Искрено многу пати ја имавме оваа дискусија, но тоа што го опишуваш ти за Бундеслигата го има и во Сериа А само на пониско ниво: Еден семоќен тим и после 3-4 екипи кои редовно играат за Европските места и останато. Јувентус е на ниво на Дортмунд/Шалке можеби (плус минус) па тие другите тимови Рома, Наполи се некаде слични со Леверкузен или Волфсбург. А тоа што викате само Баерн е па после ништо, па и тие се дел од лигата. Ај сега муабет Сериа А без Јуве или Ла Лига без Реал и Барса, не може сега варианти да правиме без најјаките тимови.
Дортмунд како пример: Годинава е тотална катастрофа, ама се прошета во групата на ЛШ, која беше ок, ете со Арсенал и јак тим кој заврши зад Дортмунд. Ете и Јуве во слична група помина, едино Атлетико пред нив. А што е со другите екипи? Германските сите поминаа, и лани сите четири ги поминаа групите. Јуве помина, Рома не. Лани од три Италијански екипи само една помина во групите. Итн, итн.
Далеку сум од величење на Бундеслигата, ама моментално резултатите се далеку подобро на Германските екипи него на Италијанските. Поред многу тоа е знак на квалитет. Ја не би рекол дека Италијанската лига е толку слаба како што често пишуваат, али има големи проблеми кои некако тешко се решаваат. Можеби и начинот како се игра фудбал во Италија некако е застарен, не знам.
Иначе пак ќе речам, Јуве го сметам за многу добар тим кои во добри денови може и да изненади со тимови како Реал, Барса, Баерн. Останатите сепак имаат помали амбиции, и тоа со право.