Дедо Љубе од Којково може да оди во затвор затоа што го бранеше семејството од разбојници

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.330
Поени од реакции
38.408
Глупо од страна на дедото што не сака адвокат. Обвинет за убиство да , али и најглупиот адвокат ќе извади пресуда убиство во самоодбрана. Извади во судот медицински извештаји дека и бабата е неподвижна и дека нема кој да се грижи за неа , и дедото на коњ е.

Во најлош случај ќе добие 2-3 години , од кои 6 месеци ќе излежи другите ќе се условно.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
23.018
Дедото ако добро се поренесени информациите не би требало ни еден ден да оди во затвор и државата би требало да му се заблагодари за улугата таа да не мора да ги рани криминилаците во затвор( веќе кога немаме смртна казна). Ако веќе мора да има судење тоа би требало да биди чисто формално колку да се речи. Арно ама тоа е според мене и повеќето тука што е чисто човечко и хумано размислување и најверојатно во дадена ситуација сите би изреагирале слично. Но да не мешаме правина и правда. Тоа дека законите се такви какви што се е друга работа. Некој вели на запад тоа демократија го викале. Ебати ваквата демократија и закони кога повеќе ке наебиш ако згазниш џукела на улица отколку човек.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.117
Поени од реакции
16.255
А демек мислиш дека во западните земји не е така? И во тие земји истиот сличен закон како овде на пример криминалецот ќе те убие па потоа со истото оружје ќе фрли некаде во Вардар или во канализација без никој да види потоа полиција ќе го фати осомничениот ама поради немање докази ќе го ослободи.
Така и старецот самоодбрана го убил ама доказот е кај старецот и што праиме сега.Значи проблемот е што ќе мора да се смени законот поради дупките што треба да закрпи не само во Македонија туку и насекаде.
уште пред 40 години вујко ми од Англија ми кажуваше дека кај нив не смееш да го напагаш арамијата ако не те загрозува, н.пр. краде во двор. Кумашинот од Австралија дури на времето викаше кафе ќе му сварам, ако ми украде стар ТВ осигурителната ми дава нов ... но ова тука кај нас е нешто сосем друго, не е провална кражба туку Разбојништво со загрозување на луѓе и тоа во нивниот дом, за ова секаде ќе се признае правото на самоодбрана. Е сега треба да има судски предмет бидејќи мора да се утврдат фактите а и за да не се злоупотребува самоодбраната, утре може да се омасоват убиства на комшии или роднини кој дошле непоканети на гости :D ... Има и друго , стариот се терети за поседување огнено оружје... Убаво, ама што превзема државата за заштита на граѓаните, посебно во своите домови ?? Не зборуваме само за немање полициски патроли, туку и ако се фатат разбојниците и насилниците казните кај нас се смешни, немало место во затвор.... Во УСА има електричен стол, а полицијата веднаш пука на секој сомнителен, плус луѓето дома држат оружје, барем гасни пиштоли, електрошокери или спрејови
 
Член од
1 март 2014
Мислења
283
Поени од реакции
73
Pa ako saka toj da ja izolira od realnosta sto zivee pomegu "orkite" neka se iseli vo Stip ili Strumica! A za toa da odobruvas ubistvo za banalni raspravii za parking mesto, i plus toa da manipuliras so vistinita zaradi nacionalisticki interesi gresis i toa mnogu! No ako nema da trae usto dolgo ovoj taka narecen Makedonski nacionalizam posto e sve izmisljotina.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Трагедија сме во државава, пред 2 години начекав еден во овоштарникот качен на крушата си береше, прв тој тргна да ме удри али добро го зачекав, па квалитетно го очукав и за малку јас ќе го изедев подебелиот стап на суд. За среќа и јас имав 2 модрици добиени, па извадов лекарско дека и тој ме удрил мене, а типацот ем крив ем на суд ме даде дека сум го претепал. Копилето и денес си го тера истиот бизнис, само што на второто место каде што го фатија извадил пиштол и му се заканувал на сопственикот. Пиштолот му е на црно и за тоа гарантирам, но жалното е што повеќе се заканува на сите со зетот кој е командир во полицијата, па си замислиле дека го фатија господ за ј....
Ми одат по нерви овие правниците што ги креираат законите, жално е што пола од нив се идиоти кои не ги ни разбираат работите иако ги гласаат и пишуваат во закони, но што е тука е ова е нашата прекрасна Македонија, земја во која владее корупција, насилство и тиранија, но не смееш да се пожалиш ниту да гугниш оти ќе те изеде месечината. Ни крив ни должен дедово ќе биде осуден од некој судија кој не разбира од носот подалеку и тоа е тоа, приказната завршува тука, кадија тужи-кадија суди излегува работата. Поголем процент, а може да се каже речиси сите што се бават со крадење, превари и било каков криминал имаат врски во полиција, министерства и други влијателни кругови, па секој што ќе проба да им се противи ќе го јаде подебелиот стап, жално е што сите го знаеме ова и се наследува и продолжува од генерација на генерација и додека постои народ на овие простори ќе биде така.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.330
Поени од реакции
38.408
Pa ako saka toj da ja izolira od realnosta sto zivee pomegu "orkite" neka se iseli vo Stip ili Strumica!
И Гандалф ако размислуваше како тебе , сега ќе бевте распространети до западниот брег на Гондор.

Банални расправии за паркинг место. :facepalm:
 
Член од
1 март 2014
Мислења
283
Поени од реакции
73
И Гандалф ако размислуваше како тебе , сега ќе бевте распространети до западниот брег на Гондор.

Банални расправии за паркинг место. :facepalm:
Zaboraviv ti si seznajko, od stip znaes sto se slucuva vo Gostivar! Sigurno anticka mudrost imas od pra pra pra pra dedoti!
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Pa ako saka toj da ja izolira od realnosta sto zivee pomegu "orkite" neka se iseli vo Stip ili Strumica! A za toa da odobruvas ubistvo za banalni raspravii za parking mesto, i plus toa da manipuliras so vistinita zaradi nacionalisticki interesi gresis i toa mnogu! No ako nema da trae usto dolgo ovoj taka narecen Makedonski nacionalizam posto e sve izmisljotina.

Ти што не се иселиш во Албанија, Косово или преку Српска граница, ако овде не ти се допаѓа. Точно така, би сакал да нема Македонски национализам, а се надевам во иднина ќе исчезне и вашиот Големоалбански шовинизам.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
Е е, не ја терајте темава со овие неколку постови.

Околу случајот...не сум запознаен со казнената материја толку многу, но еве што ми вели логиката (на страна законските одредби). Двајцата разбојници физички малтретирале плус имале моторна пила во рацете?(бар така прочитав) Треба да биде ослободен за обвиненијата убиство во миг и обид за убиство во миг. Зошто? Ако ја земеме фактичката ситуација плус ако земеме превдид каква била психичката состојба на дедото (адренал до даска, страв дека жена му и он може да умрат и слично) треба да добие ослободителна пресуда. Ниту условна, ниту ништо. И време е да се ревидира убиството во самоодбрана во Кривичниот законик.

Е сега, доколку оружјето нелегално го поседувал, според мене, за тоа треба да биде осуден. Санкцијата е 3-10 години затвор, па сметам дека треба да ја добие најниската (не сум сигурен дали лежел во затвор). Како и да е, кога ќе исполни услови, треба да побара да биде пуштен на условно и тоа да му биде овозможено. (ова го зборам хипотетички, како сметам дека треба да се одвива случајов)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.921
Да, памтам, баш имаше ваков случај кога еден бивши телохранител на еден популарен лик од ЈуТјуб, невино си возеше со мотор по Партизанска, кога безобразно на пешачки му се испречил, буткајќи го својот велосипед, во обид на тоа место да ја премине улицата, 73-годишниот Симо Серафимовски, кој притоа бил отфрлен 22 метра и усмртен. Тогаш, баш знам судот и покрај очигледната невиност на мотористот, сепак го осуди неправедно на шест месеци затвор.
Да, но моторџијата го отфрлил 22 метри па рачунај колкава е потребна брзина за да катапултира и тоа на партизанска според пропишаната ограничена 50км/ч па види сега .


Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Е е, не ја терајте темава со овие неколку постови.
Се сложувам, само треба модераторот веднаш да реагира на мешање на политика и бегање од темата уште на почетокот, кога ќе почне некој со таква работа.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.291
Поени од реакции
3.665
Се сложувам, само треба модераторот веднаш да реагира на мешање на политика и бегање од темата уште на почетокот, кога ќе почне некој со таква работа.
Убо тоа ама нема 24/7 онлајн некој кој ќе реагира со брзина на светлина. Има копче пријави а за останатото треба членовите да имаат свест.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Убиен е човек. Судот не знае дали убиениот е разбојник или не. Судот не знае дали убиството можело да се избегне. Судот ќе утврди дали е или не е прекорачено правото на самоодбрана.
Практично тоа ќе се утврдува на ова судење и уверен сум дека ќе го ослободат дедото. Се работи за старец кој не можел на друг начин да се одбрани
Инаку за вакви дела во цел свет и од секогаш одлучувал суд и мора да има судење и кај нас.
Во Јустинијановиот законик пишува:
Iniuria occidere inteligitur qui nullo iure occedit. Itaque qui latronem occidit non tenetur; utique si aliter periculum effugero non potest.
Противправно убил оној кој немал право да убие. Затоа не одговара оној кој убие разбојник - ако на друг начин не можел да ја избегне опасноста.

Е сега друго е прашањето дали кај нас судовите судат според закон или според партиски директиви.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Па затоа не јавуваш на никој дека си убил, он упаѓа дома, ако имаш пушка стрелаш се живо, моташ у најлони и закопај позади дворо. Па нека ги тражат наште власти каде се, секако нема да ги најдат уште у старт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom