Се сложувам со се што пиша во право си. Само ова малце ме замисли, не дека не е така, стварно со појака лига би имале и поголема шанса да направиме добри играчи ама па од друга страна еве ги Србиве и Хрвативе немаат некои јаки лиги ама секогаш вадат играчи. Еве они се повеќе народ од нас и на пример они нека вадат 5 играчи годишно, ние барем двајца да вадиме. Муабетов ми е дека да јака лига прилично ги зголмеува шансите за добри играчи но најверојатно не е ни пресудно тоа. Изгледа дека и други работи треба да се средуваат.
Кај нас оваа сезона е барем за едно скалило појјака лигата,ама џабе е,кога нема некој ефект,и не се осеќа разликата...
Србите имаат каде каде појјака лига од нашата,можеби немаат квалитет на рангот на Вардар,и Металург на времето,ама има доста сериозни(под сериозни мислам на екипи кои имаат некој квалитет,талентирани играчи,но немаат амбиции за меѓународна сцена)
Ова се тимови кои во секој момент би можеле да ги ишлакаат нашите петпарачки тимови од Прва Лига,.тимови како Охрид,Работнички,Прилеп,Струмица...
За Металург не сум сигурен до кај е,најверојатно е над нивото на сите српски екипи,освен можеби од Војводина...
Екипи како Звезда,Слога Пожега во последно време сериозно работи,тука се Раднички Крагујевац,Металопластика беа добри до лани,беа во финале на Челинџ,ама ги снема и нив(изгледа толку од спонзорите) се далеку понапред од нашите екипи во секој поглед,и услови за тренинг и се...
И шо е најважно не се
КОПУЧАТ како нашите екипи кои бараат инстант успех,а се распаѓаат како кула од карти...
Си имаат млади школи,си продуцираат свеж потенцијал и вадат играчи тоа е најважно,зошто пред се имаат неколку работи шо ние ги неаме-
систематска работа со децата,ниво на тренинг и давање шанса да се докажат,,
Кај нас секогаш приоритет имаат некои петпарачки странци пред Македонците,а кога ќе секнат парите тогаш ќе се сетат на Македонците ама веќе е доцна,кога ќе му дадат шанса играчот има 20и кусур години,нула самодоверба,нула искуство зад себе,слабо ниво на тактичка подготовка со прва екипа...
Е во Србија,а посебно во Хрватска е друга песна,таму ретко да припари странец,а ако се напрај некој исклучок и да донесат странец тој е од земји блиски до ова поднебје,и треба да е навистина талентиран,пример Вуко Борозан кој од Карловац дојде во Металург, за да добие шанса,макар играл во една лига како Хрватска.
Е сега идиме до Хрватска,овие се мајстори...Зошто?
Зошто имаат развиено таков систем на работа на кој можат да позавидат и далеку поразвиените ракометни земји..
И нон стоп вадат нови деца.и тоа какви деца,се работи турбо во школите,од најмала возраст,ама турбо се работи-прво и основно-
техника,контрола на топка,ДВИЖЕЊА НА ИГРАЧ,моториката е најважна..
Ова за нашите ТАЛЕНТИ е мисловна именка,нема меч да не направат по неколку пробивања и да ја заборават топката...
Баш од тие мали клуб-чиња ги вадат тие нови деца-најсвеж пример Домагој Павловиќ,пред тоа Степанчич,Мандалиниќ и компанија..
Сите овие се деца од
ВНАТРЕШНОСТА,играчи кои поминале низ еден куп филтри,дошле до завршниот филтер РК Загреб,па после таму се одделуваат дали ги бива или не?
Ако ги бива ете им најдобра шанса да се турнат и до селекција,па потоа и да се шитнат надвор..
Е така се работи...
И тие немаат јака лига,се е решено таму,освен Нексе сите други екипи се речиси без амбиции,ама си работат интерно,на развој на млади деца,на промоција на ракометот,и од тоа фајде гледа цела држава...
Едноставно национална стратегија е на Хрватска овај систем на работа,и навистина турбо работат,секоја сезона излегува по едно супер талентирано детиште..
А ние гревчињата шо работиме?
Од таа толку фалена академија на Левче шо видовме?
10 и кусур години демек работат а одвај неколку просечни играчи излегоа..
А демек држат школи низ цела Македонија..
Шо работат во тие школи?Дале по едно рало тренерки,испечатено Макстил на нив,стегнале тренери од калибарот на Гоце Макалоски-Макало
кој шета низ Прилеп како паун со тренерки Металург
...
А играчите кај се?Имаме нешто извадено,не сме свесни колку сме назад,и дека ништо неаме на лагер,таленти од калибарот на Дарко Џукиќ кој од Крагујевац дојде и стигна до прва постава на Србија,а овие нашите вечни таленти требаше да чекаат да се распадни Металург за да добијат по 10 минути...
Па за 10 години требаше да ораат во прва постава на Металург....
Се фали Чевларот,
ги спасила академијата,
мој ги спасила,ако не го земеа Божовиќ,и да го враќаат на стари години неоткриениот талент Дупјачанец ќе видевме дебакл од академијата..
За во наша лига и со академијата можеби ќе дотуркаа до плеј офф,ама ќе ги ишлакаше лесно четата на СЕР МАЦ или Работнички со уште некое Србинче од калибарот на Вања Илиќ и толку ќе беше...
Без сериозна работа нема млади играчи,џабе е се....
Овде кај нас школите служат како полигон на некои екс -ракометни звезди кои не успеале како тренери во сенироски екипи, за лупење пари на од родителите на децата,да им земаат пари за чланарини,тренерки и слично,да ги однесат на некое турнирче во соседна Грција каде шо се игра аматерски ракомет и чекаме играчи да извадиме?
Допрва следува цунамито на машкиот ракомет,последниот Мохиканец во колективните спортови,не сме свесни дека за некоја година ЕП,СП ќе си гледаме само на ТВ...
Додека е Кире тука и има желба да ги држи заедно овие ќе се држиме некако,додека не ни падни некоја сериозна селекција во бараж,ако го изгубиме фаворитското место во ждрепка и добиеме селекција во бараж која не се вика Австрија,Грција,Португалија е тогаш на здравје..
А дотогаш ќе се фалиме дека сме ракометна земја и дека "продуцираме играчи"...
Туку ептен забегав оффтопик,и така е вакум во селекцијата,додека го чекаме Ивица од одморот за Благдан..
Од понеделник треба да следат вистинските подготовки,да се приклучат сите,да се реши статусот на Дупјачанец и да се чека Нова Година,па после на пресметките со Словенија и Црна Гора да видиме до кај сме....