Единствено што е полошо и победно од лагата е полувистината и лажната надеж. Поставувањето на работите на овој начин, не само што е погрешно, туку и премногу површно и провидно. Значи од чисто аргументуран дијалог каде се соочуваш со очигледен факт дека е неможно еден ист концепт да биде подложен на толкување од една страна а истовремено да биде единствен одговор од друга, се обидуваш дијалогот да го генерализираш и да го занемариш, носејќи го во сосема друга насока. Премисата дека светот е бесмислен за човековото разбирање, и поради тоа човекот мора да најде утеха па дури тогаш концептот за светот да има смисла е крајно детски и смешен. Од кога законите на универзумот се подложни на човековата потреба да најде утеха и смисла?
Она кое го напишав БЕА ЗАКОНИТЕ НА УНИВЕРЗУМОТ, барем една сфера (животинскиот свет) затоа што нема простор за се да се напише и проучува овде. Тие закони површно погледнати се разочарувачко безнадежни за секое суштество. Христијанството дава нивен подлабок поглед и открива вистина во која има и надеж и светлина. Ако не се подложни на „човековата потреба за утеха и смисла“, тогаш зошто разговараш, Зошто објаснуваш, зошто негираш?
Ако нешто за тебе нема смисла и не ти дава утеха, тогаш неможе да биде вистина?!
Ако нема смисла и утеха ќе вреди ли да се живее? Ако ти немаш смисла тогаш жив или мртов би ти било сеедно. Зошто тогаш сеуште живееш?
Ги проучи ли сите останати теолошки и филозофски гледишта, правци и учења за да можеш да тврдиш дека единствено христијанството е тоа кое нудело светлина?
Во целина да сум ги проучил и воопшто не е нешто сложено. Само Библијата е како ѕид кој тешко се пробива, другите со 2-3 прочитани книги и се пробива во нивната суштина. И она кое не си го прочитал правилно се претпоставува и кога ќе го сретнеш, гледаш дека правилно си претпоставил и добиваш доказ дека тоа учење ти било сфатено.
И за крај, првичната поента на дијалогов беше дека за нешто да може да се смета за доказ кој е сеопфатен, неможе во исто време да биде и единствен одговор и подложно на толкување....Ако е единствен одговор, тогаш нема што да се толкува затоа е единствен, очигледен е! Ако е предмет на толкување, неможе да биде единствен, бидејќи одговорите т.е заклучоците се различни.
Јас не те разбирам како едно глупо тврдење го издигнуваш како несоборлива логика. Прво ако читаше внимателно пишував за
очигледност и
самоочигледност. Очигледното е подложно на сомнежи и претпоставки, самоочигледното не дозволува да се оспорува. Вистината на овој свет му е дадена на очигледно ниво, а не на самоочигледно ниво. Така никој не може да се правда зошто не верувал во Вистината кога била очигледна, а не е принуден на неа.
Сеопфатниот доказ, во себе има подсфери. Луѓето може да се сомневаат поради пониските закони кои постојат во подсферите. Тие може да бидат обземени од пониски закони (сили, енергии) и да ги третираат како врвни божествени..., божји..., Бог. Со оглед на функционирањето во нивната сфера ќе им изгледаат живи и докажано потврдени. Од таму идат споровите затоа што потпаднатите под разните сфери едни со други ќе се спорат. Но секој од нив и во својата сфера ќе има недостатоци и нефункционалност но посебно во другите сфери ќе покажува недостатоци затоа што иако произлегува од врвниот кој всушност и е негов извор, тој е смален, а и попримил нечистотија при надворешното дејствување. Но кога ќе се бара повиск и повисок закон (сила, енергија) тој ќе опфаќа се повеќе сфери. Кога биде допрено до врвниот тој треба себе си да се докажува секаде и совршено да се поклопува во целината на сите сфери.
Затоа интегралниот доказ може и Е од Бог обезбеден за сите суштества кои го бараат. Тие самите не се способни, но Бог како семоќен им го преработува на секој на негов начин за да му биде достапен за разбирање.
Христијанството има илјадници фракции и за секоја од нив, другите не се христијанство. Како ние од надвор да знаеме кој е тој единствен одговор? Православие? Протестанство? Католицизам? Методизам....? Сите за останатите тврдат дека се во заблуда, а сите како единствен доказ за својата "вистина" го имаат само сопственото убедување и толкување дека баш тие се во право а не останатите. Тоа е случај кога сопственото толкување и разбирање се промовира како апсолутна вистина.
Така треба да биде.
Вистината е ултимативен императив. Барај, копај. Не е проблем што се спориме, ако тоа го правиме на академски начин и ако совеста ни е чиста. Проблем е ако своето убедување сосила или со заведување му го наметнуваме на другиот или ако во себе не веруваме во она кое го кажуваме или пак знаеме дека другиот е во право ама од навивачка тенденциозност, суета не се сака да се признае вистината.[DOUBLEPOST=1450020703][/DOUBLEPOST]
Ајдее кај ја отервате работата. Абе добро имате други теми за докажување дали постои или не. Дај прочитајте го уводниот дел на темата. Овде е тотално небитно дали постои или не. Мислам дека во уводниот дел многу добро објаснив што е целта на дискусијата а тоа е најмалце дали постои или не, туку за моралните дилеми на еден закоравен верник кога хипотетички би се нашол во ситуација да неможи да го побие фактот,доказот или што и да било тоа дека неговиот бог или неговата религија е лажна и цел живот живеел во заблуда. Намерно нагласив дека доказот што и да било тоа сами нека си го претпостават. Големите верници намерно се земени за целна група баш затоа што нивната логика на размислување не дозволува сомнеж, но сепак се луѓе и како би реагирале кога сомнежот еден ден хипотетички стане вистина. Кога нивниот систем на вредности е неповратно разрушен и немаат повеќе на што да се потпрат. Тоа е работата, тоа сакам да го прочитам од нив, што потоа , а не дали постои или не или дали нивната религија или бог од денешен аспект е точна или вистинита пошто однапред се знае одговорот на тоа посебно од верник. Инаку немаше да биди верник нели ?
За себе дадов одговор на твоето прашање. Ќе повторам: кој и да е доказ кој неоспорно ја срушува мојата верба во Бог како православен христијанин. Внимателно и до КРАЈ ќе го испитам доказот, ќе почекам да се докаже, да не е демонско заведување или било што. Ако остани вистина, која не е наведена и предвидена во мојата Вера, тогаш ќе побарам што е најблиску до вистината според сознанијата кои тогаш би ги имал. Совеста би ми била чиста, верувам врз основа на она кое го знам.
Владе ти не одговори: зошто ти е ова прашање? Што сакаш со ова да научиш? Зошто да не ги градиш ставовите врз основа на она што е, отколку на она кое може да биди? Вистинскаата вистина во некој облик му е секогаш достапна на луѓето. И пред 5000 години и денес вистината е достапна за човекот кој ја бара. Големите научни откритија не придонесуваат многу во потврдување или отфрлање на теизмот. Бидејќи на секоја отворена врата, зад неа ќе се отворат 10 нови можни од кои едни ќе бидат за други против теизмот.