Самосвесна и независна = феминистка?

Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Ама лесно се пали некој на зборот феминистка... Читам, одма некој има нешто да докажува како да се биде феминистка не чини, или пак колку е тоа бесмислено и бла бла бла...
Тоа е избор, група во која некој сака да припаѓа или не... Право ! На кој не му се свиѓа не мора да биде дел од тоа и крај...Не мора се да биде дефинирано или некој веднаш да се стави во одредена група само заради начинот на живеење.
Независна и самосвесна=феминистка? Зависи од индивидуата... Се е индивидуално
Ако една жена станува свесна за своите квалитети, за своите права, одлучува да биде независна, се бори за себе,тоа не мора да значи дека е феминистка туку едноставно станува свесна за тоа што сака во животот а што не. А за исмејувањата кои што паѓаат на сметка на жената која се бори за себе да постигне нешто, нарекувајќи ја феминистка ( употребувајќи го тој збор во лош контекст, како начин на исмејување), тоа не можам да го разберам...
А на крајот на краиштата, благодарение на феминизмот жените денеска уживаат во одредени права кои што воопшто ги немале во минатото...
Секој нека се нарекува себе како сака, без напаѓања и исмејувања...
На крајот на краиштата сите сме едно исто, без разлика на полот
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Оставив линк во постот, изгледа си го избрашала кога си цитирала



1. Тоа значи вршење притисок, што исто не е некоја добра работа. Инаку очигледно јас со погрешните луѓе се дружам, и погрешни фамилии познавам штом не знам случај каде што родителите, или еве таткото не е горд на успесите на својата ќерка. Има и доста ќерки кои за успешната кариера се заблагодаруваат на нивните татковци.

2. Female bosses reluctant to hire women who have children or are of child-bearing age. Women are their own worst enemies in business with 25 per cent of female managers admitting they are reluctant to hire a woman who has children or is of a child-bearing age, research revealed today. A staggering 72 per cent also admitted to judging fellow female colleagues for inappropriate dress while nearly three quarters say they feel compelled to work longer hours to move up the career ladder. http://www.dailymail.co.uk/femail/article-2111709/Females-reluctant-hire-women-children-child-bearing-age.html


Women prefer male bosses even more than men do. In the 60 years that Gallup has conducted this survey, women have never preferred a female boss. http://www.businessweek.com/articles/2014-10-16/women-dislike-having-female-bosses-more-than-men-do

Да го тргнеме насилството на страна кое според elleloup е надвор од темава, ќе испадне дека сами си крекате, сами проблемите си ги правите. А не прекинувате прстот да го насочувате кон мажите.
1. Во кругот на моите пријатели, чии родители и самите се интелектуалци, ниту јас не познавам такви. Меѓутоа, тој круг е релативно мал, и не можеме да бараме статистика тука. Грото од народот ниту е образован, ниту е освестен доволно.

2. Истото го заклучив во моето прво излагање на темата - жените си се најголеми непријатели самите на себе.

3. Прстот не го вперувам кон мажите, туку кон општеството. Не се татковците повиновни од мајките за тоа како се воспитани децата, всушност, во едно општество каде што мајката е сеуште главниот воспитувач, можеме да сметаме и дека е поголем виновник ако нееднакво ги усмерува своите деца, ако им наложува различни цели во животот.

Насилството и те како е дел од темата, феминизмот не е создаден од благосостојба или од досада.
Насилството не мора да биде физичко, според мене, психичкото насилство остава и подлабоки лузни.
Психичката тортура е конкретно кон она кон кое барем јас целам - па само мене ми имаат кажувано ,,женско си ти, ај.“. Тоа што сум женско не значи дека помалку знам и умеам од било кој друг маж на светов. А тоа ми било кажано и од маж, и од жена.
Посебно ги сакам таквите жени, секој ден по едно ,,watch me as I do it,, им правам :)
 
D

Daedalus

Гостин
Чисто од љубопитност да прашам. Зошто името феминизам?
Зошто дебатата да биде насочена само кон едностраната дискриминација?
Ако више постои кауза за антидискриминација, зошто да не биде за било каква полова дискриминација? Зошто поларизирање?

Машките се исто така дискриминирани.
Има работни места на кои се бараат стриктно женски лица.
Поради истата социјална и полова дискриминација, на работни места за дадилки на пример најчесто се бараат жени. Не е тоа дискриминација кон машките? Па ние сме еднакви, еднакво можеме да се грижиме за бебињата, еднакво можеме да успееме во било кој поглед, чуму таа дискриминација? Секретарки, исто.
Келнерки...

На Воен пред некоја година кога отидовме, влезот за женски беше бесплатен, за машки 50 денари. По дискотеки лето, машки со кратки панталони се „несоодветно облечени“ пошто влакнести нозе се ГРДИ, грди се и издепилирани машки нозе, жени во минич е сасим ок да дојдат пошто нивните издепилирани нозе се УБАВИ. Не е битно од кој се поставени тие критериуми, ради истите, машките страдаат (нема да влезе), а женските ќе се гагаат пијачки и ќе одјебат некој кутар лик.

Техничките струки и многу други „машки“ струки се преплавени со женски кои се одлични во тоа што го прават и тоа е супер.
Мене ми е мило за тоа, ја мрзам дискриминирање по било кој основ.

И не, не зборам за Саудиска Арабија и други земји со глобално IQ од 5. Јасно ни е на повеќето со какви проблеми се соочуваат жените таму и треба да бидеш имбецил за да замижиш пред злосторствата кои им се вршат на жените таму.

Од мажите се очекува да се цврсти, да не плачат, дури има и евиденција дека поради овие видови на дискриминации, самоубиствата извршени од машки се многу почести, машките не можат да се жалат за своите проблеми пошто тоа не е „маженствено“. Кај романтичните односи, машките се тие коишто треба да пристапат кон женските пошто они мора да бидат храбри, машките треба да заработуваат, да знаат да поправаат по дома пошто тоа ги прави цврсти, ако некој не знае такви ствари, што маж е тоа?
Сите тие дискриминации, влијаат на машките негативно исто колку и на женските.
Само жените страдаат секогаш?

Ради тоа мислам дека феминизмот е срање. Пошто ја поларизира дебатата. Ги прикажува жените ко жртви, ае сеа да се создаде движење кое ќе се занимава само со дискриминација кон мажи...
Ја сум анти било каква полова, сексуална, расна или друг тип на дискриминација. Според мене, луѓето кои се склони кон тоа, најчесто сакаат да имаат моќ над одредена група на луѓе и/или се воспитани според некои глупи вредности.

Тоа што ми смета е поларизираноста. Нека има организација која ќе се бави со секаков тип на полова дискриминација.

Друго што имам приметено е дека многу од поединците кои се во тие групи на малцинства, честопати членуваат таму кадешто членуваат од себични причини. Некои од припадниците на ЛГБТ, не се замараат со патењето на црнците, некои од црнците што се борат за своите права, не се замараат со патењето на другите малцинства.
Тие не се алтруисти. Не се борат против секаков тип на дискриминација.
Знам многу такви хипокритичиња. Загрижени се само за проблемите кои нив ги засегаат.
Ако е геј, цело време спама за правата на луѓето со поинакава сексуална ориентација, али црнците кои се дискриминирани, кој ги врти, го заболе.
Тоа кажува многу за мотивите на некои од тие коишто членуваат во такви организации.
И тука не генерализирам, има многу кои не спаѓаат у категориите кои ги наведов или припаѓаат на повеќе од горенаведените категории и се пообострани околу своите ставови...
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
@Daedalus Постои и за машки нешто слично но не е толку познато.
Има машки келнери и секретари, медицински брат итн. Ништо од тоа не е забрането, вие самите си го скратувате затоа што си се исмејувате еден на друг кога ќе слушнете пример секретар.
За тоа за депилираните нозе потполно се согласувам и многу лесно можам да го ставам и како проблем во феминизмот. Со самото тоа што жените откриваат повеќе од телото за разлика од мажите е само уште еден доказ дека жените се гледани 80% по убавина. Зошто и тие не можат бе да гледаат нозе недеполирани? Мене лично ми е секси. Женското тело е премногу величено посебно сега во овие времиња кога нема реклама, спот, билборд без јака типка или само дел од женско тело искористен буквално како предмет. (на пример: реклама за пиво и женски гол газ искористен како маса за повото)
Јас како феминист би ги прифатила сите овие примери што ти ги кажа во феминизмот. Сепак се залагаме за еднакви права социјално, политички и економски.
И да имаш право за мотивите, чист пример сум јас што толку сум навлезена во феминизмов. Јас мнооооогу пати сум била дискриминирана само затоа што сум жена и живеам со шовинисти па секојдневно гледам жива дискриминација и тоа на најсакана личност од страна на напаѓачот. Не можам ни да ви објаснам затоа што можеби никогаш не сте виделе, јас се соочувам со тој проблем секојдневно.
И мислам дека на пример сум против расизам и тоа многу ама не се замарам затоа што не сум доживеала, не сум доволно запознаена... Мислам и дека и да би била во некакво си здружение против расизмот не би ја имала таа воља и не би можела да навлезам како што можам со феминизмот.
 
Последно уредено:

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
3. Прстот не го вперувам кон мажите, туку кон општеството. Не се татковците повиновни од мајките за тоа како се воспитани децата, всушност, во едно општество каде што мајката е сеуште главниот воспитувач, можеме да сметаме и дека е поголем виновник ако нееднакво ги усмерува своите деца, ако им наложува различни цели во животот.
На слична тема, најголем дел од мажите кажаа дека не им е баш нешто драго да имаат сопруга која би била преоптеретена со работни обврски и дежурства (а тука спаѓаат најдобро платените работни места, пример хирург), што значи дека истите овие мажи и не би ги усмерувале сопствените ќерки во тој правец.
Логички, ако најголем дел од мажите учествуваат во усмерување на сопствените ќерки во одреден правец, тогаш процентот на жени што го прават тоа е помал од 50%. Што е контрадикторно со твојот претходен цитат.

Практично, за една жена да биде рамноправна во Македонија, треба да се избори за тоа.
Прво со машките роднини во семејството, во очите на родителите, а подоцна низ образовниот систем од разноразни напалени професори и багра шовинисти, па од ,,директори,, и колеги кои без оглед на нејзиното образование и квалификации ја сметаат за инфериорна, а сето ова оди дотаму што вчера слушнав муабет ,,види ја, седнала напред во кола, не си го почитува свекорот,,
:toe:

И ако може статистика за третиот болд од последниот цитат. Бидејќи нели нашите искуства се во премал круг за да имаат значење, што и се согласувам, ама морав да го употребам штом никој тука не се бави со статистика.
 
D

Daedalus

Гостин
@Daedalus Постои и за машки нешто слично но не е толку познато.
Има машки келнери и секретари, медицински брат итн. Ништо од тоа не е забрането, вие самите си го скратувате затоа што си се исмејувате еден на друг кога ќе слушнете пример секретар.
Не го оспорувам тоа. Само што работодавците почесто бараат женски за овие работни места од машки.
@Daedalus
За тоа за депилираните нозе потполно се согласувам и многу лесно можам да го ставам и како проблем во феминизмот. Со самото тоа што жените откриваат повеќе од телото за разлика од мажите е само уште еден доказ дека жените се гледани 80% по убавина. Зошто и тие не можат бе да гледаат нозе недеполирани? Мене лично ми е секси. Женското тело е премногу величено посебно сега во овие времиња кога нема реклама, спот, билборд без јака типка или само дел од женско тело искористен буквално како предмет. (на пример: реклама за пиво и женски гол газ искористен како маса за повото)
Првенствено, нормално е луѓето да гледаат физички изглед кај други луѓе. Тоа не можеш да го смениш сем ако нејќеш да го смениш човечкиот мозок кој е резултат на години еволуција. Кажуваш дека ти смета тоа што жените се гледани по убавина, а потоа наведуваш дека на тебе влакнести нозе ти се секси што автоматски го оправдува имањето на влакнести нозе. Ја приметуваш иронијата?

Настрана тоа, дали ти е секси на тебе типка да има издепилирани нозе или не, влага у сферата на вкусови, а тука на никого не можеш да му наметнеш дали ќе сака женска со издепилирани нозе или не.
Од друга страна, физичкиот изглед не смее да биде регулатива за тоа дали некој ќе биде примен/вработен во некоја институција, а ниту за скратување на нечии права.
Е сеа, некои дискотеки имаат код на облакање, тоа е сасим ок, само што тој код е спроведен со двојни аршини.
За ова...
Женското тело е премногу величено посебно сега во овие времиња кога нема реклама, спот, билборд без јака типка или само дел од женско тело искористен буквално како предмет. (на пример: реклама за пиво и женски гол газ искористен како маса за повото)
исто не се слагам со феминистите. Мислите дека сексуализирање на нечие тело е лоша работа. Нема ништо лошо у тоа да сексуализираш женско/машко тело, муабетов што го мотате ме потсеќа на оние затуцанине у среден век што забранувале све што би претставувало сексуален симбол и лепотата била сметана за ѓаволска работа. Дај не ме јеби. Наместо да идеме напред у тој поглед, ние ќе го сатанизираме женското/машкото тело, голотијата и сексуализирањето на истите...
Зошто мислиш дека ако некој е привлечен од твојот изглед, не може да те почитува и како личност?
И мислам дека на пример сум против расизам и тоа многу ама не се замарам затоа што не сум доживеала, не сум доволно запознаена... Мислам и дека и да би била во некакво си здружение против расизмот не би ја имала таа воља и не би можела да навлезам како што можам со феминизмот.
Па нема да можеш пошто те заболе за расните дискриминации. Твојата раса не е дискриминирана таму кај што живееш. Уште еден доказ дека луѓето се борат за тоа што нив ги засега, од себични причини. Луѓето најчесто не сочувствуваат со маките на другите чиишто проблеми не ги тангираат лично.
ТИ се соочуваш со шовинизам и затоа си феминист, а пошто ТИ не се соочуваш со расна дискриминација, немаш воља да навлагаш у тие спорови.
Тоа зборам цело време, повеќето луѓе се себични и тргнуваат од себе, а не алтруисти.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
@Daedalus
исто не се слагам со феминистите. Мислите дека сексуализирање на нечие тело е лоша работа. Нема ништо лошо у тоа да сексуализираш женско/машко тело, муабетов што го мотате ме потсеќа на оние затуцанине у среден век што забранувале све што би претставувало сексуален симбол и лепотата била сметана за ѓаволска работа. Дај не ме јеби. Наместо да идеме напред у тој поглед, ние ќе го сатанизираме женското/машкото тело, голотијата и сексуализирањето на истите...
Зошто мислиш дека ако некој е привлечен од твојот изглед, не може да те почитува и како личност?
Гледај, не е во ред да се величи женското тело затоа што знаеш што се случува? Девојчињата до 8-9 годишна возраст не се замараат за нивниот изглед но веќе од 10 години почнуваат да се грижат како изгледаат. Почнуваат да трчаат, вежбаат, слабеат, почнуваат диети, се шминкаат а знаеш зошто? Затоа што се опкружени со женската убавина и според тоа што го гледаат околу себе сфаќаат дека тие имаат за задача како прва и основна да бидат убави, атрактивни дури и совршени. Закачуваме слики од совршени женски тела на фејсбук на буквално сите социјални мрежи што секоја девојка кога ќе ја погледне таа совршеност што не постои а симпатијата ја закачил сликата таа (девојчето) се чувствува мизерно и упорно ќе се труди да со усоврши својот изглед.
Зошто тоа да биде така? Зошто не се фокусираат жените на она што навистина го сакаат а не она што општеството им го наметнува?
И да, сето ова се случува.

 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Девојчињата до 8-9 годишна возраст не се замараат за нивниот изглед но веќе од 10 години почнуваат да се грижат како изгледаат. Почнуваат да трчаат, вежбаат, слабеат, почнуваат диети, се шминкаат а знаеш зошто
И ова според тебе е лошо? :facepalm:

За дете правилно да се развие потребна е физичка активност. Сега испаѓа дека ако на девојче и забраниш да спортува, те прават шовинист, демек спорт е за мажи само. А пак ако покаже желба да трча/вежба т.е. спортува тогаш испран и бил мозокот од социјалните мрежи :facepalm:


Закачуваме слики од совршени женски тела на фејсбук на буквално сите социјални мрежи што секоја девојка кога ќе ја погледне таа совршеност што не постои а симпатијата ја закачил сликата таа (девојчето) се чувствува мизерно и упорно ќе се труди да со усоврши својот изглед.
Зошто тоа да биде така? Зошто не се фокусираат жените на она што навистина го сакаат а не она што општеството им го наметнува?
А слики од Бред Пит, Кристијан Бејл итн не се постираат? Не се создаваат вакви идеали и кај мажите? Зошто тоа да биде така? Зошто не се фокусираат мажите на она што навистина го сакаат а не она што општеството им го наметнува?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
@Daedalus


Гледај, не е во ред да се величи женското тело затоа што знаеш што се случува? Девојчињата до 8-9 годишна возраст не се замараат за нивниот изглед но веќе од 10 години почнуваат да се грижат како изгледаат. Почнуваат да трчаат, вежбаат, слабеат, почнуваат диети, се шминкаат а знаеш зошто? Затоа што се опкружени со женската убавина и според тоа што го гледаат околу себе сфаќаат дека тие имаат за задача како прва и основна да бидат убави, атрактивни дури и совршени. Закачуваме слики од совршени женски тела на фејсбук на буквално сите социјални мрежи што секоја девојка кога ќе ја погледне таа совршеност што не постои а симпатијата ја закачил сликата таа (девојчето) се чувствува мизерно и упорно ќе се труди да со усоврши својот изглед.
Зошто тоа да биде така? Зошто не се фокусираат жените на она што навистина го сакаат а не она што општеството им го наметнува?
И да, сето ова се случува.

I za toa mazite se krivi,zatoa sto devojcinata trcale za da izgledaat fit.Ne be zlato devojcinata samo sakaat pojke lajkovi na fb nisto poveke.Kolku so mi e mene poznato zenite se doteruvaat radi drugite zeni,mnogu mnogu ne mu se sekiraat za mislenjeto na mazite.Mozam samo da ti kazam deka kako nikogas do sega mazite se potcenati od zenskiot rod.Olku golem stepen na razgalenost kaj zenite ne e zabelezan vo poslednive 4000 godini.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Феминизмот не е за во темата љубов и секс, тој најмалку има врска со тоа.

Мое мислење е дека феминизмот како грешна идеологија го корумпира умот и труе телото на жената.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Дали е точно дека во минатото немало феминистки затоа што таквите биле тепани и воспитувани дома од своите мажи. :coffee:
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Неверувам дека биле тепани по дома заради тоа.

Мислам дека во одсуство на правен систем кој ги применува и гарантира основните човекови слободи и права, биле тепани лугето(и не само жените туку и децата и други мажи) во минатото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom