Поздрав од Нови Пазар
Џихадисти во српските училишта: Во Нови Пазар се промовира тероризам!
28.05.2015 | 11:54
Извор: Точка
- Дали треба нечија глава да биде отсечена за да изреагираме? Тој некој, притоа, може да бидам јас или вие, како и било кој друг жител на нашата држава, опоменува професорот на Факултетот за безбедност др. Дарко Трифуновиќ.
На друштвените мрежи се појавија фотографии од ученици од новопазарските средни училишта кои позираат со џихадистички обележја и тоа во присуство на своите професори!
Последните во низата докази дека Србија полека станува средиште на Евроарабија го поттикнаа професорот на Факултетот за безбедност при Универзитетот во Белград, др. Дарко Трифуновиќ за на својот Twitter профил да се запраша кога српските институции и стручњаците кои работат во нив ("ако воопшто ги има") ќе започнат да ја работат својата работа.
- Кој го прави тоа? Какви се тие пораки? Што е најлошо, ова не треба да нè изненадува откако муфтијата Муамер Зукорлиќ демонстрираше сила кога ја поведе парадата од млади во "Поход на Хаџет", во униформи кои премногу потсетуваа на оние кои ги носела СС нацистичката дивизија Ханџар (позната по ѕверските убивања на Србите во Втората светска војна на територијата на Санџаците). Во нашата земја се наоѓаат екстратериторијални острови на Исламската држава, потенцира др. Трифуновиќ при што напоменува на сè поголемиот број на српски села и населби, како што е селото Јабланица или Горна Маоча во БиХ, каде вехабистите се обучуваат.
Тој опоменува дека најголема концентрација на такви постои во пештарските села и наведува дека на тие места властите не можат ниту да влезат.
Вознемирувачката фотографија прикажува малолетно момче од Нови Пазар кој го држи знамето на Саудиска Арабија на кое над белиот меч е испишан шехадет (арапски: الشهادة, "сведоштво") – текст кој сведочи дека "Нема друг бог (кој е достоен да се обожува) освен Алах и Мухамед е Божјиот пратеник", чие изговорување претставува еден вид на иницијализација во ислам, односно претставува клуч за да се биде дел од исламската вера.
Покрај овој млад џихадист стои маж на средовечни години за кој се претпоставува дека му е професор, со оглед на фактот дека седи на катедра на која се гледа и дневник.
И двајцата имаат подигнати показалци кои симболизираат идеологија која пропагира деструкција на западниот свет, како и било кој вид на плурализам – а особено оној верскиот – и изразуват уверување дека исламистите ќе завладеат со светот.
Освен што ова има посебна функција во однос на регрутирањето на нови сили, порачувајќи дека исламистичкото здружение има сосема јасна и остварлива цел, сликите со такви гестови кои слободно кружат низ Србија недвосмислено потсетуваат на сè повеќе раширеното присуство на џихадистите во државата.
- Тоа е криминална машина која укажува на тоа дека терористите без проблем функционираат среде Србија и покажуваат пет параметри кои се користат како критериум за тоа дали некое подрачје станува поле на терористичко делување. Сите до едно, а тоа се: присуство на терористи, терористички организации, помош од државни спонзори за нивните делувања (Катар, Емиратите), хуманитарни организации кои финансираат тероризам и злоупотреба на религијата, исполнети се во Србија, објаснува др. Трифуновиќ, кој е стручен соработник на Институтот за безбедносни студии.
Дека слободно може да се каже дека иста ситуација владее и во регионот, сведочи и податокот дека во Сараево после војната биле изградени повеќе џамии отколку што имало во цела поранешна Југославија, што, според Трифуновиќ, само оди во прилог на тезата за злоупотреба на религијата која е спомената.
- Што чека нашата држава? Дали треба нечија глава да биде отсечена за Србија да започне да реагира? Тој некој, притоа, би можело да бидам јас или вие, како и било кој жител во оваа држава. Службите кои доаѓат од Западот, а кои својата популација редовно и темелно ја подготвуваат на сите опасности, особено за опасноста од тероризам, токму нас нè "успиваат" со цел да не реагираме, бидејќи повеќе им одговара да делуваат тука, отколку кај нив. Што е со законот за спречување на тероризам? Тој има членови за санкционирање на терористи, но дали тие одредби се применети во некој случај? – прашува професорот Трифуновиќ.
Официјалните податоци велат дека околу 600 жители на Босна моментално војуваат во Сирија и Ирак, заедно со 300 свои соборци од Косово и околу 70 од Србија.
Трифуновиќ опоменува дека веќе за околу илјада луѓе е познато дека се џихадисти и опоменува дека тој број ќе биде сè поголем.
- Нужно е државата да ги вклучи сите надлежни институции во решавање на ова прашање и да спроведе стратегија за дерадикализација. Факт кој потврдува дека ние нè превземаме ништо како би го решиле овој проблем е тоа што никогаш не сме ставиле ниту една таква организација на црните исти. Советот за безбедност на таква листа ја стави Таблигхи Џамат, чии припадници уредно шетаат низ Србија и организираат свои делувања, потенцира професорот Трифуновиќ.
Коментирајќи ја пасивноста на државата во ситуација во која терористичките организации толку многу "цветаат", при што дури и средношколците јавно се декларираат како нивни припадници и поборници за радикалните форми на исламот и тоа со благослов на своите воспитувачи, вработени во српските образовни установи, др. Дарко Трифуновиќ порачува дека нема "недопирливи" луѓе и дека е крајно време за Србија нешто да превземе.
http://tocka.com.mk/1/160744/dzihadisti-vo-srpskite-ucilista-vo-novi-pazar-se-promovira-terorizam