Почнаа и талијаните да се средуваат, ете Јуве направи нов стадион, Милан ќе гради нов стадион, а Интер ќе го смалува капацитетот на Меаца, негде до кај 50-60 илјади. Интер го смени и сопственикот, донесе доста нови луѓе во управа вклучувајќи го и тој од Јунајтед, мислам дека беше маркетиншки менаџер ама не сум 100% сигурен. И така за 2-3 години пак ќе се вратат работите на свое место а тимови ко Волфсбург ќе се шуњаат околу 15 место во Бундес лигата.
Пазете, ова е само краток црн период во италијанскиот фудбал, изгледа овде се заборава кој доминираше до пред некоја година. Се слагам дека не може да се живее во минатото, ама за некои работи не може да остане човек рамнодушен. Мене искрено уопште Бундес лигата не ми е репер за јак фудбал, мртва лига ми е, лига без одбрани, играат како муви без глави... Баш видов негде слика пред некое коло, каде 20 играчи (без голманите нормално) беа стационирани на само 20тина метри простор на теренот.
Не викам дека Серија А е подобра во моментов, ама според мене се преценува Бундес лигата, на страна поените и сличните рангирања. Башка оној Марио Гомез ставил слика од последните 5 години и поените меѓу лигите и у последните 2 изедначени се Серија А и Бундесот, а Серија А ретко кога имала такви мртви сезони во европските натпреварувања.
Што ли ќе биде кога ќе се опорават во Италија...