Само што го изгледав...
Во принцип, јас ги сакам типичните американски драми, но овде ме уби монотонија, цели 2 и нешто саати...Итан некако беше вистинско освежување во филмов, а и омилен лик ми беше...Иако на почетокот делуваше како дилајла, сепак имаше многу среќни мигови со децата, едноставно се трудеше околу нив...Вториот брак му беше баш квалитетен и нормален, за разлика од Оливија...
Детето Мејсон во тек на целиот филм ми беше како изгубено некако, растргнато, несреќно...
Оној дел кога Оливија беше со тој стариот, професорот, од моментот кога косата на Мејсон му ја ишиша мислев филмов ќе добие тек на This boy's life, ама се зафркнав....
Значи бев во очекување цело време да се случи нешто интригантно, тензично, заплет некој, да гледам - да не трепнам, ама тоа не се случи во цели 165 минути...
Многу развлечени кадри, монотонија...
Јас очекував многу повеќе од филмов, како прво заради рејтингот на IMDb, а после ради тоа што на форумов е форсиран од многу членови и секаде го поврзуваат со номинациите за Оскар...Богами ако го номинираат овој, о Gone Girl на пример заслужува дефинитивно неколку добри номинации...
И уште нешто- Канон, Бог знае колку платиле за рекламата!