@Tegla
Шкорпион гледам дека убаво ти објаснил во спојлерот. Тоа е во суштина - Еден куршлус веќе настана во АОУ, сега ќе има уште еден во филмот (овој пат во САД) од кој врти-сучи една цела населба цивилни жртви ќе одат јабана и тоа ќе ја прелие чашата. САД ќе рипне и ќе каже: ДА вие сте моќни, ДА вие сте good guys, АМА оставате многу крш после вас и тоа не е уопште океј. ИЛИ ќе се согласите да операрите под капа на МВР, ќе се откриете јавно кои сте што сте и со наши одобренија ќе ги вршите мисиите, ИЛИ ѓилотина. И тука почнуваат да се цепат хероите во своите ставови.
@Шкорпион
Во стрипот Пантерот ја одби поканата од Рид Ричардс да се придружи на ТимТони, јасно давајќи до знаење дека не сака САД да му се мешаат во внатрешно-безбедносната политика на неговата држава, на почеток се држеше на страна од целиот циркус, но на крај застана на страната на Кепот и отпорот.
Е сега после овие слики, излегува дека во филмот он ќе биде ТимТони. Спротивно ќе биде од стрипот, но држи вода ова од две причини. Прво - Чала е владар на Ваканда, плус херој кој си ја штити државата и народот го знае кој е. Идентитетот значи не му е скриен, исто како Ајронмен, така да он нема проблем со ова. И второ - Гужвата што настана во Ваканда во АОУ може повлече warning trigger кај него и неговиот народ, дека Ваканда е силно изложена на неочекувани надворешни casualties кои што можат во иднина да им нанесат и поголема штета. При исклучиво личен став, Пантерот никогаш не би пристанал на ваква надворешна регистрација - Да не се заборави, регистрацијата ја наложува стриктно САД, со иницијатива да прифатат сите познати супер-херои. Но овде луѓето се прашуваат први и ако тие се имаат изјаснето дека не се осеќаат безбедно после тоа шо ги задеси во АОУ, Чала исклучиво за нивна безбедност ќе се согласи на регистрацијата. Бидејќи САД за непријател со такви не-луѓе под нивна капа, не му треба сигурно.
Плус има еден сајт се вика comicview.com. U can thank me later ..