Мое мислење е дека грешиш. Ти ги мешаш поимите
„ефикасност“, и „количество
предадена (топлинска) енергија“. Се разбира дека брзината на протокот на воздух низ изменувачот, го зголемува количеството на топлина што е пренесено (во воздухот). Иако ефикасноста на пренсот се менува со брзината на протокот.
Според твојата теорија, и намалување на протокот на воздух (дувањето) - исто така нема да влијае на количината на предадената топлина.
Теоријата вели дека не си во право, праксата исто така.
Пример, компјутерските вентилатори (тие што се контролирани) - зошто забрзуваат кога компјутерот процесира позахтевна работа? Затоа што повеќе дување не значи подобро ладење на процесорот? Или затоа што повеќе дување ЗНАЧИ баш подобро ладење на процесорот?