Здраво
Имам врска која е со еден збор прекрасна. Од страна на партнерот сум разберена,почитувана и пред се сакана. Истото му е возвратено и од моја страна,но проблемот е што кога имаме сексуален однос јас не можам да се опуштам целосно т.е мислам на глупи работи што не се потребни пример една од тие е неговата бивша и дека тој со мене е само за да имаме секс. Пред тоа бев многу повредена но се ми е избледено веќе,сега со него ми е многу убаво и сите лоши работи ми се заборавени но не знам зошто така ми се случува баш тогаш кога ни е најубаво. Само што ќе почнам да се ослободам го осеќам и оргазмот и почнувам да мислам на разни глупости.
![Упс! :oops: :oops:](/styles/default/xenforo/smilies/redface.png)
Би сакала совет кој би можел да ми помогне со некое ваше искуство,мислење и сл.,. Поздрав и благодарам однапред