Фан Клуб: Челзи

Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Такви шпекулации кружат, пораз од Ливерпул дома и Мурињо на клоци.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ако не ги победиме Ливерпул наредно коло ке бојкотирам со глад.
И ние сме отепани ама барем играме колку толку фудбал последниве натпревари.
Ако не добијат дома со Ливерпул нека пушти Абрамович од тие улајте горили негови и нека ги искинат од ќотеци на паркинг после натпревар.
Па то бре Стефи, свиѓа ми се екстремноста! (y)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Одлично. Нека го сменат и нека го донесат Хидинк како привремено решение, па потоа Симеоне или Гвардиола.
Веднаш се враќаме на стари патеки.
Не ја научија лекцијата, пацери...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Монтреал ја гледав досега, Дрогба каква петица мана сам ги пласира во плеј оф:aplauz:
Пласирани беа и пред ова.

Уште си ги тера глумачките вештини :D

Ѕверојна бе...10 меча 11 гола....И-ГРА-ЧИШ-ТЕ ! :cuc:
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Пласирани беа и пред ова.

Уште си ги тера глумачките вештини :D

Ѕверојна бе...10 меча 11 гола....И-ГРА-ЧИШ-ТЕ ! :cuc:
Да знам, ама откако дојде Дрогба се кренаа горе иначе гла не можеа да кренат.
 
H

HoT IcE

Гостин
Preubava rabota, izbrkaj edno tvrdoglavo magare od klupa so znae bar dve taktiki i dovedi drugo tvrdoglavo magare so znae 1 taktika. Odlicen poteg bi bil toa, za aplauz.
Ako se brka Mourinho ke bidam za site osven za Guardiola zatoa sto smetam deka e one-trick pony a toa se veke vide i vo Bayern.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.243
Поени од реакции
13.737
Исто сценарио како првиот мандат на Мур, само што сега тотално се има загубено со нервозата.

Немаше потреба од таква реакција.
Не заслуживме пораз, исто како што и со Д.Киев заслуживме победа.

Мене сепак теоријата ми е дека Мурињо не ги доби играчите кои ги бараше летово, не ја доби свежата крв која ја бараше и која е потребна во Челзи. Потоа следеше преслабите припреми, лошиот старт и притисокот кој дојде со тоа.

Не ми е јасно, неможе да биде за се виновен Мурињо, настрана тоа што е тврдоглав и што ги форсира Иванович и Фабрегас.
Каде се другите да да се потрудат? Головите ги примивме поради Рамирес и Коста првиот, вториот Тери и Бегович. Хазард спие. Рамирес не знае шо бара на терен.
Матич црна дупка го има проголтано.
Одбранава швајцарско сирење. Не е можно, Мурињо, тренер кој е познат по силна одбрана сезонава да прима на секоја утакмица по два гола во просек по текма.
Вината е и во играчите.
Никој не се труди на терен освен Вилиан и Цезар. Зума е премлад, а и на бек позиција игра 2 натпревари, нема што да го критикувам.

Се мрчат кога ги седнуваат на клупа, на терен дух и никаков труд пак кога ќе добијат шанса.

Медиумиве бог да брани во Англија, спремни се да го изедат жив човекот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
Секако дека не е Мурињо целосно крив, ама ниту јас не негирам дека си има и он дел од кривицата. Но, не му ги донесоа засилувањата кои ги бараше, и управата треба да биде свесна за тоа. До вчера се пишуваше дека баш поради тоа нема да го избркаат поради лошиов старт. Поддршката која јавно му ја дадоа беше јасна уствари. Веруваме дека има тим со кој може да ја сврти ситуацијава и да ја спаси сезонава, АМА ако не успее во тоа...

Во секој случај, не смее да го избркаат и ќе бидам премногу разочаран ако се случи тоа. Човекот во 15 години кариера секогаш е на врвот, секогаш е успешен. Сега прв пат во кариера му се случува ова и ајде одма ќе го бркаме, иако последните три години ги потрошивме на планирање иднина со него, и пред само неколку месеци му дадовме нов договор. Глупости.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Не е проблемот во Мурињо то шо реди слаби резултати колку шо ја претерва со изјави пред медиумите, нека се прибери малце со тие саркастични коментари оти со то само штета му носи на клубот и остава црна дамка врз него. Формата ке ја крениме кога тогаш ама со ова негово инаетење и расправање не оди далеку.
Најголема кривица има Мурињо за подготовките шо не ги почна на време и наместо подготовки тој му даде недели плус на играчите одмор, сигурно сега се кае за то ама памет за друг пат. Наместо да тренират тие кој Дубаи, кој Јамајка ,кој деца праел, кој у пичке материне фатил и еве ги резултатите од сето то.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom