Што и да одбереш од наведените јапонски брендови нема да згрешиш, но при тоа сепак треба да ја имаш предвид површината на просторијата која ќе ја загреваш, особено дали таа има излолација или не, дали соседните станови, над и под се греат или не, надворешни ѕидови, стаклнеи површини, дали прозорците се добро дихтувани или не и сл. Сето ова влијае на во вистинскиот избор на капацитетот на уредот. Воедно од искуство би сакал да ти предочам ПОСЕБНО да обрнеш внимание на монтажата на уредот, што според мое скромно искуство ( на форумот има и поискусни и попотковани учесници), има влијание на правилно и ефективно функционирање на уредот ( има секакви приучени инсталатери кои воопшто не ни помислуваат да запазат основни правила на струката и препораките на производителот на уредот кој се монтира) Во тој контекст сакам да ти предочам дека при монтажата да инсистираш на следните минимални елементи:
1. Должината на инсталацијата да не биде помала од 3 м.
2. Инсталацијата ( двете бакарни цевки ) посебно да се изолираат.
3. Да се вакумира системот, иако ќе ти кажат дека за тоа нема потреба.
4. Да се ставам антивибрациони гумени подлошки на надворешанта единица, иако исто такак ќе ти кажат дека нема потреба.
5. Правилно да се процени местото каде ќе се монтира внатрешанта единица ( да не дува право на лицата кои се наоѓаат во просторијата ) и сл.
Се надевам дека поискусните на овој форум ова ќе го дополнат, а од што, сите идни корисници на клима уреди-инвертери ќе имаат корист, со што ќе се оневозможи неправилна монтажа на уредите, а со тоа постоење на голема можност уредот да не функционира правилно.