Мечот го изгубивте најмногу во одбраната,ве пореметија со контри,полуконтри и брза транзиција+ротацијата...
Подолга клупа имаат од вас,далеку подолга,посебно на бековските позиции....
Кај вас освен Алекс бековите беа непропознатливи,без идеја во напад,без изработени акции,се беше на сила....
Уште еднаш се виде дека без Карачиќ нема игра...
Немаше топка до крила,пикер,се беше или од одбиена топка или на сила изнудени пенали од Тоскиќ...
И ако не искористевте криза на Висла во последните неколку минути лошо ќе поминевте...
Плус,одбраната ви беше многу слаба,да не речам очајна,иако на почеток доста добро делуваше,посебно зошто Штербик беше во шема...
Додека играше Тоскиќ некако се крепеше таа страна,откако влезе Брумен падна квалитетот на одбраната и имаше доста дупки на таа страна,Пољаците го искористија максимално ова...
Нема врска разликата дали биле 6или8 разлика..
Важна е играта(и во напад и во одбрана)....
Разликата се прави со игра...односно против игра на тактиката на противникот..
Тогаш и разлики повисоки од 10 гола лесно се стигнуваат....
Висла е многу силна екипа,не ги потценувајте....
И вчера ги потценивте...
Не се екипа која лесно подлегнува на притисок,научени се да играат пред бучна публика(можеби не е како во Јане Сандански,ама не е лоша)+уште еднаш ќе кажам имаат голема ротација,секој играч игра по околу 30 минути и засега добро се покажува таа тактика на Кадењас.....
+Сезонава покажаа дека се сериозен тим,освен со Фленсбург на сите други мечеви на гости изиграа добро....
Не очекувајте дека само со публика ќе ги решите,ако не ги искористите сите играчи тешко дека ќе ги тепате со многу разлика..