Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, титл за Big Eyes зошто уште нема? Дури ни англиски не објавиле...
Некој ако најде (preferably српски/хрватски, па макар и б'лгарски), одма нека пинга.
На мајка ми сакам да и го пуштам, да го изгледа. :D

Nema. I jas ke ja gledav ovaa verzija: Big.Eyes.2014.720p.WEB-DL.x264.AAC-brucelee
Grande vika taka da sum go gleal, eve i ti taka si go, ama ja mnogu ropkam so cips.. ne mozam. :D

Izgleda ke izleze prevod koga ke izlezat i drugite verzii.

Сепак не презентираат објективни вистини

Ova ne postoi. :D
 
Зашо бе? Пример пороците на секојдневниот човек, карактеристики на секојдневие, позитиви и негативи на човечки односи, овие муабети Кјубрик, Инариту, Аронофски, Лумет и слични се искинаа да ги пренесат на на филмско платно. Би го ставил и Куросава ама малце дели од нив и е делумно поекспериментален (највеќе ради Нох театарските техники)
Ниту еден од нив не вметнува свои авангардни ставови филозофии \'' , единствено ги обработуваат секојдневните човекови проблеми, мани и судири. Никој од нив нема експериментален филм, златна средина се, обожавани а ако не ова - респектирани од секоја публика. :v
 
Се сложувам скроз, само што нема ништо лошо и во некоја јака авангардна филозофија од режисерот :D
 
Не ми го чепкајте чилеанецот оти че ве :uzi:

Она шо го напрај братот и го остави како нешто реализирано, и пркоси на секоја здраворазумска логика (пошто доста количини на дрога се користени за истите, се кладам да се скоцкат ко финален продукт). Башка за мене за да почитувам еден режисер, пред се гледам да си има некој својствен трејдмарк за себе, да е препознатлив по нешто, да смисли топла вода во филмската уметност. Кај Јодоров, то е задоволено и тука веќе го оправдува моето главно барање. Да пуштиш филм и да речиш, еј ова е негово дело, или во некој рандом филм да пронајдиш некој сличен елемент, каде си сигурен дека режисерот дрпнал креативност и инспирација од веќе постоечко.

Е сега шо не се придржува до приземнам, опиплива логика е друга тема на муабет, али мене искрено многу многу не ми менува :) Се додека делото е крајно специфично, оригинално, авангардно (во негов случај) и му пркоси на времето, и е тешко истото да се направи пошто бара специјални квалитети, ќе го вреднувам. Зато почесто ја хејтам холивудскава кинематографија која со веќе купени финти, ни го труја мозокот со разно разни бљувотини во кое гледаме се помалку и помалку оригиналност.

Го разбирам wicked шо сака да кажи, само шо поинаку го гледам јас истото.

И дај гледајте го Even Dwarfs started small од Herzog :P
 
Овие двајца се новите Џони Деп и Хелена Бонам Картер...
...but less eccentric.[DOUBLEPOST=1424466565][/DOUBLEPOST]American Sniper - нема да коментирам многу, зошто за разлика од Selma барем успеа да го задржи моето внимание без око да ми трепне, што значи - може не е којзнае што, ама за Selma е masterpiece.

Но (мора да има едно големо НО), why, oh why мораа толку очигледно да употребат кукли како реквизити наместо бебиња? Огромни facepalm-ови попи моето чело на тие две-три сцени. Уште пече.
 
Последно уредено:
Дур си чекам снимка да го репризирам Интерстелар, го изгледав денес Контакт за првпат, и стварно не знам шо кур барам у темава, и како може да се нарекувам филмоман а немам гледавно ваква класика. Предобар филм!
 
Јас на вакви филмови како тие на Јодоровски кои се за крајно селективна публика никогаш не би дал 10тка(5), дури и да го разглабам до детаљ и му ги фатам сите намери и идеи на режисерот.
Сепак не презентираат објективни вистини, да презентираат вакво нешто да, така би биле легитимни за било кој случаен гледач кој и површно би ги валидизирал без да навлезе длабоко у приказната и видувањата на режисерот
Епа тоа е... крајно селективна публика. Јодоровски не се обидува да биде прифатен од сите, тој вели дека филмовите прво ги прави за себе, заради тоа што го возбудуваат. Случајно е станат популарен преку Ел Топо, па еве ако има 75-80 години човекот има само 5-6 филма зад себе... Ама сите му се до срж, незаборавни (по добро или по лошо). Во The holy mountain алхемичарот го прашува крадецот дали сака злато, и овој треба да се исере во еден овал така, па после од гомното прават злато. Крајот на филмот ти вели уствари еве се камерите, се е илузија, се досега што го кажав во филмот веќе не важи. Нема ништо понатака.
Мене тоа ми се допаѓа најмногу. Не мора да биде објективен, не мора да биде вистинит. Денес читав интервју од режисерот на Ида, Павел Павликовски, тој кажува дека филмот за него е една субјективна вистина, една приказна која што го инспирирала што не значи дека е вистинита...
Бергман на субјективен начин си ја претставува смртта...
Нема проблем, може утре/прекутре, првпат вистински да отворам една тема :D
Супер, мислам дека ќе имаме доста материјал за дискутирање и се надевам на одзив од повеќе членови за жанрот :)

Нека ме исправи некој, ама мислам дека последен Noir филм беше Brick со Џозеф Гордон Левит пред 5-6 години... Не сум гледал понов.
 
Епа тоа е... крајно селективна публика. Јодоровски не се обидува да биде прифатен од сите, тој вели дека филмовите прво ги прави за себе, заради тоа што го возбудуваат. Случајно е станат популарен преку Ел Топо, па еве ако има 75-80 години човекот има само 5-6 филма зад себе... Ама сите му се до срж, незаборавни (по добро или по лошо). Во The holy mountain алхемичарот го прашува крадецот дали сака злато, и овој треба да се исере во еден овал така, па после од гомното прават злато. Крајот на филмот ти вели уствари еве се камерите, се е илузија, се досега што го кажав во филмот веќе не важи. Нема ништо понатака.
Мене тоа ми се допаѓа најмногу. Не мора да биде објективен, не мора да биде вистинит. Денес читав интервју од режисерот на Ида, Павел Павликовски, тој кажува дека филмот за него е една субјективна вистина, една приказна која што го инспирирала што не значи дека е вистинита...
Бергман на субјективен начин си ја претставува смртта...
Да, секој од овие режисери кои спаѓа у авангардното кино не режира филмови за масовен скрининг. Ама колку да сме на линија, у глобала експерименталното кино е да пробуди дискомфорт кај гледачот наспроти воодушевување и слично. Неможам да ги сфатам тие кои се диват нa Salo, Srpski film, Eraserhead, Lost Highway, Begotten, Gummo итн. и ги препорачуваат како лектири по филм коа овие се нешто надвор од нормалниот колосек и стандарди.
Еден наш познат новинар пробувајќи да глуми авангарда, почна да пренесува импресии од Меланхолија на Триер и колку е врх врвова, и заглави на тоа дека е визуелен мастерпис, друго ништо.
Не би му препорачал на никого ништо од овие филмови ниту пак би имале место у all time каталози по жанрови, ама у одбрано друштво само околу нив би зборел. :icon_lol:
 
Дур си чекам снимка да го репризирам Интерстелар, го изгледав денес Контакт за првпат, и стварно не знам шо кур барам у темава, и како може да се нарекувам филмоман а немам гледавно ваква класика. Предобар филм!
Овие поминати ти се?
Event Horizon
The Sphere
The Abyss
 
@wicked_1 ми текна вчера онака ама заборајв да пишам, пошто бараше некој сличен на Бразил пред некое време, дали ти е гледан Delicatessen (1991) Би требало да ти е пошто го имаш спомнато режисерот низ дискусија, па не верувам да си го пропуштил, али да прашам :D
 
Contact е едно стварно добро филмче што мислам дека не го има добиено хајпот што го заслужува и пофалбите. За мене секогаш ќе биде во топ 5 од овој тип. Во склоп на погорните муабети :)
 
American Sniper - добар филм, ама далеку од освојување на Оскар. Иствуд ко лик кој ми е омилен од детството имал и далеку подобри филмови од овој. Одлично снимени сцени, ко да играш Кол оф дјути последен дел во живо. Сценариото е тоа што беше климаво, започна некако, ама крај немаше - со тоа и филмот изгуби многу. Купер такоџе нема некоја улога уау, па да развали. За адаптирано сценарио такоџе имаше подобри филмови номинирани за Оскарот, кај монтажата не би им дал Оскар бидејќи и самиот им забележав грешка у монтирање,
(кога жена му го надои бебето, му го даде, си го закопча џемперот, во следниот миг откопчан беше)
:D
Единствено ако земат нешто за Саунд едитинг - миксинг. Оцена 7/10
 
ОК, не го разбрав крајот на Birdman, ако воопшто имаше што да се разбере. А не ми е ни до правење теории. Добар филм, одлична глума ама крајот ми беше wtf. Со Селма и American sniper негледани, Whiplash ми е уште фаворит за оскарите. Знам дека нема никогаш да земе ама ако. Мене ми е убаво кога ќе ми текне на филмот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom