Да сме тиња, тиња сме нема муабет за тоа ама шо *** им се дешава на судиите сезонава.
Имам впечаток дека намерно го рематат Мурињо затоа шо овој почна јавно да јаде говна против Фа и лошите перформански на судиите во Англија.
Незнам која по ред им е сезонава каде што носат одлуки кои имаат директно влијание врз резултатот.
Лоши периоди имаше Фергусон со Јунајтед, ама за да излезе од криза секоја дискутабилна одлука одеше во полза на Јунајтед.
Кај нас е обратно.
Ќе бидам фер и ќе признам дека имаше втор жолт за Матич. Да беше некој друг натпревар и противник 75% од случајот ќе му се прогледаше на Матич.
Но во оваа ситуација каде што не ни се судат апла пенали, ни се поништуваат регуларни голови со еден збор само се чека можност каде да се оштети Челзи, не требаше да се доведе во ситуација да биде принуден да прави фаул.
Уште пред да потпише реков дека е еден од најдобрите линиски голови (мислење што полека го губам) но слаба страна му се високите топки.
Имаше критики од неколку члена тука, ама дојде моментот кога видовме кој е во право.
Играњето нема да го коментирам, во пл тотално ги изгубивме конците.
Лш колку толку гаиме некоја надеж.
Пред да почне сезонава си реков, ако сакаме да одбраниме пл без Стоунс и Погба не можеме.
Согласни бевме скоро сите, епа не ми е јасно како можеше ние тука аматери да го предвидиме тоа а професионалци кои што собираат астрономски пари си дозволија да имаат таков пропуст.
Да бидеме реални, минатата сезона не бевме толку доминантни како што изгледаа резултатите.
Освоивме поради добриот старт на Коста и Фабрегас и одбраната.
Колективно игравме фудбал некаде до фебруари, после тоа рутински ги добивавме победите и го имавме расположен Хазард.
Голем број од фудбалерите одиграа по 60+ натпревари, трчаа ко коњи.
Матич, Иванович, Хазард, Тери, Аспи не осетија што е одмор.
Е сега освежување добија со еден Рахма, Џилабоџи кои не се ни блиску до просечен играч за пл,
Фалкао кој веќе имаше една фејл сезона во пл и просечен играч во Барселона.
Тотално наивно играње на трансфер маркет, до последна секунда се одеше на Стоунс и Погба како тие да се единствени играчи кои можат да се снајдат во Челзи, а од друга страна свесно се знаеше дека без засилувања ништо не правиме.
На другата страна гледаш дека конкуренцијата опасно се засилува.
Аматерска грешка од управата.
Хазард ако се продаде ќе биде најголемата грешка во историја на Челзи, без разлика колкава ќе биде сумата за која ќе биде продаден.
Хазард поседува многу квалитетен фудбал во нозете, играч кој најмногу ветува, ако некој може да им се доближи на Роналдо и Меси, Хазард е со најголеми шанси.
Е сега тоа што тој не покажува фудбал, тоа е прашање кое треба да го реши Челзи.