Те цитирам : ,, Последично: ако нема доказ за Божјото постоење, значи дека Бог не постои. ,,.
Прво ти дај ми доказ дека постои, па потоа јас на основ на тоа ќе ти возвратам. И да , науката била во заблуди, но потоа се корегирала и се побивала сама со себе, за разлика од религијата.
Ќе ти изнесам целосно несоборлив доказ.
Единствен несоборлив доказ е интегралниот доказ.
Доказот кој спојува се. Ако има Бог, за да немаат луѓето оправдување, Тој е должен (според неговите правила и природа) да обезбеди целосен интегрален доказ. Се што е лага, може да ги мести нештата но не може да намести се. Само Бог е способен да го обезбеди интегралниот доказ и само со интегрален доказ Тој би се оправдал и докажал како Бог.
Ако ти треба доказ, и ако си сериозен во барањето на доказот за Бог, прочитај ја внимателно Библијата и провери ја колку е точна и комплетна во својот концепт.
Од којзнае кога се пренесувале усно знаењата за Бог и тие се дополнувале со историјата на новите настани и сведоштва. Од Мојсеј натаму истото било запишано за она што се пренесувало усно дотогаш и она кое се случило во негово време. Од Мојсеј натаму низ стотици, илјадници години се појавувале или биле избирани разни пророци, свети луѓе, пратеници кои дополнително откривале и запишувале нови објави од Бог и за Бог. Секој од нив што запишувал по нешто и сето тоа се собрало во книгата позната како Библија. Но и настрана од Библијата има многу други преданиски знаења од минатото како и од блиските времиња.
Како е можно низ толку време да се појавуваат нови и нови луѓе со сознанија конзистентни на претходните, со пророштва кои се исполнуваат цело време до ден денешен. Луѓе и настани испреплетени во меѓусебни најави и дополнувања. И во текот на мојот живот знам за предвидувања од свети старци кои совршено се исполнија.
Така ако ја погледниш целата светска историја и старите божества, големите империи, постоењето на другите вери, сите настани... погледнати низ призмата на христијанството имаат заокружен сеинтегрален поглед, зошто и како се случиле. Истото поткрепено и наназад и нанапред од почетокот до крајот во есхатонот на времето.
Ако има Бог само таков доказ е валиден и само Бог можи да обезбеди таков доказ. Кај исламот има само една објава, ненајавена од претходно од никого и тука се завршува се. Додека Библијата се градела со милениуми.
Која друга вера или човечка концептуална идеологија тоа може да го даде како доказ. Јас добро го фатив комунизмот и знам како се од природни науки, филозофии, па и математика и физика се обидуваа да ги интегрираат во заокружен концепт. Бидејќи вистината мора да биде комплетна за да биде вистина. Но дупките беа огромни, одредени историски настани и периоди свесно беа забранувани да се изучуваат бидејќи го соборуваа наметнуваниот светоглед.
Ете ти го доказот што го бараше: во целата библиска историска епопеја развивана низ илјадници години. Си сретнала за друго живо себедокажување кое се гради и трае така долго. Може ли човек тоа да го намести, склопи, одржува и развива?