- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.308
- Поени од реакции
- 8.437
Ама изгледа не ме читашПа очигледно сите статистики покажуваат дека жените имаат подеднакви права да се образоваат како и мажите. Кој им е крив што се одлучуваат да идат на такви факултети?
Тоа и ми беше целта. Селективни се бидејќи ти тврдеше дека женските деца се тие што им е многу потежок животот, со тешки обврски. Моето тврдење е дека и на машките и на женските во вакви семејства и држави им е подеднакво тешко, што и статистички беше покажно.
КЛИК
Прво тука има премал број на луѓе, ама ај.
Мене ова не ми личат на жени кои се тука против нивна желба, впрочем во Америка живеат каде што правата им се загарантирани. Комотно можат друг живот да имаат.
Run Forrest, run!
КЛИК
Искрено не знам што точно сакаш да покажеш со овој district во Колката. Демек принудени се на проституција? Земјите каде што проституцијата се легализираше го докажуваат спротивното. Единствен проблем може да биде трговија со луѓе и малолетнички што нормално не е за оправдување и треба да се превземе нешто.
Како што гледам 3-4 членови спамаат, а има и машки кои застануваат против нив.
Инаку во Скопје имало голем број на девојчиња што готват? Хаха, gewd one. Денешниве млади жени кајгана не знаат да направат, па уште ќе се зафаќаат да готват.
Добро де, мажите и жените различно размислуваат. Нешто што мислам дека е очигледно од пред 5000год. Пак не гледам поврзаност со темава.
Не зборувам ни момент за правата загарантирани со закон, ти навлегуваш во тие води.
Знаеме дека во Македонија ни се еднакви правата со закон, семејното воспитување не е правично еднакво.
Сеуште повеќе се сака машко дете, сеуште во многу места ќерката е лишена од наследство и братот го добива, сеуште ќерката е ,,домаќинката,, во животот итн.
За тој аспект на еднаквост јас зборувам.
Не знам ни јас да готвам, ама не беше тоа поентата.
Не е океј да си ги гледаме само семејствата и другарките, и колегите од факултет.
Не се натерани на ,,тешки,, работи, туку на општо домашни обврски, кои не се подеднакво распоредени со оние на братот.
Каде се оние кои не ги гледаш? Се сеќаваш на нив?
Во Индија сеуште се убиваат (или абортираат) женски деца. Затоа што се женски. Get it?
Ама која е смислата да зборуваме за Индија?
Или ,,малава група,, во Америка?
Тоа е една група, малце повеќе групи имаат они. Сами сакале, жити се, не ме смеј. Знаеш како викаат, птицата не бега од кафез затоа што не знае што е слобода.
Како што ти кажав, остави ги земјиве по светов, гледај кај нас во двор.
Што правиме со ВОСПИТУВАЊЕТО, кое ги тера жените да мислат дека они СЕПАК се скалило подоле од своите партнери?