Додека вие тука ја труете темата и се правите паметни 2 ца угледни навивачи од ФА се во затвор последниов месец ради тоа залижаното педерче, и не само 2 ца последнава година ги затвои сите најјаки момци, сите кои имаа почит.[DOUBLEPOST=1445984580][/DOUBLEPOST]
Добро би било да си ги провериш информациите убаво пред да пишеш нешто. За некои работи можеби си во право, но за повеќетто си грешка.
Прво, тој што збориш за покажување на среден прст, воопшто не беше така. Доколку има снимка Ф.А од тој натпревар би те замолил да покажеш што точно се случило.
По мене најлошата работа што се случи тогаш не е што го пцуеа Ивица, туку што таа мала група што беше тогаш пееше и против играчите, што незнам дали некогаш се има десено претходно?
Некој опасно манипулира со членовите на групата. Причината веројатно некогаш и точно ќе се дознае. Јас сум против тоа што им се пишале пријави на тие лица без разлика што направиле, али од друга страна ми е несфатливо една таква моќна група (како што изгледаше Ф.А) со 600-1000 гратис карти кои им беа давани од клубот за секоја утакмица, а истите беа продавани по иста цена како на билетара, да не можaт да платат казните.
Како тоа клубот е под кирија? Кој тоа ти кажал дека МЗТ плаќа за нешто во новата сала? Клубот има убедливо најдобри услови за тренинг и натпревари меѓу сите клубови у бивша Југославија и за тоа ниту плаќал, ниту ќе плаќа. Тренинзи, натпревари, теретани, спа центри се е бесплатно во целосно климатизирана сала.
Во однос на твојата споредба, тоа значи дека МЗТ е во вила од 200 квадрати ама бесплатно и тоа за стално, а ти викаш дека тоа е под кирија. Тогаш незнам некој кој не би сакал да е така под кирија. Можеби ти ??
Ајде уште еднаш ке пишам, може ке разбереш нешто.
Прво, секоја навивачка група знае да бодри но и да критикува кога тимот е без компас. Колку да те потсетам лани бевме на дното во Аба лига со 5 сменети тренери и 3 постави на играчи.
За картите колку што сум запознаен ФА ги продаваа на нивното членство а со тие пари се изработуваа кореографии(скоро на секој натпревар), останати навивачки реквизити, дополнување за автобуси при гостување,донации на болни членови, операции, адвокати и итн.
И тие ситни пари , 200-300 луѓе по 50 денари (10000-15000 денари) се само мал дел од нивниот буџет. Имаа маркетинг кои сами го раководеа и работеа за разлика од тимот кој сеуште нема свој фан шоп. Сите производи искочени се направени од ФА.
Како тоа најдобри услови во салата под кирија?
Рк И Жрк Вардар имаат ударни термини, тренинзите МЗТ често ги извршуваат во помошната мала сала, дури и дел од натпреварите ги играат таму. Да не зборам што цела сала е црвено- црна и освен центарот во средина на теренот ништо друго не посочува дека во салава МЗТ е домаќин како некогаш. Салава е се само не на МЗТ.
Па подобро во Пулевски да играат него ли во тешково срање од сала.
Незнам зошто не сватите дека не е се во парите и титулите , абе треба да имаш морални вредности , дух и достоинство.
Кога се боревме за опстанок МЗТ беше голем клуб , сега е марионетка на еден човек.