@sajSiGa што мислиш за време на балк да се зголемат мастите, а јаглехидратите да се лимитираат на некој граница од 35% од вкупниот дневен внес на калории?
Значи да се оди со калориски суфицит од 300-500какал, 30-35 % од вкупните ккал да им припадне на јаглехидратите, околу 35% протеини и остатокот масти.
Лично за мене балк ми е околу 2900-3000ккал, последно кога го испробав ова ставив добра количина на мускулна маса, а останав почист и ми требаше многу краток период за чистење. Внесот на мастите ми беше строго од ленено семе, кикиритки, бадеми и останати семиња (100-120гр масти на ден), а јаглехидратите ги имав лимитирано на 240грама дневно, протеинскиот внес околу 250гр дневно. На овој режим бев пред година ипол, во период од 3 месеци и од 76 станав 81кг, а се исчистив за месец и половина до 78кг со отприлика ист процент на телесни масти како кога имав почнато. Друг пат кога бев на балк одев со рапидно зголемување на јаглехидрати, па ми требаше многу време за чистење и губев многу мускулна маса.
Од Октомври планирам повторно да одам на оваа комбинација, веќе собирам кеш за протеин/бета аланин/монохидрат и храна.