На онолкава минутажа, прва алка во нападот, играње на еден куп натпревари како лажна 9ка, бројот на голови кој ги постигна (знам дека се 7 во ПЛ, а за вкупно, Пеџа да провери и ќе ви пиши

), се премалку. Сигурен сум и Борини да ги играше оние минути на Стерлинг ќе имаше сличен број на постигнати голови. Настрана од головите, Стерлинг во вторава полусезона е мизерија и во игра. Не ни креира шанси, бековите му добиваат еден куп дуели. Значи, факт е дека Стерлинг сеуште не е оформен за да биди главен играч во голема екипа. И оттаму се моите фрустрации дека се преценува премногу (дај боже и да стане најдобар играч на планетата после години и тоа не како играч на Ливерпул), а сеуште има многу да учи за да биди врвен фудбалер.