Исто сценарио како првиот мандат на Мур, само што сега тотално се има загубено со нервозата.
Немаше потреба од таква реакција.
Не заслуживме пораз, исто како што и со Д.Киев заслуживме победа.
Мене сепак теоријата ми е дека Мурињо не ги доби играчите кои ги бараше летово, не ја доби свежата крв која ја бараше и која е потребна во Челзи. Потоа следеше преслабите припреми, лошиот старт и притисокот кој дојде со тоа.
Не ми е јасно, неможе да биде за се виновен Мурињо, настрана тоа што е тврдоглав и што ги форсира Иванович и Фабрегас.
Каде се другите да да се потрудат? Головите ги примивме поради Рамирес и Коста првиот, вториот Тери и Бегович. Хазард спие. Рамирес не знае шо бара на терен.
Матич црна дупка го има проголтано.
Одбранава швајцарско сирење. Не е можно, Мурињо, тренер кој е познат по силна одбрана сезонава да прима на секоја утакмица по два гола во просек по текма.
Вината е и во играчите.
Никој не се труди на терен освен Вилиан и Цезар. Зума е премлад, а и на бек позиција игра 2 натпревари, нема што да го критикувам.
Се мрчат кога ги седнуваат на клупа, на терен дух и никаков труд пак кога ќе добијат шанса.
Медиумиве бог да брани во Англија, спремни се да го изедат жив човекот.