Денес најразочарувачка беше средината, затоа и ја изгубивме утакмицата, одбранта заедно со Чех потфрли, но средината беше катастрофа, една асална шанса не креираше, никаква доминација на теренот не поставија.
Ех како ќе ни се најдеше Шнајдерлин денес....Кокето катастрофа, си мисли Пирло е, а пас подолг од 5 метри не може да погоди, а и во тоа што е добар, дефанзива, и во тоа беше тиња.
А другар му Ремзи, кој ти курац па тебе, дај го ваму Зелалем.
Озил никакво лидерство,кога му оди лошо на тимот никаде го нема, си мисли сеуште во Реал игра, не се споредува со тој Озил во Вердер, затоа се плашам и Бензема ако го земеме дека ќе го снајде иста судбина ко Озил.
Најсветла точка беше Окс, освен вината за вториот гол, значи братот моментално може било кој бек да го издоминира во џеп да го стави, најдобар шутер ни е во екипата, ама шо фајде кога 70% од нападите одат по левата страна, не го искористивме неговиот потенцијал, дури па и кога бркавме резултат играше десен бек.
Венгер пред утакмицата даваше изјави дека треба да се почне јако во првите кола, да земеме пример од лани од Челзи, како поставија темели за борба за титула уште во првите кола од лигата, ама изгледа џабе зборува.
Ајде прво коло е вајда ќе се консолидираат, воа нека им биде еден шамар за освестување дека повеќе не играме пријателски против Сингапур XI.
п.с: Санчез нека не се курчи многу дека е физички спремен, нека си ја чукне главата што треба да прави кога е на терен, оти со тие глупи дриблинзи, безсмислени пасеви со цела сила во нозете на дефанзивецот пред него, пимплање на топката на жифци ми иде веќе.