Па нормално дека нема. Исто и торинското дерби има свој шмек, па и дербито на Верона. Иако лигава е мртва моментално сепак сите овие дуели ми се многу мерачки за гледање. Серија А е серија А и каква и да е кризата низ која поминува некои мечеви едноставно не може а да не ги гледа човек.
Лигата не е воопшто мртва. Наполи и Рома се на некое нивно ниво. Лацио, Сампдорија, Фиорентина, Торино брилираат за нивни стандарди. Единствено кризираат миланските клубови.
Доказ за ова ти е и добриот пат за некоја сезона да им го земиме 4слот за ЛШ на премиер лигата.
Еве ти уба дискусија на темата.
http://www.football-italia.net/65307/serie-could-overtake-premier-league
еве нека е преоптимистичко очекувањето кое го имаат напишано ако не за 2017 ќе биди за 2018.
Што се однесува до дербиата. За градот сите се од посебно значење. Пример во торино распоредот на табелата е сличен секоја година па пак Торино имаат натпревари на кариерата. Ако ништо повеќе барем од инает сакаат да извадат некој поен и то е интересно за гледање. Секогаш има крв. Џеновското дерби ако ме прашваш мене е врв, и едните и другите варираат на табелата од сезона во сезона и се тотално непредвидливи. Ама кога е дербито во прашање

нема врска местото на табелата, за нив то е како финале во ЛШ.
Единствено некако неинтересно ми е миланското дерби (во вакви услови). Веројатно дека сум навикнат на далеку подобра игра и ова сега е колку да изиграат ради реда. И едните и другите немаат реални причини за надигрување, а покрај сите дерби средби меѓу нив, сезонава не би сакал да гледам дуел на две пијани кокошки.