да се главни алки во репрезентацијата. Па и Манасков не се изнаигра. Еден Талески има поголема минутажа во ЛШ од сите тие заедно.

Подготвителните реално ни се очајно потребни. Не толку дека треба да победиме на нив (нема да биде страшно и сите да ги изгубиме) или дека нешто којзнае што ќе научиме, колку што им е потребна минутажа на голем дел од играчите. Потребни им се сериозни противници, а што е право Словенија и Црна Гора се по мерка - учесници на првенството, силни но не пресилни.

Што се однесува до составот мене ми се чини дека има само 2-3 дилеми, се друго е познато.

голмани: Ристовски / Митревски
леви крила: Манасков / Ојлески
десни крила: Георгиревски / Костески
десни бекови: К.Лазаров / Митков
средни бекови: Миркуловски / Прибак

Овие 10 позиции се горе долу сигурни. Лично сметам дека треба Дупјачанец да добие предност пред Митревски но некако скептик сум.

Е сега на лев бек Ф.Лазаров е сигурен, а битката е меѓу Талески и Наумче. Се ми се чини дека Обрван не се заебава и навистина има намера да оди со Талески на првенство а да го остави Мојсоски дома. Ќе видиме. Во секој случај од нив двајца еден оди. Двата сигурно не.

Другата дилема е пикерите и одбранбените. Намерно ги ставив заедно бидејќи можно е да се преклопуваат. Јоновски е ми се чини единствен сигурен тука. Стоилов би требало, но само по услов да е стварно опоравен и во форма. А искрено не сум баш сигурен дека ќе биде така. Е меѓу браќата Маркоски и Пешевски се бараат последните два патници. Пешевски и Стоилов, се согласувам со @Tomasino нема логика да се и двата повикани. Но од друга страна можеби постои можност Никола Маркоски да му биде партнер на Јоновски во одбрана, па да се оди со 3ца пикери и само Јоновски специјалист дефанзивец.

Даскаловски, Кузмановски, Велковски и Кукоски ми се чини дека се повикани за да бидат спаринг партнери, да се уигруваат за во иднина и за да бидат физички спремни ако не дај боже има повредени битни играчи. Реално не се во конкуренција за патување во Полска.

Генерално од помладите освен Костески кој 100% ќе биде во тимот, ми се чини дека Обрван е сериозно загреан за Талески и Пешевски. Дали до таа мера за некои староседелци да ги остави дома ќе видиме...

За противниците:

Полска во принцип ни лежи, но дома се многу опасни. Искрено не очекувам многу од тој натпревар. Полјаците се фаворити и за медал според мене. Во секој случај имаат некои повреди па ќе видиме како ќе се вклопи екипата. Мака мачат на среден бек, а без среден бек не се игра врвен ракомет денес. А и Шмал некако не е тоа што беше. Ако не му оди, ќе имаат проблем.

Франција и со трет тим да дојде ќе биде фаворит против повеќето репрезентации на првенството, и никогаш ама баш никогаш не смее да се потценат, но искрено мислам дека овојпат има шанси да потфрлат. Дури мислам и дека со оглед дека ни се првиот противник имаме шанси за големо изненадување тука. Ги бранат сите три титули, обезбедена Олимпијада... Во иста ситуација беа пред 4 години и завршија 11ти. Сега плус осакатена им е бековската линија. Ако се остварат најавите ќе останат буквално да зависат од Карабатиќ и Нарсис премногу. Тоа може да биде проблем колку и да се добри. Со повредени Акамбре, Нгесан и Гребиј на лев бек и Бараше и Њокас на десен ептен се осакатени. Ќе пробуваат со Порт на десен и Мае на среден претпоставувам како поддршка за Карабатиќ/Нарсис - и да не се лажеме и вака ќе бидат многу јаки - но тоа не е тим кој така лесно ќе гази. Ептен им е скратена длабочината. Кога ќе земеш предвид дека Французите секогаш слабо стартуваат и постепено ја подигаат формата... тука е шансата на Македонија за некој украден бод :)

Со Србија не знам што да кажам. Србите со доста подмладен состав и вампирот Станиќ :D. Таман колку да те залажат а уствари пак се јаки. Или ќе добиеме висок пораз или лесно ќе ги добиеме. Измеѓу ми се чини нема. И нашите не се стабилни, а нивните се можда и полоши. И кај нив главен прашалник е средниот бек - пред се од онаков брз пробивен тип, разигрувач. Нешто пробува Периќ во таа насока, ми се чини дека му е јасно но којзнае што ќе биде... Буре барут се и тие. Навистина тешко да се прогнозира. Ако нашите и најмалку опуштени влезат не чека жешка шлаканица. Но ако се сериозни, ми се чини дека не треба да се плашиме од оваа Србија и во најмала рака сме рамноправен противник, ако не и благ фаворит.

П.С. Знаејќи ги нашиве, нема да ме чуди воопшто ако ја тепаме Франција е изгубиме тешко од Србија и завршиме како 4ти во групата заради послаб меѓусебен дуел.
 
Последно уредено:

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Srbija-Romanija 30:30

Spored mene ,Dupjacanec>Mitrevski.I da ne mu e denot,pogramaden e,pa ima pogolemi sansi da odbrani nesto.Mitrevski e kako ververica ,samo preta i nisto ne pravi.:icon_mrgr:Podobro neka go probaat,otkolku da odat na proveren nekvalitet aka vecniot talent Nikolceta Mitrevskog.:pos:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
И Полска изигра две пријателски, вчера и денес, победи со Украина 29 - 19 и со Чешка 37 - 33.

Ова стрелците со Украина, за со Чешка немаше на официјалната.

POLSKA: Wyszomirski, Szmal – Lijewski 4, Krajewski 5, Bielecki 1, Wiśniewski 2, M. Jurecki 4, Konitz, Gliński, Masłowski 2, Syprzak 2, Daszek 4, Gębala 1, Łucak 1, Przybylski 3, Szyba, Chrapkowski.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Митревски е жива комедија, вечити таленат. :)
Не дека и Дупјачанец е нешто посебно, но барем бранеше одлично во ЛШ понискиот ранг, додека пак Николче дели минутажа во ебеното португалско првенство, но штом не е пофален од медиумите дека "носел" победи за Бенфика, ништо чудно да е и само отварач на шишиња вода таму.
Така да тоа место мора да биде за Дупјачанец, или пак Даскаловски кој што е прв голман во Романија и бележи добри партии, подобро нему нека му дадат шанса одколку овој циркузантот.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
http://www.balkan-handball.com/evropa/37611/
Само вака нека продолжат браќата..:zloo:
Посебно наркичот,па да си ги шлакниме фино лепо....
Тие нас ќе ни запираат шлепери на граница...:pos:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Србиве или вака „реновирани“ ќе се откровение конечно или ќе го изедат од сите, нема средина... поверојатно е второво.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Нема шанси да се некое изненадување, далеку се од тоа. Тешко дека имаат состав за изненадување со Полска и Франција, за со нас ќе покаже времето да видиме како ќе стартоваме и ние, мада јас се плашам дека и од нив ќе го јадеме.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.324
Поени од реакции
5.297
Нема шанси ова орката Талевски да го земат пред Мојсо, па и сакат да е Мојсо, со 1 нога да игра и со 0.02км/h да се движи на паркетот ќе биди пред Талевски во секој случај. Искусен е Номче, многу натпревари има поминато, без разлика сега шо игра во Романија. На Талевски кога ќе му излезат мажиштата од Франција ќе се подмочнува в гаќи секој напад....
Мене се ми оди мислата дека Обрван ќе оди со 3 пикери: Жаре, Столе и Марковски ќе ги земи....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom