Драга,
со сета почит кон RATM што ја споделил сликана, се согласувам со поентата, само знаеш што е иритантно? Што сликава ја шеруваат и ја коментираат на Тњиттер луѓе кои на нивната собиранка за награди најдобар твит, најдобро селфи
најдобар пар си делеа ајфони, таблети и лаптопи. Истиве луѓе 4 месеца подоцна зборат за детски проблеми, дека децата не требало да живеат во сиромаштија, бла бла а додека си делеа онакви награди можеа со парите да изнакупат играчки од Џамбо и за НГ да посетат куп загрозени семејства и да ги израдуваат.
Meanwhile ние студентаријата гебелсоиди (како што не нарече Борјан Бемка) од Кајгана израдувавме едно загрозено семејство и со тие 50 евра му помогнавме барем да изнакупи ќебиња и покривки за ладната зима.
Е вакви работи повеќе ме иритираат од тоа што недолжни деца страдаат вака. Многу е лошо да знаеш дека некое дете има мала а неостварена желба