Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Очајна глума, изработени компјутерски, приказна дно дна, без поента. Се прашувам кога ќе запрат глупостиве ама не ми се верува да е у догледна иднина пошто како што гледам планираат спиноф да направат за секој лик дури и за комшиката на Ник Фјури како што рече членот погоре нема да е чудно филм да направат.![]()
Види, јас имам доста очајна глума видено и од оскар-номинирани филмови. Други не се согласиле, некои сметаат дека и тоа е благ збор за да се опише истата. Има моменти кога сите би се согласиле за очајна глума, како Парис Хилтон и Бритни Спирс кога глумат во филмови, али за некои филмови е дебатливо дали е очајна или не. Во случајов, далеку од очајна глума. Актериве и актеркиве се А-листа на актери а не се дојдени таму на лепи очи исклучиво, него се докажале претходно дека ги бива. Поголемиот дел, еве нека не биде чадор изговор за сите.
Друго, стриповите секогаш третирале стравови, проблеми, и прашања кои се актуелни во времето во кое излегле, понатаму, со истите ликови декада-две понапред, нови проблеми и прашања се третираат низ приказните. Да ја наречеш приказната дно-дна, мора ептен површно да го гледаш филмот (или серијата), и ич немаш земено да ја анализираш. Иди провери зошто Капетан Америка: Зимски Војник е се уште еден од најомилените филмови од овој жанр кај доста луѓе, дури и тие што не се нердови ко нас. Човече, мајка ми што не е по блокбастерите, го гледаше еднаш и го препорача на сите што ги знае (она е социолог, и убаво ја забележа и сфати приказната за тоа што е). Остај што самиот филм не делуваше исклучиво суперхеројски него имаше амбиент на делови и како Бонд филм или Борнеов идентитет.
Голем дел од акцијата вклучува и епски битки и large-scale експлозии и материјална штета. Поефтино е да се снимаат компјутерски, а и со сиот тој CGI коштаат ептен за да се направат, така да што ти е поенатата, доколку не е физички ефекти?
Spinoff-ите секако дека играат на картата заработка. Секој филм претендира да заработи. Освен оние андергроунд и хипстер-инди филмови кои кружат на публика од 20 луѓе и освен ако не го знаеш тој што го направил филмот, не можеш да го најдеш нигде. Тоа со заработката ти е слаб аргумент. Ако не ти се допаѓа да го гледаш у кино, нема да идеш и крај. Ќе го гледаш на торент кога ќе му дојде време и ништо страшно. Или ако не ти се допаѓаат ваквите филмови нормално не ги гледај. Вака испаѓаш загрижен за туѓите новчаници
, иделе луѓе да гледаат глупости. Голема работа. Подобро ова да идат да го гледаат него ли 50 Shades of Grey или Human Centipede.И јас не ги имам гледано повеќето во кино. Сум ги гледал на торент, без пари. За мојот новчаник не мораш да се грижиш
.
