Концептот е таков што времето е претставено ко линија, нешто ко Back to the future. За да креираш циклус кој ќе врти цело време (loop) потребно е да имаш почеток. Џејн оригиналната е родена ко дете од различни родители. Родена е 1945. Пошто знаеме дека се среќаваат 1963, потребно е да пројдат нешто повеќе од 18 години ~ 19 да речеме. Значи оригиналната Џејн 1982 веќе го сменила полот и се вратила назад 19 години за да си направи бебе на себе. Во исто време случката во барот е исто така 1982 пошто Џон ќе се регрутира сам себе како тајм агент. Пред 1964 Џон ја напушта Џејн, а 1964 се раѓа пак Џејн. Џон (фул машката верзија) го краде бебето 1964 и го враќа 1945. Додека Џон (машкуданката) со Џон (фул машката верзија) оди во 1985 год. каде Џон (машкуданката) ќе биде пратен на мисија да го убие бомбашот, исто така и Џон (фул машката верзија) оди на истата мисија (ова им е дупка у сценарио, зошто Џон од иднината би се враќал на истото место и во истото време каде ќе си ја сјебе фацата и кога знае дека бомбашот ќе избега, што е со неговото сеќавање?) Џон (машкуданката) после оди во 1992 кога ќе му ја сменат фацата и ќе ги слуша советите на идниот Џон, ова е фактички почетокот на филмот. Џон (фул машката верзија) на крај иде во 1975 пред големата експлозија каде треба да погинат 11.000 луѓе и го убива Џон бомбашот, што значи дека временската машина никогаш не се самоуништила ко што му вети Робинсон. Овој дел ми е малку без врска, конечно ја разглобува големата слика и единственото логично решение е да се убие самиот себе си, ако неќе да се претвори во Џон бомбашот а од друга страна ќе го заебе и Робинсон, кој очекуваше да го убие Џон бомбашот. Ова е филм кој е тотална спротивност на Mr. Nobody, инаку еден од моите најомилени филмови, каде беа опфатени повеќе теории ко теоријата на хаосот и ефектот на пеперутката, односно како одредени тривијални ствари во животот кои изгледаат беззначајно можат да му го сменат некому целосно животот. Епа Predestination е контраст на се тоа, се е предодредено, се може да се контролира, некои работи не можеме да ги смениме, тоа е у суштина пораката на филмот. За сценариото и креирањето на парадокс има 10 ка, али поентата не ме бендиса.