Не сум се интересирал дека е ова 6та федерација, знам дека мрднаа дел од работите од мртва точка за време на оваа федерација, но имаше и огромни пропусти.
- Пропусти во секоја работа има, но тоа не значи поделба, туку заедничко решавање на истите.
Прво сите што сме во овој спорт знаеме за нелегалните средства што протекуваат и се продаваат како алва, а многу добро ги знаете и вие.
- Составен дел на сите спортови во целиот свет. Директно ниту една федерација не влегува во војна со овој нелегален бизнис никаде во светот. Си постојат институции за таа проблмеатика. Индиректно постојат допинг контроли и казни за оние кои ке се фатат дека се позитивни. Но, лопов е тој што ке го фатат, има една стара изрека, па така и кај допинг контролите.
Втора работа, паричните награди се тапа за натпреварувањата кај нас, за стипендии да не правиме муабет (не знам знам за Зоки Колевски и Роза Димитриева) дали добија, бидејќи такво нешто чув минатата година, но искрено е тапа за нови и млади натпреварувачи. Обично за успешни атлети и во овој спорт треба да се почне од некои си 14-15 години, скап е премногу, а во тој период се чека само на финансирање од родители (значи ако имаш кеш може да си билдер, ако не не се ни обидувај)
- Парична награда никаде во светот не постои во аматерскиот спорт, ниту на Олимписки игри. Големите спортови, каде се вртат големи пари од спонзори и различна трговија, повеќе не се спортски здруженија, туку се акционерски друштва, бизниси. Повремено се обидуваме да има симболична парична награда, но тука федерацијата не е директен виновник. Основа на федерацијата се клубовите, а тие самите мора да се организираат и снајдат со спонзори и начин на нивно функционирање и работење, како што е и во сите други спортови. Колку клубовите воделе грижа за своите натпреварувачи е прашење кое треба да се постави, не само федерацијата да биде виновник. Се трудиме да станеме дел од буџетот на државата, малку посериозен, не како до сега, па индиректно да им се помогне но се разбира, како федерација само на репрезентативци кои постигнале меѓународен успех на официјални првенства. Роза беше стипендист една година.
Трета работа во која сте вие многу добро запознаени се суплементите. Маржата со која одите сите продавници во државата е висока, ги знам отприлика цените на други фирми (не биотеч конретно) за увоз во државата на големо и реално е претерано да се оди на едно паковање со толкава маржа.
- Тоа е нешто каде никој не може да влијае директно. За жал, кој како ќе формира цени и со кои цени ќе настапи на пазар е индивидуален пристап, кој секојпат го диктира пазарот, побарувачка и потрошувачка.
Ако навистина сакате да мрдни од мртва точка овој спорт кај нас треба да се направат доста реформи, не навлегувам во судења бидејќи сеуште не сум застанал на бина да сум дирекно засегнат од тој дел. Мора да се направат строги контроли, да прегазите преку пријателството и да се скрати бизнисот со недозволените средства (или пак ако е возможно да се контролираат од каде влегуваат и што се се продава).
- Долги години сум во оваа работа директно како организатор и учесник. Спортот оди во нагорна линија, тоа со сигурност го тврдам. Само потребен е ангажман на сите, заеднички. Со подлеби може само да се стопира процесот на напредување, но никако да се спречи. Од искуство го знам тоа. За лековите ти одговорив погоре. Ниту имаме ингиренции, ниту законски можеме да казнуваме и спречуваме. Судењето е исто како и во сите останати спортови. Овде е далеку потешко, од причина што е визуелно и се оценува релативна работа.
Направете измени во законот кога би се отворала секоја нова теретана да мора да влезе со одредена сума како членка во федерацијата, а постојните да мора да плаќаат дополнително покрај чланарината и средства наменети за стипендирање и стимулација на овој спорт, бидејќи поголемиот дел од нив имаат и цени како за во Виена, а држат дупки со по 500кг тежини и 5 клупи.
- Сето тоа постои, кој го почитува е прашањето. Постои и законска регулатива, посто и статут на федерацијата....се работи само за искрена желба да се биде дел од спорт во кој директно нема заработувачка. А индиректно, сите добиваат. Е, ова сите добиваат, не е подеднакво. За жал, некој ќе добие, некој не. Што се однесува до цените за чланарина, никој неможе да ги диктира, исто како цените за суплементи.
Мислам дека е фер да се откажат од дел од колачот сите кои влегуваат во овој спорт како бизнисмени и да се одвои некој денар за стимулација на овој спорт (па дури може да играте и на друг начин, зачленете ги сите што се бават во овој спорт и дајте му некаква картица дека се членови, за членството може да се плаќаат некои смешни 300 денари годишно колку за рекламни материјали, а понатаму може на бизнис ниво да се направат попусти во некоја месарница со што членовите на федерацијата да имаме попуст на месо/јајца/риба, реално ќе бидете меѓу членовите и некој бизнисмен, вие сте сообраќаец и само не пренасочувате на неколку места каде што би имало најдобри понуди, а за возврат од таму добиваме одреден попуст).
Добро е да се обидеме сите на некој начин да го издигнеме овој спорт и да му го обезбедиме местото што му припаѓа.
- 2002 го организирав мојот прв натпревар на кој на бина поделив 100.000 денари кеш награда. Од тогаш, до ден денешен непаметам натпревар а да не сум се откажал од дел од она кое можам да им го поделам на моите деца, а ги имам три. Се со една цел, подобра промоција на бодибилдингот и фитнесот како спортови и промоција на оние кои ќе застанат на сцена како натпреварувачи. Од 2002 постојано промовирам, бодибилдинг, фитнес и федерација. Да инвестирав исклучително и несебично само во себе, промовирајки се себе, сугурен сум дека сега ќе имам многу повеќе добивка од сега. Ама пак ќе кажам, работите одат во нагорна линија, Зашто? Затоа што 2002 на сцена имав само двајца билдери. Имаше фитнес девојки и момци, но билдери само двајца. Од клубови, немав директна подршка од никој. Сега, 2015 на сцена во Дом на АРМ имаше 40 натпреварувачи и подршка од исто толку клубови. Судењето ако не му се допаднало некому во една категорија, не значи дека спортот е уништен и на ниски гранки. А незадоволни ќе има секојпат и како расте бројот на натпреварувачи и конкуренција, тој број може да биде и поголем. Но, тоа е спортот и натпреварувачкиот карактер негов. Некој мора да победи. А победува оној кому судиите ќе му дадат најголема подршка.