Само што го изгледав The Perks of Being a Wallflower. Досаден и глуп филм. Нема ништо ново што филмот го прикажува и приказната е едно сто пати видена. Имав големи очекувања за филмов, гледајќи го рејтингот и читајќи цитати насекаде мислев којзнае што е... Само глумата беше на ниво и отприлика тоа е тоа. Не знам која е поентата на филмов, кога помина повеќе од пола и не ме интересираше како ќе заврши, само да заврши и да не се мачам. Ова е типичен американски филм и нема нешто со кое можеш да се поврзиш. Не знам од каде толкава оценка и пофалби, што е тоа што беше добро? Секоја сцена и дијалог беа ко форумџијата Сунѓерот Боб да го пишал сценариото а не извесен Стивен Чбоски.
2/10