Многу сакам вакви паметњаковци, кои едвај ги чекам да ги демантирам. Пошто се многу паметни, нормално. Господине паметњаковичу, играчот кој го "пушти" Џерард да даде гол, е Марк Муниеса, кој и на прв поглед делува дека се здоби со повреда на задната ложа, hamstring, велат англичаните, на Италијански не сум сигурен кој е зборот. Па види дека во следната минута, веднаш после голот, Муниеса е заменет заради повреда. Не можам да разберам кое размислување е тоа, некој дефанзивец да застане, за да му овозможи на Џерард да постигне гол. На крајот на краиштата, Џерард не е господ.