Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Очајна глума, изработени компјутерски, приказна дно дна, без поента. Се прашувам кога ќе запрат глупостиве ама не ми се верува да е у догледна иднина пошто како што гледам планираат спиноф да направат за секој лик дури и за комшиката на Ник Фјури како што рече членот погоре нема да е чудно филм да направат. :icon_lol:

Види, јас имам доста очајна глума видено и од оскар-номинирани филмови. Други не се согласиле, некои сметаат дека и тоа е благ збор за да се опише истата. Има моменти кога сите би се согласиле за очајна глума, како Парис Хилтон и Бритни Спирс кога глумат во филмови, али за некои филмови е дебатливо дали е очајна или не. Во случајов, далеку од очајна глума. Актериве и актеркиве се А-листа на актери а не се дојдени таму на лепи очи исклучиво, него се докажале претходно дека ги бива. Поголемиот дел, еве нека не биде чадор изговор за сите.

Друго, стриповите секогаш третирале стравови, проблеми, и прашања кои се актуелни во времето во кое излегле, понатаму, со истите ликови декада-две понапред, нови проблеми и прашања се третираат низ приказните. Да ја наречеш приказната дно-дна, мора ептен површно да го гледаш филмот (или серијата), и ич немаш земено да ја анализираш. Иди провери зошто Капетан Америка: Зимски Војник е се уште еден од најомилените филмови од овој жанр кај доста луѓе, дури и тие што не се нердови ко нас. Човече, мајка ми што не е по блокбастерите, го гледаше еднаш и го препорача на сите што ги знае (она е социолог, и убаво ја забележа и сфати приказната за тоа што е). Остај што самиот филм не делуваше исклучиво суперхеројски него имаше амбиент на делови и како Бонд филм или Борнеов идентитет.

Голем дел од акцијата вклучува и епски битки и large-scale експлозии и материјална штета. Поефтино е да се снимаат компјутерски, а и со сиот тој CGI коштаат ептен за да се направат, така да што ти е поенатата, доколку не е физички ефекти?

Spinoff-ите секако дека играат на картата заработка. Секој филм претендира да заработи. Освен оние андергроунд и хипстер-инди филмови кои кружат на публика од 20 луѓе и освен ако не го знаеш тој што го направил филмот, не можеш да го најдеш нигде. Тоа со заработката ти е слаб аргумент. Ако не ти се допаѓа да го гледаш у кино, нема да идеш и крај. Ќе го гледаш на торент кога ќе му дојде време и ништо страшно. Или ако не ти се допаѓаат ваквите филмови нормално не ги гледај. Вака испаѓаш загрижен за туѓите новчаници :D, иделе луѓе да гледаат глупости. Голема работа. Подобро ова да идат да го гледаат него ли 50 Shades of Grey или Human Centipede.

И јас не ги имам гледано повеќето во кино. Сум ги гледал на торент, без пари. За мојот новчаник не мораш да се грижиш :D.
 
И јас сум до негде фан на суперхеројски филмови, ама дека претеруваат со исфрлање на нови, претеруваат.
Авенџерс 2 го гледав у кино и ми беше океј, додека Авенџерс 1 сега го пуштам и ме уби од досада. Цело време млатат празни муабети.
Сакам суперхеројски филмови, ама не само да ги штампаат ко книги, секоја година по 5 и посебно не со 20 херои од кој не се знае кој пие - кој плаќа.
Се надевам Дедпул, Гамбит од Марвел нема да ги сјебат и да ми ги поврзуваат со Авенџерси - то би било самоубојство. :D
Авенџерс, Мавенџерс се гола вода - нека штампаат уште 50, јас не ги гледам.
 
Добар писател, 3 бестселери у крими-трилер жанрот.

Првата книга ја екранизира со Финчер = мега успех
Втора книга со некојси Gilles Paquet-Brenner(?), резултат = :sramezliv:


#логика
 
Aмерите прават суперхерои и блокбастери за истите (темелени на напраени стрипој/мипој) зато шо сакаат да си направат еден вид ,,митологија ко Грците и Римјаните".

#интересенфактнаденО
 
Zagor , Blek, Komadant Mark,Mister No itn sto ne pravat blokbasteri i za niv.
 
^ И јас сум повеќе за овие стрипови да има филмови. Eден асален филм нема за Дилан Дог.
 
да обожаваш вакви филмови е исто ко да слушаш турбо фолк:icon_lol: плитки текстови без поента со некоја техно фолк музика да те развеселат на некоја минута, така и ова, акција малце како занимација да ти мине време и ништо не се сеќаваш после што се случувало а вчера си го гледал. Да те праша некој другар го гледаше бе винтер солџер? Да бе, овој капетан америка му ја скрши кичмата на тој многу е јак да го глеаш!
 
да обожаваш вакви филмови е исто ко да слушаш турбо фолк:icon_lol: плитки текстови без поента со некоја техно фолк музика да те развеселат на некоја минута, така и ова, акција малце како занимација да ти мине време и ништо не се сеќаваш после што се случувало а вчера си го гледал. Да те праша некој другар го гледаше бе винтер солџер? Да бе, овој капетан америка му ја скрши кичмата на тој многу е јак да го глеаш!
Според тебе, кој е дефинитивен критериум или елемент кој е потребно да го има кај одреден филм за да има тежина?
 
Eден асален филм нема за Дилан Дог.

Две главни причини:

> Нема доволна фан база / доволно ангажирана фан база;

> Нема асален тим позади филмовите за да ги направи супер (под тим подразбирам не само тој што го прави филмот, него и тимот задолжен за маркетинг и промоција);


50% од успешноста на еден филм е маркетингот, другата половина е word of mouth.

А пред да ме пецнеш за фан базата - Едина причина што отворија нова можност за екранизација за Дедпул беше ради фан базата што беше упорна да се направи филм, само за него, одново, иако ја усраа работата од Фокс кога го лупнаа заедно со Вулверин и му го масакрираа ликот од стриповите. Никој немаше да го фати тоа парче стрипоќа ни со 20 метарски стап. Али упорноста на фан базата, правење петиции, тормозење режисери им даде до знаење на големците со одела дека има публика изворниов материјал и има (не)здрава желба да се екранизира истиот одново, во ново руво, со нов тим, но како што треба.

Кога би биле приближно на тоа ниво фановите на Дилан Дог, Загор, Командант Марк и остали, тогаш можеме да правиме муабет.
 
Последно уредено:
@Tegla
Шкорпион гледам дека убаво ти објаснил во спојлерот. Тоа е во суштина - Еден куршлус веќе настана во АОУ, сега ќе има уште еден во филмот (овој пат во САД) од кој врти-сучи една цела населба цивилни жртви ќе одат јабана и тоа ќе ја прелие чашата. САД ќе рипне и ќе каже: ДА вие сте моќни, ДА вие сте good guys, АМА оставате многу крш после вас и тоа не е уопште океј. ИЛИ ќе се согласите да операрите под капа на МВР, ќе се откриете јавно кои сте што сте и со наши одобренија ќе ги вршите мисиите, ИЛИ ѓилотина. И тука почнуваат да се цепат хероите во своите ставови.

@Шкорпион
Во стрипот Пантерот ја одби поканата од Рид Ричардс да се придружи на ТимТони, јасно давајќи до знаење дека не сака САД да му се мешаат во внатрешно-безбедносната политика на неговата држава, на почеток се држеше на страна од целиот циркус, но на крај застана на страната на Кепот и отпорот.

Е сега после овие слики, излегува дека во филмот он ќе биде ТимТони. Спротивно ќе биде од стрипот, но држи вода ова од две причини. Прво - Чала е владар на Ваканда, плус херој кој си ја штити државата и народот го знае кој е. Идентитетот значи не му е скриен, исто како Ајронмен, така да он нема проблем со ова. И второ - Гужвата што настана во Ваканда во АОУ може повлече warning trigger кај него и неговиот народ, дека Ваканда е силно изложена на неочекувани надворешни casualties кои што можат во иднина да им нанесат и поголема штета. При исклучиво личен став, Пантерот никогаш не би пристанал на ваква надворешна регистрација - Да не се заборави, регистрацијата ја наложува стриктно САД, со иницијатива да прифатат сите познати супер-херои. Но овде луѓето се прашуваат први и ако тие се имаат изјаснето дека не се осеќаат безбедно после тоа шо ги задеси во АОУ, Чала исклучиво за нивна безбедност ќе се согласи на регистрацијата. Бидејќи САД за непријател со такви не-луѓе под нивна капа, не му треба сигурно.

Плус има еден сајт се вика comicview.com. U can thank me later .. :D
 
Последно уредено:
09e65040c3fd16923aab811d4da2522ff4dc3a71.jpg


'Assassin's Creed' First Look: Michael Fassbender
Ало, вчера го имаш лајкнато истово 2 страни поназад.
Get checked.
 
Back
На врв Bottom