Проблемот со масивното муслиманизирање на Западна Европа не е у фактот што муслимани им се доселуваат, туку голем дел од истиве муслимани поише го почитуваат Куранот/шеријатот отколку законите на државата во која што се отидени. И тоа им е најтешко, фактот што они доаѓаат во места каде што мнозинството од луѓето ја ставаат Државата и нејзините закони пред било какво религиско убедување. Тука веќе поголемиот дел од (новодојденото) муслиманско население се губи во новото општество.
Од друга страна еве... Јавно да кажеш у некоја од западноевропските држави дека истите имаат проблем со исламизацијата, ќе бидеш етикетиран како исламофоб,расист,нацист и ќе бидеш маргинализиран. А реално постои проблем. Уште поголемА фрка претставува фактот што упорно се маргинализира гласот на обичниот Британец/Германец кој чувствува проблем со новодојдениот бран на мигранти (без оглед која раса и религија )". Пошто обичниот човек нема голем ќар од мигрантите, туку богаташиве кои на миграцијата гледаат ефтина работна рака. Затоа веројатно и се преќутуе тоа. Пошо богатите луѓе држат се у една држава. Вклучително и гласот на народот.
Од друга страна пак, ни Западњациве не се нај нај, да бидеме на чисто. Австралија како е колонизирана, Америка? Канада? Нов Зеланд? - Со покољ,геноцид и згаснување на цели КУЛТУРИ. Така да, кога се види генералната слика, ни Европјаните не се (поточно не БИЛЕ) мирољубиви.За разлика од тогаш, сега Никој не ја колонизира западна европа со насилство.