- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.967
- Поени од реакции
- 67.756
Ако си гледал повеќе утакмици на Лестер, ке сфатеше дека отпуштање на Пирсон воопшто не доаѓаше во прашање, можеби медиумите ја препумпаа работата со тоа што го фати за гуша играчот на КП, а имаше многу утакмици во кои доминираа, али стварно немаа среќа.Колку интересна приказна е сезонава на Пирсон. Од менаџер кој и официјално беше отпуштен пред некаде 3-4 месеци, и кога отиде да си ја празни канцеларијата му беше соопштено дека сепак нема да добие отказ, до една неверојатна серија и избегнување на опстанок. One of the greatest escapes е ова од постоењето на Премиер Лигата. Вака нешто слично направи и Вест Хем со Тевез и Карбишли на клупата пред 6-7 сезони, кога имаа некој добри 5-6 победи со ред.
А за финалето во плејофот за во Премиер Лига, мило ми е што повторно Норич ќе го гледам таму. Отсекогаш ми биле интересен тим, стадионот она ептен од тие старските со трибините залепени до гол линијата.Уште пред 10 години кога се натпреваруваа во ПЛ ми беа интересни, пред се (верувам на малку ќе ви текни на играчов) Дерен Хакерби. Таа сезона беше едно од подобрите леви крила во лигата.
И само прашање на време беше кога ке им се сврти во нивна полза.
За Карбишли и тој Вест Хем. Пред да го земе тренерското место, Карбишли се советувал со Фергусон, дали да ја прифати работата. Ферги му кажал, лапај посо.
Последниот меч од таа низа што ја збориш се играше на Олд Трафорд, и Вест Хем не победи со 0-1. Вест Хем остана во ПЛ, а недели подоцна Тевез стана играч на Јунајтед, a Шефилд го испушија, и не знам дали се вратија после тоа у ПЛ...
Се прават услуги, left and right.