Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека на Факултетот за физичка култура при УКИМ имаше насока -Тренер по фитнес и бодибилдинг-. Некое здружение пред неколку години правеа курсеви и даваја некаков сертификат за тренер, друго не знам и не сум слушнал.
Сеуште си функционира тоа. Со тоа што, она кое ББФФМ настојува да го озакони е овие кадри покрај тој документ да имаат и лиценца издадена од националната федерација за слободно да работат како таков кадар во државава.[DOUBLEPOST=1426668711][/DOUBLEPOST]
од кросфит од Америка...ако сакаш ќе ти пратам да видиш,има на нивната страница,а веројатно и веќе знаеш но ме испитуваш,или има нешто што мириса во тој сертификат па поради тоа ме прашуваш...:)
Исто значење има како и нашите дипломи и сертификати издавени овде, во Америка.
Следно, што е Кросфит?! Ако се категоризира како спорт, тогаш ќе мораат да имаат национална федерација која би била членка во соодветни меѓународни федерации и која ќе добие решение за вршење дејност за тој спорт од страна на Агенцијата за Спорт на Македонија. Се останато може да се класифицира како рекреација, забава и слично.[DOUBLEPOST=1426668774][/DOUBLEPOST]
Ако нема сертификат тогаш како овде тренериве се нарекуваат лични тренери ?
Лични, кај тато и мама. Полични, здравје.[DOUBLEPOST=1426669296][/DOUBLEPOST]
Само шо и протеинот крева инсулин, не мора сите да јадете шеќер после вежбање.
Си вежбаш и си јадеш оброк после тоа - класика.
Убаво ќе биде да ја раскажеш класиката како се одвива до крај. Вака и мене ме збуни...[DOUBLEPOST=1426669566][/DOUBLEPOST]
А на шо се сведува? На полнење гликогенски резерви?
Никад не се трошат до крај иначе, тоа е мит, прочачкај научни истражувања сеа ме мрзи.
А друго полнењето на гликогенските резерви во мускулот не мора да се деси за 10 минути па да пиеш декстроза. Нај обичен оброк со јаглехидрат врши потполно иста работа.
МИТ...Може, ако се чешаш по клупи и јадеш додека вежбаш. И баш овошјето го одбра како одличен ЈХ извор за после тренинг. Може, не велам не, ама како рекреација.
 
Последно уредено:
Колку што имам читано (во практика незнам, исто беше кај мене), само банана после тренинг. Дополнително, да била со кафеави дамки (brown spotted) затоа што шеќерот кај таа и кај обичната не бил ист. Што беше финтата со шеќерот стварно не памтам, само знам дека се трансформира од (фруктоза) во (глукоза).
 
@Gjoroski Која е процедурата за отварање на теретана ?
 
Дали смета вежбањето теретаната на растот?
 
@Gjoroski Која е процедурата за отварање на теретана ?
Процедура за регистрација на дејност, откако ке извршиш регистрација на соодветен правен субјект во централен регистар (правно лице во форма на здружение на граѓани или фирма, во зависност од сопствената желба) има.[DOUBLEPOST=1426685831][/DOUBLEPOST]
Дали смета вежбањето теретаната на растот?
Напротив, во теретаните имаш доволен број на справи кои со сигурност ќе влијаат на поттикнување на раст.
 
Може да кажеш некоја таква?
 
Дали смета вежбањето теретаната на растот?
Веројатно ти е познато дека вежбањето предизвикува зголемено лачење на половиот хормон тестостерон. Тестостеронот ги затвора епифизните плочи на коските, што резултира со понизок раст. Така да, смета, за деца во развој.
 
Јас за 2 месеца ќе полнам 17 год. Смета ли ми на растот?
 
Јас за 2 месеца ќе полнам 17 год. Смета ли ми на растот?
Што знам, уште си во адолесцентни години, уште си во развој. Колку си висок? А зависи и какви генетски предиспозиции имаш. Ако родителите ти се ниски, голема е веројатноста и ти да бидеш низок.
 
Што знам, уште си во адолесцентни години, уште си во развој. Колку си висок? А зависи и какви генетски предиспозиции имаш. Ако родителите ти се ниски, голема е веројатноста и ти да бидеш низок.
168цм а и родителите ми се ниски
 
Веројатно ти е познато дека вежбањето предизвикува зголемено лачење на половиот хормон тестостерон. Тестостеронот ги затвора епифизните плочи на коските, што резултира со понизок раст. Така да, смета, за деца во развој.
Контрадикторно на тоа, во тинејџерските години има најмногу тестостерон во телото, а дополнително во тој период и значително се расте? Или тоа или растот успорува во овој период, споредено со детството (до пубертет)?

*не дека те негирам, чисто како прашање е
 
Растот прекинува кога епифизните плочи на коските ќе се затворат. Тестостеронот (кај машките) и естрогенот (кај женските) се причина за побрзо затворање на епифизните плочи. Значи, ова е еден од многуте факторите кои влијаат на растот, не единствен. Други фактори се дефицит на хормонот за раст, генетика, исхрана и тн.

Колку и да е контрадикторно, ова не сум го измислил јас, медицината го вели.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom