Ај не заебавај сеа. Да си даде прејак фор и ја изгуби топката, ама Зарате ја шутна топката меѓу двајца, ама ајде и тоа да го оставиме на страна, шутот беше ем слаб ем од 18-20 метри, така да Чех си имаше доволно време и за да види каде му оди топката и за да одбрани.
Двата гола денес се на душа на Чех.
А за Санчез, да и мене ме изнервира во 2-3 ситуации коа место да подаде он дриблаше и ја изгуби топката ама ајде ќе му простам зошто денес уопште и не требаше да игра.
Ај види го голот уште еднаш, ко шо се сеќавам Кокелан или Кош ја пресече со клизач топката од нозете на противнички играч, во близина беше Окс, ја зема и на место да ја испуца или подаде, он фати да дрибла пред 16ик и во првите 3 метри ја изгуби топката од Зарате, овој одма шутна меѓу двајца наши играчи и го фати Чех на грешна нога, Чех веќе од кога виде дека топката е во наш посед почна да се враќа накај средина на голот и ја остави десната страна празна.
За првиот гол е виновен некој од лидерите на одбранта, вајда Мертесакер оти не ја постави добро одбранта за слободниот на Вест Хем, играчите беа многу разредени и сите високи стоеа на втора статива, и Чех е крив оти испадна толку далеку од голот.