Мене ми е апсолутно неважно кој ги направил снимките. Она што мене ме интересира како граѓанин на оваа држава, и како гласач на ВМРО е дека на тие снимки се слуша како најтесното раководство на Македонија е инволвирано во изборни измами, узурпација на судството и МВР, милионски криминал, а ниту еден од тоа раководство немаше доблест и храброст да каже НЕ, не сум јас на снимките и да го докаже тоа, или пак да рече ДА го направив тоа, треба да бидам судски гонет. За мене тука оваа влада изгуби секаков легитимитет, правен, морален, било каков.