ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Заев е еден од неуспешните обиди Американците да ја бутнат власта. Заради неговиот неуспех следеше епизодата што ја гледавме неделава.

И да е точно тоа власта заслужи да биде бутната. Ако Клинтон моеше да си даде оставка пошо го фатиле со секретарка ( што не е нелегално ) тогаш и нашиов може да си даде сега кога го фатија у тешки криминали.
Дали уште некој верува дека ситуацијава ќе се подобри кога ќе дојде некој друг на власт?

Ако ги гонат кривично тогаш да. Бар ќе имаат страв другиве што ќе дојдат колку толку. Без тоа тешко.
 
Миленко ќе си ја вчади САД кај децата, му посакувам да му падне авионот и само тој да загине.
Колку што знам, Миленко не смее да стапне на америчко тло. :D Забрана доживотна има мислам.
 
НЕ, НЕМА да биде подобро... слободно искритикувајте ме, нема љутиш, само кога ќе почне лошото, сетете се што се прочитале овде.

И прогуглајте малку за Украина што и се случуваше изминативе година дена... за да знаете што ќе се случи "утре" во нашава Македонија.
 
Дали уште некој верува дека ситуацијава ќе се подобри кога ќе дојде некој друг на власт?

Aко се осудат за криминал секој нареден што ќе дојде ќе мора да работи без толку кормпција и власт врз сите пори во општеството. Да верувам дека ќе градиме правна и демократска држава.
 
Ова е популистички циркус и политичка фарса, како 99% други работи.

А враќање на СДСМ на власт, чесно и без местенки, во Македонија...со истите фаци кои ги гледаме 25 години е научна фантастика.

Доаѓаме до ситуација во која и позиција и опозиција се подеднакво презрени од пасивниот електорат, оние 45% кои не гласаат никогаш.
 
И да е точно тоа власта заслужи да биде бутната. Ако Клинтон моеше да си даде оставка пошо го фатиле со секретарка ( што не е нелегално ) тогаш и нашиов може да си даде сега кога го фатија у тешки криминали
Не ја гледам јас работата политички, не ме интересира кој е на власт. Чисто ме интересира безбедносната состојба.
 
Наводно и Ѓорге Иванов дал оставка уште минатата недела ама никој не го чул за да ја објави...
Само Талат Џафери.И му намигнал.
 
Последно уредено:
Миленко го избришал профилот на фејсбук. :pos:

И Јанко изгледа ќе ја затвори емисијата наскоро, вечерва циркуз му е во емисијата, смешки. (не дека гледам, ама вечерва мораше малце да се види тој лик)
 
Ако се до толку неспобни да дозволат некој да ги снима, уште полошо. Кај се арамии, уште се и глупи и неспособни арамии...
Неспособни се само затоа што такви глупости збореле по телефон, за снимањето немаат многу избор и тоа треба и те како сите да ги загрижува.
 
Ако се до толку неспобни да дозволат некој да ги снима, уште полошо. Кај се арамии, уште се и глупи и неспособни арамии...
Ако е тоа мерка(прислушкуавњето) за да се биде власт, тогаш нема толку способни луѓе во Македонија.
 
Не ја гледам јас работата политички, не ме интересира кој е на власт. Чисто ме интересира безбедносната состојба.
Eве нешто се шушка за “безбедноста“

Операција Шах-Мат: На Мијалков и Јанкуловска им биле предочени снимки за контакти со криминалците во Куманово


Нашите извори тврдат дека на двајцата на состанокот им биле дадени снимки од телефонски контакти од страна на вработени во УБК со криминалците предводени од командант Нато и неговата дружина.

Од телефонските разговори кои им ги дале наводно се докажала вмешаноста на УБК која влегла во преговори со групата која го направи крвавиот пир во Куманово.

Албанци вработени од УБК контактирале телефонски со бандите, пренесувајќи дека по директна наредба на директорот ги прашуваат што бараат да се повлечат.

– Практично МВР влегла во преговори со нив -вели нашиот извор.

Паралелно со ова и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во договор со коалициските партнери побарал помош од ОБСЕ да извлечел наводно тројца негови кои биле во бандите и се впуштил во преговарање со нив.

– И него денеска на средбата во Американската амбасада – тврди нашиот извор – му било кажано дека меѓународната заедница преку тие снимки знае за инволвираноста на владата во случувањата во Куманово и дека крвавата операција МВР ја започнала откако на терен веќе почнале да и гинат нејзини припадници.

– Оставките вечерва – вели нашиот дипломатски извор – се логични по денешните соочувања на амбасадорите со нашите функционери.

Нашиот извор не открива дали очекуваат брза оставка и од премиерот Груевски кој, според него, знаел за контактите со криминалците на неговиот братучед.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom