A Song of Ice and Fire

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Jon Snow у темана за серијата им станува омилен лик, штета... :icon_lol:
Мислам дека знаат само се филмаат повеќето, исто како со Џофри. Затоа викаа дека паничеле на Хардхоум :D мислеа тој ќе биде моментот. И мене ми изгледа како Спојлер дека ќе ни направат, ќе ни расипат на нас а Џон ќе им го остават жив. Сега во десетава епизода остана големо нешто според мене, сцената со Серсеи и одењето на срамот, снимено е тоа лани 100%, протече документот кај што бараат дозвола од град Дубровник за nude scenes.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Тоа обавезно иде пошто Cersei плачеше во видео најавата за финалето. Туку кај ќе спакуваат се во 1 саат, Cersei, Dany со дотраките, Arya и лихварот, Jon Snow, битката пред Winterfel. Може Cersei да заврши со клифхенгер па trial by combat со Robert Strong да остават разврска за наредната сезона.

Кога успеаа да го протнат Night's King во 8 епизода јас мислам нешто сто посто ќе не изненадат пак, финале е јебига. Уште со Stoneheart да заврши и да си умреме среќни.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Не верувам дека ќе одат со лихварот, веројатно ќе одат со Мерин Трент, а лихварот ќе го остават како незавршена задача заради која Арја привремено ќе го изгуби видот.
Не знам за дамата со камено срце, не верувам дека ќе ни ја пуштат, барем во оваа сезона.

Што се однесува до Дени, не верувам дека ќе ги сретне дотраките во оваа сезона. Веројатно Дарио ќе тргне во потрага, а на секого омилениот Титион ќе треба да ги среди работите во Мерин.[DOUBLEPOST=1433927866][/DOUBLEPOST]
:toe: Интересна забелешка. Нигде нема за тоа како поминала.

Од повеќе места дознаваме за магијската природа на ѕидот (неколку настани, Мелисандра, Ладноракиот и тн.), непропусна за "силите на злото".
Прилично е чудно како овој Старк (Ноќниот Крал) успеал со жена му да се смести во Ноќната Тврдина.
ОК, он ја сретнал од другата страна на ѕидот, при некоја од многуте извидници.
Али како ја донел навака?
Според мене, решението би можело да се бара во фактот што магијата на ѕидот и неговата магијска непропусна моќ некако е сврзана со вољата на припадниците на Ноќната Стража, односно со вољата на луѓето кои ја дале заклетвата.
Тоа во книгата се гледа при преминувањето испод ѕидот од страна на Сем и магичната вратата која збори и пушта само браќа од Ноќната Стража или луѓе кои се со нив.
Потоа се приметува и заштитничкото однесување на ѕидот при битките кои ги води ноќната стража со дивјаците. Како ѕидот да им е наклонет на браќата.

Можно е некако Ноќниот Крал да ѝ дозволил премин на невестата (секако, откако го маѓепсала, или што и да му напраила).

Но, од друга страна, Сем или не, Ладноракиот изрично вели дека тој не може да помине и останува...


Има и друга работа, а тоа е вечното присуство на unreliable narrators, во канонот (книги, енциклопедија и сл.). Така, можеби едноставно приказните за тоа дека невестата била со него во Ноќната Тврдина уопште не се точни, можда она никад не ни поминала.
:toe:
Одлична анализа, и јас мислам дека во прашање е вољата/желбата/наредбата на припадниците на ноќната стража.

Инаку, пред некој ден ми падна нешто интересно на памет.
Последната борба помеѓу ноќната стража и белите шетачи е некаде пред осум илјади години. Во тоа време Вестерос го населуваат првите луѓе и шумските деца.
Првите луѓе се опремени и вооружени со опрема и оружје од бронза, а шумските деца со оружје од обсидијан. Кој и зошто би можел да запише дека змајскиот чекик е ефикасен во борба со белите шетачи, кога првото железо и челик во Вестерос го имаат донесено андалите, некаде четири илјади години после борбата за зората, последната голема битка помеѓу белите шетачи и ноќната стража (можеби покасно имало помали или поединечни борби, ама никој не зборува за нив).

Е сега, ако ова е точно, тогаш имаме сериозен проблем со митот за Азор Ахаи, бидејќи во таков случак Цветлоносецот би требало да биде бронзен мач. Ковањето и прековувањето на таков мач и не е проблем, проблем е што бронзата не се кали, па така делот од митот за Ниса Ниса и калењето на сечивото низ нејзиното срце не е баш веродостоен и вистинит.

Од друга страна, ова е мит од Ашаи (не од друга држава, туку дури од друг континент), додека домашниот мит за принцот кој е ветен не споменува нешто такво.

До душа постои една теорија дека Светлоносецот не е воопшто мач, туку дека тоа е всушност целата организација на ноќната стража, а Ниса Ниса се љубените од кои припадниците на ноќната стража се откажуваат, ама сепак мислам дека Мартин тука се зае*ал околу временскиот тек во книгата. ;) :)
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.398
Поени од реакции
84.682
Кој и зошто би можел да запише дека змајскиот чекик е ефикасен во борба со белите шетачи, кога првото железо и челик во Вестерос го имаат донесено андалите, некаде четири илјади години после борбата за зората, последната голема битка помеѓу белите шетачи и ноќната стража (можеби покасно имало помали или поединечни борби, ама никој не зборува за нив).
Тоа дека валиријскиот челик ги убива Белите Шетачи, го дознаваме од северњачкиот мит за Последниот Херој, кој е аналогија на ашајскиот Азор Ахаи - мит, аналогија на ЈиТи митот за жената со мајмунски опаш, аналогија на други есоски митови - Неферион, Елдрик и така натаму.

Во книгите прв пат дознаваме за митот за Последниот Херој од приказната на Old Nan* за Долгата Ноќ, но притоа ништо не вели за материјалот на неговиот меч, што пак се дознава од главата на Сем, во A Feast for Crows, кога чепка по библиотеката на Ноќната Стража, од каде наоѓа на списи кои велат дека Последниот Херој носел мач од змајски челик со кој ги убивал the Others. Они (Џон и Сем) претпоставуваат дека змејскиот челик е всушност валиријски челик. После и Мелисандра му кажува на Џон (или Сем беше) дека валирискиот челик (и обсидијанот секако) убива Бели Шетачи, а за wight-овите добар е и обичниот челик.
Во книгата не ми текнува баш, кога некој го проверил ова, али во серијата се виде на дело - тоа дека валиријскиот челик убива Бели Шетачи.
Валирискиот челик е правен со помош на магија. Кој вика дека оваа пракса на правење на таков челик започнала од Валирија? Тоа што ние денес го викаме валириски челик не значи дека валиријците го измислиле**. Ашаи постои многу пред Валирија.
А помагијско место на светот нема.
Можеби некој од сето ова ќе заклучи дека валиријскиот челик е постар од Валирија и нормално се викал поинаку, на пример змејски челик. Можеме и да одиме и понатаму и да претпоставиме дека најстарите цивилизации (Ашаи веројатно) кои дошле до оваа легура, тоа го направиле со една цел.







* која патем вели: "In that darkness, the Others came for the first time …"
** арапските бројки не се измислени од Арапите, ние така ги викаме пошто од таму сме ги земале
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Се разбираме, ама пак нема никаков доказ дека челикот пристигнал во Вестерос пред андалите, поточно имаме изјава дека баш андалите со своето помоќно челично оружје и оклопи ги победувале првите луѓе и шумските деца кои биле побројни од андалите.
Инаку андалите вештината на обработка на железо ја имаат добиено/научено од Ројнарите, ама не многу пред тоа.

Пак се поставува прашањето како некој би знаел дали некој (било валириски или не) челик има можност да уништи бел шетач, кога помеѓу последната битка со белите шетачи и доаѓањето на железото и челикот во Вестерос има поминато две илјади години. ;)

Туку да прашам нешто друго, може ли некој од Скопје да ми провери дали во Матица стигна „Светот на мразот и огнот“ од Лагуна ?? Во Србија излезе на почетокот на јуни, не знам дали стигнала и кај нас.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Се разбираме, ама пак нема никаков доказ дека челикот пристигнал во Вестерос пред андалите, поточно имаме изјава дека баш андалите со своето помоќно челично оружје и оклопи ги победувале првите луѓе и шумските деца кои биле побројни од андалите.
Инаку андалите вештината на обработка на железо ја имаат добиено/научено од Ројнарите, ама не многу пред тоа.

Пак се поставува прашањето како некој би знаел дали некој (било валириски или не) челик има можност да уништи бел шетач, кога помеѓу последната битка со белите шетачи и доаѓањето на железото и челикот во Вестерос има поминато две илјади години. ;)

Туку да прашам нешто друго, може ли некој од Скопје да ми провери дали во Матица стигна „Светот на мразот и огнот“ од Лагуна ?? Во Србија излезе на почетокот на јуни, не знам дали стигнала и кај нас.
Број на Матица 02 322 1138
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Туку да прашам нешто друго, може ли некој од Скопје да ми провери дали во Матица стигна „Светот на мразот и огнот“ од Лагуна ?? Во Србија излезе на почетокот на јуни, не знам дали стигнала и кај нас.
Не ми се верува дека се толку брзи :) Деновиве ќа проверам лично.
Од она што го видов на Лагуна, цената не е спектакуларно висока. Кај нас би требало да е меѓу 1000-1200 денари. Таму е околу 1800 динари, што отприлика е 900 денари. Книгава изгледа е доста богата со илустрации, а бројот на страни е 300 и нешто. Колку е богата со текст :) ? Дали некој ја читал книгава во друго издание (на англиски)?
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
191
Поени од реакции
281
Не ми се верува дека се толку брзи :) Деновиве ќа проверам лично.
Од она што го видов на Лагуна, цената не е спектакуларно висока. Кај нас би требало да е меѓу 1000-1200 денари. Таму е околу 1800 динари, што отприлика е 900 денари. Книгава изгледа е доста богата со илустрации, а бројот на страни е 300 и нешто. Колку е богата со текст :) ? Дали некој ја читал книгава во друго издание (на англиски)?
Јaс јa зедoв нa aнглиски уште кoгa излезе и стaвив слики нa oвaa темa,некaде нoември лaни беше тoa.Ептен е бoгaтa сo илустрaции,дoдекa не јa земете у рaце немa дa пoверуете кoлку се oдличнo цртaни.
Пс. Пoст брoј 913 нa темaвa,нa мoбилен сум,немoжaм дa стaвaм линк дo пoстoт.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.398
Поени од реакции
84.682
Ја на почеток од декември ја купив од Икона. Ја читав, сега ја препрочитувам повремено.[DOUBLEPOST=1433940419][/DOUBLEPOST]
Се разбираме, ама пак нема никаков доказ дека челикот пристигнал во Вестерос пред андалите, поточно имаме изјава дека баш андалите со своето помоќно челично оружје и оклопи ги победувале првите луѓе и шумските деца кои биле побројни од андалите.
Како што кажав, митот за Последниот Херој, спомнува dragonsteel кој убива WWs. Тоа го има во списите, во библиотеката на Ноќната Стража. Борбата против WW-ите била исклучиво со обсидијан, а само AA имал змајски челик.
Зарем мислиш дека не е можно некое парче челик да дојде на тлото на Вестерос пред Андалите? Особено ако е во посед на митски јунак со месијанска улога.
па Првите Луѓе како дошле воопшто?
А што е со напредната к'тхулхулијанска раса* која била тука пред Првите Луѓе, а која живеела паралелно со Децата на Шумата и џиновите?

Како и да е, пак тука доаѓаме до она што Мартин милува да го употребува, кога ни пренесува инфоа за историјата, блиска и далечна, а тоа се вика несигурни наратори/раскажувачи. Кој знае со сигурност дали воопшто мечот на Последниот Херој бил баш од челик или можда од некој друг материјал (како на пример мечот на Артур Дејн што е). Кој знае дали Последниот Херој или Азор Ахаи е личност или метафора? Регар мислел дека он е Азор Ахаи, а Лијана е Ниса Ниса, а Џон би требало да е Светлоносец по таа логика, искален во утробата на Ниса Ниса...

* чиј остаток е темната мазна камена основа на Кулата од Стариград, како и Тронот од морски камен - на Грејџојс, со иста материјална структура - артефакти на кои налетале Првите Луѓе кои првпат дошле на Вестерос. Од истата култура се смета и дека потекнуваат лавиринтите во Лорат или ги уништила тие кои ги граделе, зависи дали го слушаш маестер Терон или некој друг.
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
И освен тие два камена не постои било каков доказ дека постоела таа култура. :)

Првите луѓе дефинитивно не донеле челик со нив. Дури после шест илјади години од нивното доаѓање (две илјади години после војната за зората) стига првиот челик во Вестерос. Тоа е неоспорен факт кај Мартин.
АА и последниот херој според мене се иста личност, и митот за двајцата се однесува на периодот на борба против белите шетачи, што значи дека се во некое вестероско бронзено доба.
Ниту на Есос нема шанси да било откриено железото, а нарочно челикот многу порано, максимално околу двесте готини. Таков пронајдок се чири многу бргу, нарочно кај богатите припадници на племињата и клановите.

Дури и легендарната „Зора“ е искована пред само илјада или две илјади години, а ние зборуваме за период од пред некаде осум илјади години, а таа е искована од метеорско железо.

Во секој случај, и јас сум на некое мислење дека „Цветлоносецот“ е метафора, и тоа најверојатно за ноќната стража.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.865
Поени од реакции
10.358
Holy shit! Интрото од последната епизода е објавено на Скај. Тоа е минутана кога прикажуваат сцени од минатите епизоди коишто се важни за епизодата што следува. Видеото го ставам во спојлер, иако е поминати сцени.

https://www.youtube.com/watch?v=1btOBSM9mrk

Нема ништо поврзано со Лејди Стоунхарт, ама затоа го има Бенџен факинг Старк! Чувствувам дека страшен спојлер ќе јадеме од серијава оваа епизода.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Убо ни го спикаа за станис, не спојлнаа дека нема да ја преживее битката.
Се надевам дека ќе ја заврши книгата мартин пред почетокот на сезоната[DOUBLEPOST=1434366350][/DOUBLEPOST]Убо ни го спикаа за станис, не спојлнаа дека нема да ја преживее битката.
Се надевам дека ќе ја заврши книгата мартин пред почетокот на сезоната
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Планираат Топер да ги издадат сите 5 книги? Имам прочитано само една книга, ве молам одговор во ПП зошто и ова со едно око го пишувам. :D
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Топер до сега ги има издадено првите две книги, двете се поделено на по два дела и имаат во план да ги издадат и останатите (така барем ми кажаа на штандот на Топер на саемот на книгата).
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Yes, I know that THE HOLLYWOOD REPORTER named me "the third most powerful writer in Hollywood" last December. You would be surprised at how little that means. I cannot control what anyone else says or does, or make them stop saying or doing it, be it on the fannish or professional fronts. What I can control is what happens in my books, so I am going to return to that chapter I've been writing on THE WINDS OF WINTER now, thank you very much.

GRRM на неговиот блог,напишано пред некој ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom