Фан клуб - РК Вардар

Колку ми се само симпатични ваквите луѓе што не знаат македонски а сакаат да зборуваат и буквално насекаде го употребуваат јазикот и пробуваат да зборуваат. Башка што увек дава 110% од себе кога игра за Вардар. :)
 
Мечот го изгубивте најмногу во одбраната,ве пореметија со контри,полуконтри и брза транзиција+ротацијата...
Подолга клупа имаат од вас,далеку подолга,посебно на бековските позиции....
Кај вас освен Алекс бековите беа непропознатливи,без идеја во напад,без изработени акции,се беше на сила....
Уште еднаш се виде дека без Карачиќ нема игра...
Немаше топка до крила,пикер,се беше или од одбиена топка или на сила изнудени пенали од Тоскиќ...
И ако не искористевте криза на Висла во последните неколку минути лошо ќе поминевте...
Плус,одбраната ви беше многу слаба,да не речам очајна,иако на почеток доста добро делуваше,посебно зошто Штербик беше во шема...
Додека играше Тоскиќ некако се крепеше таа страна,откако влезе Брумен падна квалитетот на одбраната и имаше доста дупки на таа страна,Пољаците го искористија максимално ова...
Нема врска разликата дали биле 6или8 разлика..
Важна е играта(и во напад и во одбрана)....
Разликата се прави со игра...односно против игра на тактиката на противникот..
Тогаш и разлики повисоки од 10 гола лесно се стигнуваат....
Висла е многу силна екипа,не ги потценувајте....
И вчера ги потценивте...
Не се екипа која лесно подлегнува на притисок,научени се да играат пред бучна публика(можеби не е како во Јане Сандански,ама не е лоша)+уште еднаш ќе кажам имаат голема ротација,секој играч игра по околу 30 минути и засега добро се покажува таа тактика на Кадењас.....
+Сезонава покажаа дека се сериозен тим,освен со Фленсбург на сите други мечеви на гости изиграа добро....
Не очекувајте дека само со публика ќе ги решите,ако не ги искористите сите играчи тешко дека ќе ги тепате со многу разлика..

Јас мислам дека нивниот голман не реши, плус одбранетите пенали, како што кажа некој погоре премногу нервоза внесе кај нас и ни се случи она ''кога не иде- не иде'' многу тешко дававме голови и освен Алекс никој друг не беше расположен за давање голови и за превземање на одговорност...Мечот во Скопје многу ќе зависи од Штербик и Карачиќ, ако на нив двајца не им иде, џабе е се, ако они имаат добар ден, потоп ќе им се случи...Дај боже еднаш и ние да имаме среќа во вакви натпревари...
 
Еј види беља работа сега,увек сум бил оптимист и ко биле у слаба форма.Ама не знам зошто ме јаде нешто одвнатре да му ебам мајката.Само нека пројде овој ебан прв натпревар како што треба,не смее после ова да се дигнат у облаци,мора мирно и сталожено да го издржат пеколот во Полска.,па после овде све ќе биде полесно.
Ете така уста погана,малер до коска.Значи нешто ме влечеше кон ова,сеа да не глумам нешто од после паметен.Ама вака ко го гледам РНЛ сега се гледа дека и против нас беше у пад на формата.а и на Веспрем не му значеше и двете лесно ќи добивме.Значи не ги спорам победите,само тоа е реалноста.Само ајде у сабота полна сала да ги нагазиме од почеток и наши се,само овој пат у сала стварно треба да грми.
 
Незнам шо ми требаше пак да ја гледам утакмицата, ќе се изедам.
Не ми е јасно како Раул немаше никаква контрола врз мечот, ги губи и тој конците кога тргне се низ брдо, затоа е и главен виновник за поразот.
1. Тргна у второ полувреме со Брумен на 2 у одбрана, Тоскич и Абутович на 3 и 4.
ОК е тоа, ама кога ни направија 6-7 разлика веќе, мораше да се менува нешто.
2. Мораше да се вратат Абутович и Растворцев(дури у 56мин влезе) на 3 и 4, а Тоскич на 2.
3. Цела утакмица Тоскич играше у напад(освен кога бевме со играч плус и игравме со двајца пикери). Зошто ни се тогаш тие 3 пикери у состав???
4.Ниту еднаш не се проба 5-1 одбрана со Дибиров или Шишкарев напред.
5.Зошто Горбок играше цела утакмица???
6. Само една акција за пикер имавме, за крилата исто така ништо не се одигра.
Играчите ми делуваа како исплашени, без никаква самодоверба.
Волку лошо нема шанси пак да изиграме, а на Висла да им одат некои работи супер.
Неможе бе Шипжак да ни дава од 10метри гол како бек.
Неможе нивниот голман пак да фати толку топки у Скопје.
Ќе ги прегазиме у Скопје нема да знаат кај да фатат, само да отвориме добро и да направиме некои си 3 гола разлика до кај 15мин.
 
Охриѓанка некоја ги учи да зборат :D

Да гориТ :D

Ќути што не го учеше Струмичанка. Човекот ќе мисли Македонски учи а уствари друг јазик ќе научи. :D



(без навреда до сограѓаните од струмичкиот регион:ајнапиво:)[DOUBLEPOST=1426517432][/DOUBLEPOST]П.С.

Прашење до Комити. Дали Комити ќе ја добијат цела трибина позади гол како што беше досега или само еден блок?
 
Последно уредено:
Ете така уста погана,малер до коска.Значи нешто ме влечеше кон ова,сеа да не глумам нешто од после паметен.Ама вака ко го гледам РНЛ сега се гледа дека и против нас беше у пад на формата.а и на Веспрем не му значеше и двете лесно ќи добивме.Значи не ги спорам победите,само тоа е реалноста.Само ајде у сабота полна сала да ги нагазиме од почеток и наши се,само овој пат у сала стварно треба да грми.
Kako mislish RNL beshe vo pad na forma? Pa RNL vednash po izgubata od Vardar gi tepa Flensburg i Kiel.. da bideme realni togash strashno izigravme so RNL..
 
Прашење до Комити. Дали Комити ќе ја добијат цела трибина позади гол како што беше досега или само еден блок?
Половина од трибината, исто како против Веспрем. На другата половина ќе си има столчиња и истата е пуштена во продажба со останатите карти.
 
Ќути што не го учеше Струмичанка. Човекот ќе мисли Македонски учи а уствари друг јазик ќе научи. :D



(без навреда до сограѓаните од струмичкиот регион:ајнапиво:)[DOUBLEPOST=1426517432][/DOUBLEPOST]П.С.

Прашење до Комити. Дали Комити ќе ја добијат цела трибина позади гол како што беше досега или само еден блок?
Па беше пуштен во продажба и блок 9, што значи само еден блок останува за Комити.
 
Карти за стоење ќе има ли и по која цена?
Картите за стоење се веќе пуштени во продажба (онлајн), а можеби и веќе се продадени.
Цената беше 150 денари.
 
Има останто уште околу 100тина карти. Повеќето се во блок 9 останти, а другите се за стоење ама пишале таму партер што значи и доле до тернеот ќе има публика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom