Се согласувам со @
Sass
Дел од примамливоста на Gree е пониската цена. На денешниот пазар ретко кој ќе ги одбере нив, ако по цените се приближни на јапанците.
Постои убедување по подоста
различни форуми, дека дифолт количината фреон е предвидена за цевки со должина 3метри. Ако цевките значајно се скратат, некои корисници се жалат на бука од внатрешната единица. Има и други моменти, имено спецификациите на компресорот за соодветна количина на фреон (која варира како што варираат и должините на цевките.
Некои (монтажери воглавно) не се согласуваат со ова, воглавно без подетални аргументи зошто не се согласуваат, освен - „стотици клими имам така правено“.
Но ете дури и да не е така како што пишувам погоре... Па клиентот ако инсистира на 3метра цевки, зошто монтерот да не ги исполни тие желби? Поготово пошто со климите и онака стандардно доаѓаат цевки од 3метра.
Затоа брале, некои од нас инсистираат на 3метра. Нека и не е сосема точно тоа погоре, ама наше право како клиенти е да ни се исполни тоа
разумно барање. Не дека мора точно 3 метри да биде до сантиметар- малку над таа должина не е страшно, ниту малку испод - тоа би било во рамки на предвиденото.