Ради покажување среден прст кон него и дел од управата има кривични пријави, замисли да се пее против него. Незнам како не разбирате, ситуацијата е или Фемили или он. Он знае дека ја губи битката , очајно бара излез но и покрај сите напори и притисоци повторно ни пола сала неможе да наполни. Ако се сеќавате прехлани и првата сезона во Борис имаше на најлошата утакмица мин 3000 луѓе. Симпатизери , навивачи кои и 10км поминувале пешки некои од нив за да го гледаат МЗТ. Ако некој ме прашува титула во Аба лига или заминување на залижаниот и борба за опстанок во мкд лига, со 2 раце го прифаќам второво. Се униши , буквално се што се градело со години.
Но времето пак ке кажам работи за сите нас, навивачи и симпатизери , се ближат избори.
Од информациите кои ги имам и муабетите , Фемили се под репресија поголема и од Бед Блу Бојс. Момците отворија паб, читајте паб , каде што ке другаруваат , се радуваат на победите , гледаат заедно утакмици на мзт од гостински терен. Значи идат чекор напред а некоја затуцана будала праќа полиција и инспекции секој втор ден и со притисоци и ујп им го затвара во повеќе наврати. Значи ваков комплекс и чуство за самоуништување не се видело одамна. Абе клубот да го водат луѓе од работнички кои највеќе го мразат мзт ке имаат доза на осет и удари под појас не би задавале. Лудоста иде до таму што префарбува графит на починато дете , член на Фемили. Ги префарбува најголемите графити направено во МКД па и пошироко, ги отвара сите случаеви на кривични и прекршочни пријави на навивачите на мзт и лобира да бидат осудени во најкраток период.
Да не зборам што го предаде цел Аеродром со салата , од сопствена да си под кирија 35 години. Подобро е да живееш во шупа од 30 квадрати него ли во вила под кирија од 200.
Го вдомува Вардар на подрачје каде што сите го сакаат мзт, автоматски ја дели населбата и потенцијалните навивачи. И се тоа за пари и од инат. Замислете сега каков човек треба да си за се ова да го правиш.
Последна вест што ја прочитав беше, цитирам. "Изгребаниот автомобил на Коневски, изнуди 30 сослушувања на навивачите на МЗТ во полициска станица Ново Лисиче".