Самосвесна и независна = феминистка?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Па очигледно сите статистики покажуваат дека жените имаат подеднакви права да се образоваат како и мажите. Кој им е крив што се одлучуваат да идат на такви факултети?

Тоа и ми беше целта. Селективни се бидејќи ти тврдеше дека женските деца се тие што им е многу потежок животот, со тешки обврски. Моето тврдење е дека и на машките и на женските во вакви семејства и држави им е подеднакво тешко, што и статистички беше покажно.

КЛИК

Прво тука има премал број на луѓе, ама ај.

Мене ова не ми личат на жени кои се тука против нивна желба, впрочем во Америка живеат каде што правата им се загарантирани. Комотно можат друг живот да имаат.

Run Forrest, run!

КЛИК

Искрено не знам што точно сакаш да покажеш со овој district во Колката. Демек принудени се на проституција? Земјите каде што проституцијата се легализираше го докажуваат спротивното. Единствен проблем може да биде трговија со луѓе и малолетнички што нормално не е за оправдување и треба да се превземе нешто.

Како што гледам 3-4 членови спамаат, а има и машки кои застануваат против нив.

Инаку во Скопје имало голем број на девојчиња што готват? Хаха, gewd one. Денешниве млади жени кајгана не знаат да направат, па уште ќе се зафаќаат да готват. :icon_lol:

Добро де, мажите и жените различно размислуваат. Нешто што мислам дека е очигледно од пред 5000год. Пак не гледам поврзаност со темава.
Ама изгледа не ме читаш :)
Не зборувам ни момент за правата загарантирани со закон, ти навлегуваш во тие води.
Знаеме дека во Македонија ни се еднакви правата со закон, семејното воспитување не е правично еднакво.

Сеуште повеќе се сака машко дете, сеуште во многу места ќерката е лишена од наследство и братот го добива, сеуште ќерката е ,,домаќинката,, во животот итн.
За тој аспект на еднаквост јас зборувам.
Не знам ни јас да готвам, ама не беше тоа поентата.
Не е океј да си ги гледаме само семејствата и другарките, и колегите од факултет.
Не се натерани на ,,тешки,, работи, туку на општо домашни обврски, кои не се подеднакво распоредени со оние на братот.
Каде се оние кои не ги гледаш? Се сеќаваш на нив?

Во Индија сеуште се убиваат (или абортираат) женски деца. Затоа што се женски. Get it?

Ама која е смислата да зборуваме за Индија?

Или ,,малава група,, во Америка?

Тоа е една група, малце повеќе групи имаат они. Сами сакале, жити се, не ме смеј. Знаеш како викаат, птицата не бега од кафез затоа што не знае што е слобода.

Како што ти кажав, остави ги земјиве по светов, гледај кај нас во двор.
Што правиме со ВОСПИТУВАЊЕТО, кое ги тера жените да мислат дека они СЕПАК се скалило подоле од своите партнери?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Што правиме со ВОСПИТУВАЊЕТО, кое ги тера жените да мислат дека они СЕПАК се скалило подоле од своите партнери?
Јас мислам дека е најдобро да одиш по куќи и да ги превоспитуваш. Не гледам друго чаре.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Extreme "gender bending" can lead us to great unhappiness.
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Како што ти кажав, остави ги земјиве по светов, гледај кај нас во двор.
Што правиме со ВОСПИТУВАЊЕТО, кое ги тера жените да мислат дека они СЕПАК се скалило подоле од своите партнери?
Јас не познавам семејства каде што женските се воспитуваат дека они се скалило подоле од спротивниот пол. Знаеш како викаат, пред фактите и боговите молчат, ама во дебатава наша скоро и да не видов факти од твоја страна. Залудно трудот ако немаш начин да докажеш. Подобро пријави се во црвен крст, донирај пари итн.
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
@BiG_kIsS, за едностраноста на феминизмот зборувам не само пошто името е „еднонасочно“. Никогаш не основам мислење за одредена идеологија ако пред тоа не ја проучам и не ги видам сите аргументи за/против. Во темата за феминизам наведов (и можам да наведам уште многу други) цитати од проминентни феминисти кои кажуваат причично одврати работи за машкиот пол, а се историски икони на феминизмот.
Прочитај ја таму дискусијата, имам пишувано неколку страни околу тоа.

Земи у предвид дека јас не го оспорувам фактот дека сите феминисти не се такви имбецили. Можда и повеќето не се, немам евиденција околу тоа, не можам ни да знам со сигурност.
Исто така, сум повеќе од сигурен дека оригиналната кауза на феминизмот како движење не е статична и флуктуира со времињата, моменталните случки, местото на кое постои организацијата и мотивите на членовите во истата.

За другото што го кажуваш потоа, јас комплетно се сложувам. Го употребувам зборот „себично“ бидејќи луѓето се посклони да емпатизираат со други луѓе кои имаат исти проблем како нив самите со што ги проектираат своите маки и проблеми.
Да се разбереме, јас не го осудувам/оправдувам тоа, само што ми е јасно дека у принцип, таква е човечката природа.
За тоа дали е попрактично како активист да се посветиш на една кауза или на повеќе каузи истовремено и со тоа да се дисперзира твојот труд и време што неминовно би довело до губење на „квалитетот“, е сосема друга дебата.
Тука збориш за екстремни случаеви, што реално, секаде ги има и ќе ги има. Неможеш да базираш мислење на такви примери. За жал, тие секогаш се користат да се „оправда“ несогласувањето со одредени групи и движења.

И неможам да го земам тоа во предвид, зашто иако не го оспоруваш тој факт, самото тоа што ги имаш најдено тие цитати и ти влијаат на мислењето за феминизам, ти се негираш сам себеси.

Ако се сложуваш и сваќаш дека тоа е човечката природа, незнам зашто би го употребил тој збор. Ама твое си е :)[DOUBLEPOST=1420941495][/DOUBLEPOST]
Ова е една од поголемите глупости што ги напиша до сега.
На мои 22 години не познавам ни една девојка hustler. Ни Една.
А чисто да знаеш со кого праиш муабет, ја сум од оние, ако ти текнуе, у секое женско друштво шо има по едно мушко на кого му се исповедаат? Епа тој.
Нај мрсните тајни ви ги знам. Од аналки до варања, од желба за бебе на 20год пошо осетила дека драстично и паѓа цената на пазарот i.e станува погрда и погрда итд да не набрајам.
Една, една не се најде коа ќе ја прашам "Шо ти е планот?" да ми каже -Сакам да имам своја фирма за тоа и тоа, сакам да бидам милионер до 40та, сакам ова сакам она.
Една бе. Една. За вас поим за осамостојување е да се вработиш и омажиш. Никаков претприемачки дух. За амбициозна се смета онаа шо брка просек и подобра работа од продавачка у веро. Не ми се случило да седнам у женско друштво и да слушам муабети за геополитика, бизнис, економија, историја, физика, да слушам муабети и планови како да се напраат пари, шо да се работи и така натака. Можеби коа ќе напуните 25+ малце ви се стега шупчето па муабетот од шминка се пребацува на "кај да се вработам" али ако тоа за тебе е осамостојување, свака част. Ја сум сигурен некако да можеме да дојдеме до статистика колку од приватните бизниси во земјава се отворени од мужи наспроти жени, соодносот ќе биде 200:1, во најмала рака. Така да немој молим те со мубетов, сте таму кај што сте затоа што толку сте се замарале. И еднаш у 10 години ќе се појави Една, шо покажала муда, за промена, и напраила нешо у животот повеќе од "работи во америка као усисивач" за цел свет од жени на форум да ја постира као "пример" дека и вие можете нешо. А можете многу, дури ако се прашувам јас и повеќе од нас, по трудољубиви сте, не сте интелектуално инфериорни, ништо не ви фали осим што "таков ви е менталитетот" шо би рекол Ставро. За поише од кур и бебе мозочето не ви ни сања. И од еволуциона гледна точка и јасно ми е и зашо, и нема нишо лошо у тоа, само проблемот настанува коа пробувате да си ги мериме. Немоеш брат.
Треба да си ги смениш друштвата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Јас не познавам семејства каде што женските се воспитуваат дека они се скалило подоле од спротивниот пол. Знаеш како викаат, пред фактите и боговите молчат, ама во дебатава наша скоро и да не видов факти од твоја страна. Залудно трудот ако немаш начин да докажеш. Подобро пријави се во црвен крст, донирај пари итн.
Како да ти докажам дека колешката моја мисли дека мажите се животињи кои не знаат да се контролираат, а жените треба да им ги простат глупостите поради истото?
Како да ти докажам дека колешка од факултет ги премолчуваше сите неверства на партнерот, оти чекаше да и стане сопруг за да има односи со него?
Или како да ти го докажам моментот дека комшиката моја е задолжена за цело домаќинство, додека брат и 2 години помал од неа е задолжен да изгледа убаво и да си најде девојка?
Или можеби, другарка ми од Тетово (македонка), која не доби 1 квадрат од семејното наследство, туку се препишаа на брат и, затоа што таа веќе била мажена?

Јас НЕ ЗНАМ каде да ти најдам статистика за ова, ако знаеш, кажи ми кај да барам.
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
Многу е веројатно дека ова прашање се отвора затоа што од машкото со самото тоа што е машко се очекуваат самосвеста и независноста, и тие се повеќе „осудувани“ кога нема да ги исполнат очекувањата.
Од друга страна, барем на овие простори, често обидите на жената да биде независна бил „саботиран“, ненормален, отежнуван, незамислив и сл. Затоа различно гледаме на работите. Кога некоја жена се стреми кон овие карактеристики, тоа е чудно, невообичаено за нас, а всушност ние само не сме навикнати. Поради истата причина, дел од девојките не ни сакаат да преземаат одговорност и акција за здобивање на независност, едноставно замижуваат пред таквата помисла, криејќи се и останувајќи во зоната на удобното, бидејќи за ова, како и за се' останато во животот, треба труд и напор.
Сепак, нешто најприродно, најнормално е да се цели кон самосвест и независност, без разлика на полот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.673
Поени од реакции
11.898
Како да ти докажам дека колешката моја мисли дека мажите се животињи кои не знаат да се контролираат, а жените треба да им ги простат глупостите поради истото?
Како да ти докажам дека колешка од факултет ги премолчуваше сите неверства на партнерот, оти чекаше да и стане сопруг за да има односи со него?
Или како да ти го докажам моментот дека комшиката моја е задолжена за цело домаќинство, додека брат и 2 години помал од неа е задолжен да изгледа убаво и да си најде девојка?
Или можеби, другарка ми од Тетово (македонка), која не доби 1 квадрат од семејното наследство, туку се препишаа на брат и, затоа што таа веќе била мажена?

Јас НЕ ЗНАМ каде да ти најдам статистика за ова, ако знаеш, кажи ми кај да барам.
Јас имам пријател на чии што родители им се има случено сосема спротивното од оваа другаркава твоја во Тетово.

Неговиот татко и неговиот вујко - брат на татко му - ги чуваа нивните родители како очи во глава, под нивни заеднички покрив, додека сестрата на овие два брата многу ретко доаѓала да си ги види сопствените родители, но на крајот, таа го наследила семејниот имот, а браќава си останале со сметките за погребите и ништо друго.

Очигледно логиката на бабата и дедото била:

" Синовите си имаат своја куќа, а ќеркава можеби ќе ја напушти мажот во иднина, па ќе се разведат и ќе остане без покрив над глава, па затоа на нејзе ќе и го оставиме имотот во наследство, за да биде осигурана. "

Но дури и да се разведела ќерката, сепак има право на половина од имотот стекнат со сопругот за време на бракот, ама очигледно бабата и дедото не го земале тоа во предвид, па затоа одлучиле да играат на сигурно, иако биле свесни дека ги оставаат двата сина со сопруги и со деца без никакво наследство. Па тие нека му ја мислат, мажи се, ќе издржат. А што се издржаа и низ што се поминаа изминативе 20 и повеќе години, да не почнам да раскажувам.

Не се сите семејства исти и сите твои критики за начинот на кој функционираат семејствата се резултат на еден фактор - домашното воспитување.

Ги има секакви луѓе на светов, и паметни и будали, и сигурни и наивни, без разлика дали се мажи или жени.

Ехеее, кога ќе се потсетам какви се пачаври ми биле симпатии за време на средношколските денови, ги гледам во алманахот и пукам од смеа. Извини и немој да се навредиш од овој израз - пачаври - бидејќи си женско, секако дека не мислам на тебе, но какви се пачаври испаднаа, добар дел од нив се испомажија за да си имаат покрив над глава врз грбот на сопругот, а за сопрузи зедоа претежно мажи кои се 5, 10, можеби и повеќе години постари од нив. Нив не ги интересира да бидат самосвесни и независни туку напротив, ги интересира да зависат од некого, се додека им останува да си ги прчат по дома чистејќи го и одржувајќи го домот, што за нив повеќе е хоби отколку обврска на домаќинка.

За волја на вистината, морам да спомнам дека и добар дел од нив се омажија со мажи на нивна возраст и испаднаа вистински дами, бидејќи всушност уживаат во своите семејни обврски, додека истовремено успеваат да најдат некаква работа - во локална продавница или спортска кладилница, не е некоја престижна работа, но сепак успеваат да заработат нешто и да поминат време со децата и семејството, додека и мажите работат, се разбира. Ги има и такви кои успеаа да најдат работа по нивна струка, но за жал, таквите на прсти можам да ги избројам, исто како што на прсти можам да ги избројам и тие жени кои испаднаа вистински дами, а не пачаври.

Се е прашање на домашно воспитување и речиси никогаш не е прашање на намерна дискриминација.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Тука збориш за екстремни случаеви, што реално, секаде ги има и ќе ги има. Неможеш да базираш мислење на такви примери. За жал, тие секогаш се користат да се „оправда“ несогласувањето со одредени групи и движења.

И неможам да го земам тоа во предвид, зашто иако не го оспоруваш тој факт, самото тоа што ги имаш најдено тие цитати и ти влијаат на мислењето за феминизам, ти се негираш сам себеси.

Ако се сложуваш и сваќаш дека тоа е човечката природа, незнам зашто би го употребил тој збор. Ама твое си е :)[DOUBLEPOST=1420941495][/DOUBLEPOST]

Треба да си ги смениш друштвата.
Не, пошто тие проминентни фигури се величани од сите феминисти. Официјалните феминистички организации и групации, не излегуваат и официјално да ги плукаат тие „лидери“ и историски фигури, да дадат дисклејмер. Не.
Ти може дома да си феминист и да ги хејташ тие икони, грото од феминистичките организации се ложат на нив, ако не веруеш, побарај.

И тука ја носам проценка за повеќето, ја пишав неколку пути дека не генерализирам.
Знам другарки феминисти кои отишле на такви семинари на кои се збореле релативно грди шово ствари насочени кон машкиот пол и самите биле запрепастени од тоа што го промовираат некои од организацииве, иам и ја присуствувано на такви, изглеа не си побарала доволно да видиш за што се залагаат грото од феминистите и колку од нив ја почитуваат реалната кауза која би требало да го движи феминизмот.
Гуглај малце, побарај, види што се дешава, џабе дебатираме вака.
Повеќето од муабетите кон коишто се фокусираат се како сите мажи имаат потенцијал да се силувачи, агресивни, опасни. Веруј ми, побарај и сама.
Ти од дома може да кажеш дека си феминист и да си сасим ок, ја ќе те почитувам и твојата дефиниција за тоа што е феминизам ќе ја почитувам, али тоа што ПОВЕЌЕТО од нив го прават официјално за што можеш да си видиш и сама, е језиво.

Мене не ми е важно која е архајската причина за создавање на движењето, мене ме иритира тоа во што се има претворено.
Ти кажуем, боље варијанта е „движење за еднаквост на половите“, самото име „феминизам“ е дефектно.
И тоа пак ти викам, не генерализирам.
Ема Вотсон баш убаво си одржа говор за тоа што уствари ТРЕБА да биде феминизмот.
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Како да ти докажам дека колешката моја мисли дека мажите се животињи кои не знаат да се контролираат, а жените треба да им ги простат глупостите поради истото?
Како да ти докажам дека колешка од факултет ги премолчуваше сите неверства на партнерот, оти чекаше да и стане сопруг за да има односи со него?
Или како да ти го докажам моментот дека комшиката моја е задолжена за цело домаќинство, додека брат и 2 години помал од неа е задолжен да изгледа убаво и да си најде девојка?
Или можеби, другарка ми од Тетово (македонка), која не доби 1 квадрат од семејното наследство, туку се препишаа на брат и, затоа што таа веќе била мажена?

Јас НЕ ЗНАМ каде да ти најдам статистика за ова, ако знаеш, кажи ми кај да барам.

Па тоа и ми беше поентата. Не можеш да докажеш. Зошто да ти верувам? Можеби лажеш, а можеби тоа се исклучоци и не се однесува на целата популација. Ако феминистките без докази им се дава тоа што бараат, каде е тука рамноправноста? Во почетокот на 20ти век жените имаа очигледни докази дека не се рамноправни со мажите и си се изборија за тие права релативно брзо. Џабе цело време ја спомнувате теоријата за феминизам кога во пракса не е така. Исто и комунизмот на хартија е добра работа, ама видовме во пракса како испадна. Наместо денес феминисткиве да го насочат трудот кон нешто продуктивно, они крекаат за глупости. Како ова на пример http://nypost.com/2014/11/17/the-outrage-machine-insande-ado-about-sexist-shirt/ , а еве мало резиме за човекот. Involved in authoring 70 scientific papers — focusing, in the word of NASA’s website, “on energetic particle dynamics in near-Earth space and in the interaction of the Sun’s solar wind with the Earth’s magnetic field”. Е од толку што не можете да докажете што се случува во светот, за ова сте се фатиле бидејќи ете, може да се докаже :icon_lol:. И ко за крај една аналогија ќе постирам

two_hands.jpg

Мислам дека знаеш кој дел се однесува за феминистките :kafence:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.487
Поени од реакции
28.838
@Daedalus

Гледај, не е во ред да се величи женското тело затоа што знаеш што се случува? Девојчињата до 8-9 годишна возраст не се замараат за нивниот изглед но веќе од 10 години почнуваат да се грижат како изгледаат. Почнуваат да трчаат, вежбаат, слабеат, почнуваат диети, се шминкаат а знаеш зошто? Затоа што се опкружени со женската убавина и според тоа што го гледаат околу себе сфаќаат дека тие имаат за задача како прва и основна да бидат убави, атрактивни дури и совршени. Закачуваме слики од совршени женски тела на фејсбук на буквално сите социјални мрежи што секоја девојка кога ќе ја погледне таа совршеност што не постои а симпатијата ја закачил сликата таа (девојчето) се чувствува мизерно и упорно ќе се труди да со усоврши својот изглед.
Зошто тоа да биде така? Зошто не се фокусираат жените на она што навистина го сакаат а не она што општеството им го наметнува?
И да, сето ова се случува.

Паралелно на ова, момчињата на истата возраст под влијание на истите медиуми се замараат да изгледаат мускулесто, набилдани.
Погледни само наоколу низ улициве. Која е пораката за идеален маж што се пренесува насекаде?
Набилдан, во скап костим и скап часовник што веднаш потсетува на богатство.
Јас сфаќам дека има луѓе што сакаат да вежбаат од здрав живот, или некои го прават тоа поради ниска самодоверба, но нели е чудно што денес сите пробуваат да го копираат тој изглед?
Како што женските модели се дотеруваат, така и машките за lady-boners.
Не е фер само женските да се претставуваат како жртва на притисок за изгледот од општеството.
Време е луѓето да сфатат дека сите гориме во ист котел. На сите ни жеже под нозите во денешно време. Сите сме објектификувани. Затоа се помалку човечност има.
И многу се глупи феминистичкиве дискусии од типот на ние сме многу загреови.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Порано феминизмот, кој често се поврзувал со страдалничкото движење во САД од почетокот на 20ти век се залагал жената да има исти права со мажот- право на глас, работа, слобода на движење итн. Во западниот свет и поранешниот советски блок тие права се постигнати, но феминизмот сеуште е активен заради тривијални работи и се фокусира на две работи - мажите се секогаш угнетувачи, а жените се вечно угнетени и жртви.

Проблемите на модерниот феминизам во развиениот свет се:

-Видео игрите (Анита Саркисијан и нејзините поплаки за тоа како игрите и креаторите на тие игри се сексисти и мисогинисти ако има цицки и задници во игри, ако женски лик биде тепан, пален или се стрела, ако женски лик е заробен и машкиот херој ја спасува, ако женскиот лик е заробен а херојот не ја спасува)

-Барби куклите (Барби делува како лик кој им лупа комплекси на девојчињата)

-Играчки (поделбата на играчки на машки и женски е сексизам)

-Филмови (филмовите се сексистички доколку се применат правилата на Бешеловиот тест - дали има женски ликови, дали две женски лица зборат меѓу себе, дали зборат за други работи освен за мажи, доколку падне некој филм на овие критериуми, филмот се сексистички - слободно запалете ги Кум, Блејд Ранер, Одисеја 2001)

-Стрипови (провокативни костими на суперхероини, големи гради, големи задници, линч толпа на интернет го линчуваше Мило Манара поради еротскиот нагласок кој и го даде на Spiderwoman)

-Метал музика (метал бендовите имаат песни полни со мисогинија и сексизам, мала застапеност на женски членови во еден метал бенд, тоа мора да се смени)

-Кога мажите ги шират нозете (обично во бус кога маж седи и си ги шири нозете за да не ги стега тестисите-тоа од феминистите се сфаќа како агресија од мажот и обид за доминантност)

-Кога мажите мочаат стоејќи (во Шведска се лобира мажите да мочаат во седечка положба, бидејќи стоењето е нехигиенско, секој кој ќе биде фатен ќе се казни парично)

-Зборови (зборовите можат да предизвикаат PTSD односно посттрауматски стрес, поради тоа се забрануваат зборови за да не вратат непријатни сеќавања кај жената, како на пример банана, јагодка, коска)

-Зборот на жртва на силување да се смета како единствен доказ против обвинетиот

-Микроагресија (кога мал гест на машка личност може да предизвика непријатност и страв кај жена)

-Државни грбови (лавот на Шведскиот државен грб мораше да биде кастриран после полаките на фемистите дека патлакот на лавот ги повредува чувствата на жените)

-Облека (мислам дека повеќето знаат што му правеа феминистите на Мет Тејлор, човекот кој слета сателит на астероид кој поминуваше низ нашиот сончев систем, само поради маица со полуголи женски)

Има уште многу вакви бисери на модерниот феминизам, но ова е доволно за да дадам еден подобар увид зошто феминизмот сака да биде релевантен таму каде што не е повеќе, а не помага таму каде што треба да биде (Азија, Африка).
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не, пошто тие проминентни фигури се величани од сите феминисти. Официјалните феминистички организации и групации, не излегуваат и официјално да ги плукаат тие „лидери“ и историски фигури, да дадат дисклејмер. Не.
Ти може дома да си феминист и да ги хејташ тие икони, грото од феминистичките организации се ложат на нив, ако не веруеш, побарај.

И тука ја носам проценка за повеќето, ја пишав неколку пути дека не генерализирам.
Знам другарки феминисти кои отишле на такви семинари на кои се збореле релативно грди шово ствари насочени кон машкиот пол и самите биле запрепастени од тоа што го промовираат некои од организацииве, иам и ја присуствувано на такви, изглеа не си побарала доволно да видиш за што се залагаат грото од феминистите и колку од нив ја почитуваат реалната кауза која би требало да го движи феминизмот.
Гуглај малце, побарај, види што се дешава, џабе дебатираме вака.
Повеќето од муабетите кон коишто се фокусираат се како сите мажи имаат потенцијал да се силувачи, агресивни, опасни. Веруј ми, побарај и сама.
Ти од дома може да кажеш дека си феминист и да си сасим ок, ја ќе те почитувам и твојата дефиниција за тоа што е феминизам ќе ја почитувам, али тоа што ПОВЕЌЕТО од нив го прават официјално за што можеш да си видиш и сама, е језиво.

Мене не ми е важно која е архајската причина за создавање на движењето, мене ме иритира тоа во што се има претворено.
Ти кажуем, боље варијанта е „движење за еднаквост на половите“, самото име „феминизам“ е дефектно.
И тоа пак ти викам, не генерализирам.
Ема Вотсон баш убаво си одржа говор за тоа што уствари ТРЕБА да биде феминизмот.
Не сум побарала доволно затоа што реално не сум толку инволвирана.
Не се сметам за феминист, али (y) за болдот. Тоа се бара од народот. А не сите да одат да плукаат по ние кои се сметаат за феминистки, само затоа што некоја типка рекла нешто лошо за машката популација. Тоа и ми беше поентата. Ама очигледно на исто ниво сме.
Ќе ти ја спомнев Ема Вотсон и ја, ама ми избега :) Али иако говорот и` беше супер, луѓе пак ја плукаат. Мене тоа ме иритира.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Тука збориш за екстремни случаеви, што реално, секаде ги има и ќе ги има. Неможеш да базираш мислење на такви примери. За жал, тие секогаш се користат да се „оправда“ несогласувањето со одредени групи и движења.

И неможам да го земам тоа во предвид, зашто иако не го оспоруваш тој факт, самото тоа што ги имаш најдено тие цитати и ти влијаат на мислењето за феминизам, ти се негираш сам себеси.

Ако се сложуваш и сваќаш дека тоа е човечката природа, незнам зашто би го употребил тој збор. Ама твое си е :)[DOUBLEPOST=1420941495][/DOUBLEPOST]

Треба да си ги смениш друштвата.
Хах. Ја сум сигурен дека кога ќе седнете со другарките ја разглабате суштината на животот, квантната физика, размислувате како да дојдете на власт, да го смените светот, да станете милионери.
Те молам раскаживај ми за твојот претприемчки дух, бизнис планот на твоето претприатие?
Остај, ја само со олоши се дружам.
На форумов има само една девојка со свој бизнис, на која и се клањам. Соодност на машко:женски постови во сериозни теми, наука/филозофија/религија е 5:1 у најмала рака. Битно дом и семејство/кување и миленичиња ги владеете. Или трипам?
Чудна некако оваа работа, на форум све крем де ла крем жени, некоја конспирација мора да е ова.
 
Да, да застанеш и од страна да слушаш женски муабети, тоа е тешка метафизика. Еднаш за малку ќе го решеа mind body проблемот. :kluc:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom