Ова е новост за нас, обичните смртници, бидејќи сеуште користиме DVD режачи, додека светот од поодамна почна да се прилагодува на Blu-Ray.
Blu-Ray дисковите се со капацитет од 25 GB со еден слој, односно со капацитет од 50 GB со два слоја, односно Dual Layer, за разлика од обичните DVD дискови кои се со капацитет од 4.7 GB со еден слој, односно со капацитет од 8.5 GB со два слоја, односно Dual Layer.
За да праиме растур, ќе мораме да почнеме да се прилагодуваме на Blu-Ray, обичниот Blu-Ray читач може да се најде по цена од 3.000 денари, но може да се најде и по цена од 2.000 денари, доколку се знае од каде да се побара истиот, додека Blu-Ray режач може да се најде по цена од 4.000 денари, но може да се најде и по цена од 3.000 денари, а можеби и по цена од 2.500 денари, доколку се знае од каде да се побара истиот.
Станува збор за еднократна инвестиција, го купуваш Blu-Ray читачот/режачот, го монтираш во компјутер/лап топ и го користиш со години, а можеби и со децении, доколку го користиш внимателно.
Истото важи и за хард дискот, се купува нов хард диск со капацитет од 2 TB или повеќе, се монтира во компјутер/лап топ и се користи со години, со децении тешко, бидејќи сигурно ќе се наполни набрзина со нови видео игри, програми, филмови и музика.
Но за оние кои сепак преферираат пиратерија наместо оригинали, нема да им треба Blu-Ray читач/режач за пиратска копија симната преку Интернет, која може да се подели и да се изреже на повеќе DVD дискови, а ако сегашниот хард диск го има задоволителниот капацитет, тогаш и хард дискот нема да претставува проблем.