Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
38.945
Поени од реакции
112.104
Седиш у 23ка, брзаш за на тренинг, касниш веќе, коса ти се крева од нервоза, а 23ката вози со 15 на саат. Доаѓа до Маџари, и гледаш дека светкаат црвените светла кај рампата пред пругата. Ти иде да испичкараш се што е пред тебе, позади тебе и околу тебе али ајде, се воздржуваш некако. Чекаш, чекаш, чекаш, чекаш. Проаѓаат 10 минути и поминува локомотивче како оние што се паѓаат во Киндер јајце.


Шукурац бе Кајги, за се што навивам у животов пропаѓа!!! :yid::yid:
Надал е брука, Интер е резил, МЗТ се очај, Лејкерс се најлоши во нивната историја. Кој курац бре? :pov:
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Драга... Што да ти кажам.. Се чувствувам гнасно. Иако никогаш не сум имал проблем со самодоверба и самопочит. Измешани чувства.
Си ветив дека нема да реагирам на озборувања, јак сум и ќе трпам. И така е трпам. Ама добив т.е ми зададоја толку многу тежок а богами и силен удар. Кога си ветив не очекував дека баш моите блиски ке пукаат по мене. Не очекував дека оние кои ги хранам, им пазарам, им чистам, ги САКАВ !!! Не очекував дека баш тие. Ги гледам во очи и не си верувам колку се ниски. Не можам да ги препознаам.
Не можам да поверувам дека мене ми туркат иднина ми турка живот во провалија. И тоа баш кај неа. Што ли мислат дека таа нема да ми каже? Дека таа е како нов ? Злобна?
Не!!!
Сепак во глава ми се врти онаа " Неможаат тие да мават колку што јас можам да издржам ".
Целта моја драга ми е тоа што почнувам да бидам лош. И тоа премногу лош. Не е тоа моја природа !!!
Не сакам, ама тоа го осеќам. Сакам освета ама сеуште има жар на добрина во мене.
Мислам дека ќе си останам добар.
Ќе видиме !!!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Драга

Знаеш шо ме нервира?
Кога ќе видам девојка од моја генерација 1 година +- се омажила и се претворила во 40годишна жена!
Пред брак глеаш се облакала фино, хип, модерно, младелачки. Свадба напраила и наеднаш носи сакоа некои на кои и мајка ми би искоментирала дека се старачки.
До вчера носела некои огромни менѓуши, ланчиња, тракатанци. Денес само дискретни бисерни обетки. И бисерен гердан.
Пошо она е мажена жена и треба да се уозбили.
Додуша фазава почнува кога некој ќе и клекне на колено и ќе ја праша дали сака да потпишат парче хартија и да направат нови деца and we will damage them in our own special way...:love:
Наеднаш глеаш дека не носи веќе спортски мајци/фармерки. Туку пантолона со некоја кошула.
Така излага со немажените и несфршените другарки да ја покаже својата супериорност.
Тибам луѓето кои се менуваат само зашо потпишале парче хартија.
 
A

Antigona

Гостин
Драга Кајгана ,

Аплицирав онака на среќа во една фирма и ми стига вчера мејл да дојдам на интервју за работа на 29 Март и детали за работното место вклучувајки месечна плата од 6 000 евра.
Им вртам сабајлево на овие од фирмава кај мене да ми дадат слободен ден на 29ти и овие викаат НЕ МОЖЕ , нема кој да те замени.

Ми стига порака на телефон денес " Ве молиме потврдете го вашето присуство на 29ти Март " и еве пред 10 мин им пишав мајл дека не можам да дојдам на интервју и само благодарност што на некој начин сакале да ми дадат шанса.

И еве сега цел ден се живцирам . Не дека ми е лошо ваму кај што сум во моментов, ама сакав јас и повеќе . И после некој ке речи парите се отепувачка Епа се :yid:
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Драга,
Сабајле отидов на лекар. Се вратив со нови, тотално непотребни наочари за сонце. Сега до плата има секој ден да пишувам тука. Боксеру, извини што не те сфатив до сега.
Јеботе, пролетта е идеално време за импулсивни непромислени одлуки. Ама ај да не мрачам, одлично ми е:angel:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ми текна за утакмицава вечер и од возбуда пак ме стегна желудникот кој го ебе, АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Кеј,

Совет од мене. Да не пииш ракија со момиња од тиквешијата шо имат помалку од 23 години и слушат српско/бугарски турбофолк. Прво, поради тоа шо додека трае песната у позадина, ти пииш од нервоза поради музиката и чаша по чаша лизга ко никогаш до тогаш, а они станати и со раците у вис уживат и пеат на цел глас. Болат ушите, боле душата уште повеќе. Второ, помлади се од тебе, организмот повеќе им држе алкохол од твојот. Tука те јадат секако, нема бегање. И трето, задоени со ракија. За салатите имат плус у случајов.

Иначе пролет дојде. А вчера бил денот на среќата. Вечер пак ќе биде ноќта на flower-power. Ради пролетта шо е тука. А утре се надевам на сонце и чист воздух, некаде над виножитото.

И тука ти ја давам She's a rainbow.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Дрг.
Кус коментар околу мојот став и полагањето математика на државната матура......математиката е битна (поготово ако си економист), но треба да стане изборен предмет и се да се сведе на амбициите и волјата на средношколецот при правењето на големиот чекор напред....И ако веќе зборуваме за важноста на одредени предмети, зошто тогаш и информатиката не им се пикне под нос на средношколците?! :confused:

„Некогаш испаѓа и повеќе. Се во зависност од тоа колку твеба да се укваде.“
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Ти мислиш дечко и девојка, они брат и сестра да ти биле :confused::eek: пошто сликине, па описот, па све тоа...може до мене е, дека со брат ми сме на "кај си бе" и "ај искачам ја", не знам.
како и да е, многу...несоодветни содржини ми се дешава да гледам и слушам деновиве, не бш по моја волја :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom