Морам овде да ги искритикувам ЕНЕРГИЈА ДОО СКОПЈЕ дека се скроз неозболна фирма со никаква подршка за својте клиенти. Значи јас скоро си го пофалив инвертерот Toshiba Suzumi+ и како што Марфи обично работи, набрзо ми се јави проблем, почна кога работи да пушта одвратна миризба на оцет. И се јавувам јас во ЕНЕРГИЈА од каде ја купив климата да си викнам сервис да ми ја исчисти и сервисира климата, и да си платам нормално за сето тоа. На прво јавување кај нив ми се јавува некоја девојка, ми запишува податоци и ми вика ќе ве побараме.. По неколку дена се јавувам пак бидејќи никој не ми се јави, ми се јавува некој дечко.. Му го објаснувам проблемот, он ми вика да пробам сама да го решам, да ја издувам еден саат климава на вентилатор. Го пробувам и тоа, и е безуспешно, се јавувам пак кај нив каде повторно ја добивам оваа девојката. И објаснувам дека сум зборела со нејзин колега и дека сум пробала да ја издувам климава и дека е безуспешно, да ми пратат сервис.. Пак ми вика таа ќе ве побараме, и пак цела недела никој не ми се јавува.. Се јавувам по 4 пат кај нив пак ја добивам девојкава и и викам дека повторно никој не ми се јавува, а таа изненадена бидејќи кога кажала на колегите за мојов проблем тие рекле а се слушнавме и завршивме работа. Ми се извинуваше и рече дека повторно ќе им каже да ме побараат. Тука веќе луѓе ме фати дури инат! Пак никој не ми се јавува, и пак и вртам по 5ти пат и ми се јавува некој дечко (по гласот мислам дека не беше истиот што ме советуваше да ја издувам климата) и ми вика дека сум можела сама да си ја исчистам со некој спреј за клими, и ме упати каде можам да го купам... Едното место имаа само на голема количина, а другото не го ни најдов кај што ми објаснуваше.. Пак им се јавувам по 6ти пат, веќе крајно изнервирана, им викам за купена клима од 1,000 евра очекував дека ќе имам некаква корисничка подршка од вас, ме оставате сама да си го решам проблемов, колку пати треба да се јавувам за да дојдете??? Таа се извинува, еве јас ќе се погрижам да ве побараат, ми се јавува следниот ден, ми вика госпоѓо сервисериве се зафатени до крајот на неделава, ќе ве побараат во понеделник да се договорите кога да дојдат... Еве среда помина, пак никој не ми се јавил.. Значи овие се тешка катастрофа, скроз неозбилни, така ме изнанервираа има да ги плукам кај стигнам! И така, фала на внимание, извинете на долг пост