Не можат никако да се филтрираат "добри од лоши", бидејќи пред некое време излезе некаков си прирачник дали од Ал Каеда или ИСИС кои даваат разни инструкции на нивните ќелии и спијачи низ Европа. Една од тие е како да го манипулираш и лажеш Европеецот. И тоа почнуваше некако вака, иако ќе го кажам според мое познавање, ама се сврзува со тоа од нивниот прирачник. Го читав некаде на овие странициве на BBC, CNN, го имаа прикажано. Тоа изгледа некако вака
"Облекувај се како тинејџер од западот, научи ги нивните навики, дружи се нив, излагај во дискотеки и кафулиња каде они излагаат, зборувај им за мирот и љубовта, се до тој момент додека ја стекнат довербата во тебе."
Многу е тешко да откриеш некој кој се дружи со тебе, а во главата му е како да направи масакар над цивили, а ти како човек никогаш не би ни помислил дека твојот најдобар другар ќе направи така. Пример во Британија имаше неколку рапери кои загинале во Сирија борејќи се за ИСИС, а никој уопште не ни помислил на нив дека ќе станат исламски терористи поради нивното однесување. Европа е соочена со армија на невидливи борци, незнаеш кој се, незнаеш кога ќе нападнат, ако дејствуваат како таканаречени "Осамен Волк", а тие самостојно се најопасни, бидејќи нив не ги контролираат инфилтрирани разузнавачи, како што ги има во ќелиите со повеќе членови. Плус тука ќе додадеме и некој Европеец конвертит. Во Европа вахабистите слободно во Европа можат да излезат на улица и да проповедаат разни работи, без да бидат уапсени. A се знае дека голем дел од нив се регрутери за војните во Сирија и Ирак