Сакав да отвориме тема за шпањолчињава што доаѓаат у Премиер Лига, и издишуваат после Нова Година...
Пред некој ден, налетав на податок дека Фабрегас од Нова Година има само 2 асистенции, со 0 голови.
Вчера еден пост у Фан Клуб Арсенал ми обрати пажња дека Алексис веќе неколку меча го нема, послабо ги следам, зашто им се поклопија неколку утакмици со Јунајтед у исто време.
Диего Коста, еве го, се притаи и он,не знам колку време стои на 16 или 17 гола, колку имаше у ПЛ не памтам тачно, а Ивановиќ им е главен напаѓач неколку кола по ред.
Ерера во Јунајтед игра нешто, али па, он не играше воошто неколку месеци по ред, па може да се каже дека е свеж и затоа секој меч има асистенција или гол.
Ди Марија првите месец два го гледавме како конкурент за најдоброто засилување на сезоната, а по неколку утнати меча со погрешна позиција, и сега лево дава слаби партии...
Не памтам дали беше 2011-та кога Давид Силва исто тргна јако со асистенции до Декември, па закочи до Март негде без ниту една асистенција...
Чиста случајноС, или Шпанциве не можат да се носат со физиката на ПЛ?